Забава
Елизабета Втора го прослави 86-от роденден со семејството
Британската кралица Елизабета Втора во саботата во дворецот Виндзор неделеку од Лондон го прослави 86-от роденден, соопшти Бакингемската палата.
Кралицата Елизабета е родена на 21-ви април, но нејзиниот роденден традиционално се прославува втората сабота во јуни, за да може парадата којашто се одржува во нејзина чест да се одржи по убаво време.
Елизабета Втора е крунисана во 1952 година по смртта на нејзиниот татко и е една од најдолговечните монарси во современиот свет, и ужива голема популарност меѓу нејзините сонародници и поданици.
Оваа година традиционалната парада во чест на британската кралица ќе се одржи на 16-ти јуни.
Британскиот државен радиодифузер BBC во саботата ја започна утринската програма со химната „God Save The Queen“, а на пладне кралската гарда истрела 41 плотун во чест на кралицата.
„Кралицата го прослави роденденот во тесниот круг на семејството“, изјави за AFP портпаролот на Бакингемската палата, додавајќи дека кралицата викендите речиси секогаш ги минува викендите во Виндзор.
Кралицата Елизабета Втора на 12-ти мај 2012 година стана вториот монарх според должината на престојот на престолот на Велика Британија, веднаш зад легендарната кралица Викторија.
Историчарите на британскиот дворец пресметаа дека на 12 мај 2012 година кралица Елизабета Втора, е на престолот, 60 години и 96 дена, со што го надмина времетраењето на владеењето на кралот Џорџ III, кој владеел од 1760 до 1820 година. Сега единствено најдолго владеење пред актуелната британска кралица е периодот на кралицата Викторија која владееше и управуваше со земјата 63 години и 216 дена, така што доколку сè биде во ред, Елизабета II на 10 септември, 2015 година ќе стане монарх со најдолго владеење во британската историја.
Со своите 86 години кралицата Елизабета Втора и натаму продолжува со активниот општествен живот, исполнувајќи ги сите задачи на монархот. Во текот на долгите години владеење, кралицата само неколкупати го откажа своето учество на јавни настани.
Кралицата Елизабета Втора најчесто придружувана од нејзиниот сопруг, војводата Филип од Единбург, има направено неколку стотини патувања во странство, а многу од нив се прилично важни.
Уште минатата година во Велика Британија започнаа подготовките за „дијамантската“ годишнина од владеењето на кралицата, што ќе се празнува на 3-ти јуни 2012 година. На овој ден, илјадници бродови и чамци ќе бидат дел од една голема флота која ќе плови по Темза. Кралицата Елизабета Втора се согласи да ја предводи флотата – таа со чинот лорд-адмирал на Кралската воена морнарица ќе им отпоздравува на луѓето од првиот брод./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

