Македонија
Македонија на 71-то место на листата на Глобалниот мировен индекс
Македонија е на 71-то место меѓу земјите од светот според Глобалниот мировен индекс за 2015 година, којшто секоја година го составува Институтот за економија и мир со седиште во Австралија и САД.
Од земјите во регионот, Македонија е при дното. Пред неа се и Косово и Босна и Херцеговина и Албанија. Косово е на 69 место, Албанија, на 52 место, Босна и Херцеговина на 53 место, Србија е на 46 место, Хрватска на 27, Бугарија на 32 место, Грција е на 61 место, Црна Гора на 57 место, а Словенија на 15 место.Мирот се оценува во 162 земји во светот врз основа на 23 индикатори меѓу кои, граѓански немири, криминал и воени трошоци, до вмешаност во воени судири и односите со соседите.Европа го задржа приматот на најмирен регион, 15 од 20 водечки земји според индексот на мир се од овој континент. Трите најмирни земји во светот се Исланд, Данска и Австралија. Потоа следуваат Нов Зеланд, Швајцарија, Финска, Канада, Австралија, Јапонија, а на десетто место е Чешка.Сирија е сé уште на дното на листата, а пред неа се Ирак и Авганистан. Соединетите американски држави се на 94-то место, Кина на 124, а Русија на 152 место.Во анализата се наведува дека постојат сé поголеми разлики во индексот на мир меѓу богатите европски земјки и сиромашните земји во Африка и на Блискиот исток, во коишто има граѓански војни и постојана бегалска криза, што доведува се поголеми поделби во светот по тој критериум.„Интензитетот на вооружени судири дрматично е зголемен. Бројот на убиени во судирите на глобално ниво порасна за 3,5 пати, од 49 илјади во 2010 на 180 илјади минатата година“ се наведува во извештајот и се доадоава дека судирите изнесуваат 13 отсто од глобалниот БДП.„Минатата година ја обележаа два спротивни тренда, од една страна многу земји од Организацијата за економска соработка и развој оствариле историско ниво на мирот, додека други земји, посебно на Блискиот исотк, стнаа многу насилни“, се вели во извештајот.Џихадизмот е главна причина за големиот пораст на бројот на убиени во вооружените судири минатата година, само во Сирија убиени се 70 илјади луѓе./крај/мф/ффс
Извор: ONASA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР
Македонија
Ѓорѓиева: Со измените на Кривичниот закон се враќа правдата во државата
Весна Ѓорѓиева, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес на 80-та седница во Собранието на која се расправаше и Предлог на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, при што истакна дека измените се однесуваат на суштинското прашање, а тоа е да ја вратат правдата и функционалноста на системот преку појасни одредби. Според неа, без функционален и праведен систем не може да постои ниту стабилна држава, ниту сигурност за граѓаните.
,,Нашите граѓани ќе ја гледаат сигурноста кога ќе биде сигурен правниот систем во државата“, рече Ѓорѓиева.
Таа се осврна на членот 353 од предлог законот, со кој како што посочи, се враќа суштината на кривичното дело злоупотреба на службена положба.
,,Се враќа суштината на злоупотреба на службена положба, пречекорување на овластувањата или неизвршување на службена положба. Со овој закон се распушта претходниот закон во 2023 година кој беше донесен од СДС и ДУИ, каде што беше разводенет, односно каде што казните беа намалени, дејствијата беа потешко докажливи, а роковите за застареност беа скратени“, истакна Ѓорѓиева.
Според неа, законот не е наосочен против оние кои работат чесно, туку против корупцијата и злоупотребата на службената положба.
,,Држава без кривичен закон е како држава без рбтет. А држава без рбет секој може да ја скрши. Почитувани граѓани, овој закон е порака до секој што мисли дека државата е приватен бизнис, овој закон е порака дека времето на неказнивост завршува и да, можеби на некому тоа не му одговора, но на народот тоа му одговара, и тоа го бара од нас“, вели Ѓорѓиева.

