Контакт

Култура

Музички спектакл ќе го отвори „Охридско лето“

Објавено пред

Уметничките селектори на „Охридско лето“ ја претставија целосната програма на годинашното издание на најзначајниот фестивал во државата.

dobivaj vesti na viber

Уметничките селектори на „Охридско лето“ ја претставија целосната програма на годинашното издание на најзначајниот фестивал во државата.Свеченото отворање на Фестивалот ќе се одржи во традиционалниот термин, на 12 јули – Петровден, со светската премиера на спектаклот „Трилогија Романа“ во продукција на познатата куќа „Ла Фура дел Баус“ од Барцелона, Шпанија, во копродукција со „Палау де лес Артес“ од Валенсија, Шпанија, и „Опера ди Рома“ од Рим, Италија. Во проектот учествува и Македонската филхармонија со состав од 96 музичари под диригентската палка на маестро Андреас С. Вајзер. Музичкиот спектакл на отворањето на фестивалот ќе се одржи во Античкиот театар во Охрид.„За разлика од минатогодишното јубилејно издание на „Охридско лето“, кое имаше ретроспективен карактер, годинава голем акцент даваме на претставувањето на нови светски музички имиња кои досега не биле присутни на фестивалот во Охрид“, нагласи Гордана Јосифова-Неделковска, селектор на музичката програма на „Охридско лето“.Меѓу најзначајните концерти на фестивалот ќе бидат настапот на светски познатиот виолинист Најџел Кенеди, атрактивниот ансамбл од Русија во кој членуваат осум тенори, најавени како „Тенори на 21-иот век“, во оф-програмата ќе се одржат концертите на Влатко Стефановски и Стефан Миленковиќ, како и првиот настап на Дуке Бојаџиев по неговиот концерт во „Карнеги хол“ во Њујорк.Црквата „Света Софија“ е срцето на музичката програма на Фестивалот и во нејзиниот амбиент ќе настапат познатите пијанисти од помладата генерација Александар Гриндин и Алексеј Володин, како и миленикот на фестивалската публика во Охрид – Борис Березовски.Во програмата се и вечерите посветени на национални претставувања на музичари од Полска, која од 1 јули го презеде претседавањето со Советот на Европската Унија, како и музичари од САД, Германија и Франција, кои доаѓаат со поддршка на нивните амбасади во Република Македонија.Од македонските музичари на „Охридско лето“ ќе настапат Ѓорѓи Димчевски, младата пијанистка Јана Павловска, која живее во САД, Марија Ѓошевска, Владимир Костов, Александар Котевски, студенти и дипломци на ФМУ и други.Во театарската програма на Фестивалот посебно место заземаат значајни имиња на автори на драмски текстови, режисери, театарски ансамбли и значајни артисти на светската сцена.„Драмската програма ќе има многу силни и моќни автори кои во историјата на светската драматургија оставиле печат со своето пишување, како Шекспир, Бомарше, Луиз Керол, Хајнер Милер, Еврипид“, потенцираше Ѓорѓи Јолевски, селектор на драмската програма на „Охридско лето“ на денешната прес-конференција во Скопски саем.На фестивалот ќе гостуваат и режисерски имиња кои се со светски ранг и кои со својата работа оставаат печат на денешнината. Станува збор за Леван Цуладзе, Нада Кокотовиќ, Александар Морфов, Владлен Александров, Андреа Бенаглио, Маргарита Младенова и Дамир Златар-Фрај.Со особен акцент најавено е доаѓањето на иконата на театарот на движење, Јозеф Наѓ, кој со години живее во Париз. Неговата претстава „Без наслов“ ќе биде ексклузивен настан на годинашното „Охридско лето“, ќе биде прикажана на 9 и 10 август, а ќе можат да ја следат само по 50 гледачи.Во драмската програма се најавени и три премиери. Станува збор за „Свадбата на Фигаро“ од Бомарше, во режија на Леван Цуладзе, а во продукција на Македонскиот народен театар.Значаен театарски момент на фестивалот ќе биде првата премиера на новооснованиот Охридски народен театар, кој ќе ја изведе претставата „Кабаре мистериозо“, по текст на Дарио Фо, а во режија на Деан Дамјановски.Ако отворањето на годинашното „Охридско лето“ е во знакот на шпанскиот музички спектакл, тогаш за затворањето, на 20 август, предвидено е да се изведе третата фестивалска премиера. Станува збор за „Медеја“ по текстови на Еврипид и Хајнер Милер, а во режија и кореографија на Нада Кокотовиќ. Претставата е во реализација на Битолскиот народен театар.Значајно е гостувањето и на театрите „Вера Комесаржевска“ од Санкт Петерсбург, Русија, „Сфумато“ од Бугарија, Истарското народно казалиште од Пула, Хрватска, и истражувачкиот театар „Ателјекончон“ од Бергамо, Италија.Фестивалот „Охридско лето“ се одржува со покровителство на Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, и со поддршка на Министерството за култура. Генерален спонзор на годинашното издание е Телеком-Македонија.На денешната прес-конференција присуствуваа и в.д. директорот на „Охридско лето“, Илија Мојсоски, и Ирена Мишева од Телеком./крај/макфакс/т.д.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Свечено отворени 64-тите Струшки вечери на поезијата

Објавено пред

Од

Со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата Т`га за југ вчера вечер во Домот на поезијата во Струга почна 64-тото издание на најпрестижната поетска манифестација во светот, Струшките вечери на поезијата.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот за отворен го прогласи, покровителот на манифестацијата, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а свои обраќања имаа и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков и директорот на НУМ Струшки вечери на поезијата Никола Кукунеш.

Кукунеш потсети дека неслучајно визуелниот фокус е ставен на глаголицата, нагласувајќи ја буквата „Г“, која во тоа писмо е именувана како „глаголи“ – што значи зборува/говори.

„Пред нашите очи, со сиот свој пркос, се појавува сликовната страна на старословенскиот јазик – јазикот кој го зборувале Македонците од околината на Солун, т.е. јазикот на сесловенската писменост. Јазикот за кој како по зрак светлина или душевна храна пекале Словените во Моравија и Панонија. Во еден од првите оригинални текстови на старословенски јазик, „За буквите“ – поптпишан со псевдонимот Црноризец Храбар, стои: „Порано Словените немаа букви, туку се служеа со рески и цртички, читаа и гатаа…“ Сѐ до оној момент кога браќата Свети Кирил и Методиј ја создале глаголицата, ги превеле првите книги и тргнале да ги описменат Словените на север. Тоа значи дека јазичната и културната врската меѓу Македонија и Словачка е нераскинлива цели 1162 години, очигледно е дека трае и денес, а доказ за тоа е годинешниот лауреат на „Струшките вечери на поезијата„ – словачкиот поет, г-н Иван Штрпка“, додаде Кукунеш.

Големите идеи кои потекнуваат од малите народи и малите јазични средини забележа дека се честа мета на оспорувања или присвојувања.

„Таква е судбината и на македонскиот јазик. Но, факт е дека постоењето на Охридскатакнижевна школа и Светиклиментовиот универзитет не можат да бидат приграбени од никого, затоа што ги обединува глаголицата и се директно продолжување на килилометодиевската традиција – нешто со кое можат да се идентификуваат мал број средновековни писмени центри. Ова е уште еден од низата докази дека македонскиот јазик и писменост се уникатна појава и дека беспредметна е секоја полемика по ова прашање. Богатата препишувачка дејност, но пред сѐ, авторската полемична и поетска оставнина се бесмртно сведоштво дека ниту сме биле епигони, ниту сме се идентификувале со нешто туѓо“, подвлече Кукунеш.

Претседателката на државата Сиљановска-Давкова навраќајќи се на почетоците на формирање на Струшките вечери на поезијата во 1961 година, пред 64 години, кога група македонски поети се собрале во Струга, за да ја одбележат 100-годишнината од објавувањето на Зборникот на браќата Миладиновци, изрази увервање дека по 64-тото издание на Струшките вечери на поезијата, Струга, но и светот ќе бидат поинакви.

„Фокусирањето на глаголицата води 1160 години назад, кон старословенскиот јазик и огромната обединувачка улога на сесловенските просветители Кирил и Методиј, кон писменоста и нејзината најблиска другарка – поезијата. Ова е вашата поетска република. Од тука, од Струга, вие сте го менувале и сѐуште можете да го менувате светот, градејќи вечни поетски мостови од неуништливи материјали: мислата и зборот, проткаени со ум и чувства“, рече претседателката на Република Македонија.

Добре дојде во Струга, на присутните поети на 64-тите Струшки вечери на поезијата им посака и министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

„Ова издание на фестивалот е осветлено од знакот на глаголицата, писмото што ни ја подари светлината на словото. Таа е нашата културна душа, сведоштво за нашата историја и наша врска со иднината. Затоа, во годината кога одбележуваме 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, со особена гордост се навраќаме кон првата искра, кон буквите што се претворија во корен, идентитет и вечност.За нас е голема чест што е вечерва со нас г. Иван Штрпка, легендата на словачката поезија и мајстор на зборот, кој потенцира дека „глаголицата не е само писмо, туку душа на зборот“. Поезијата и глаголицата се како два извора што паралелно течат низ времето: едниот нѐ потсетува на корените, другиот нѐ води кон бескрајот. Во секој стих, како и во секој глаголски текст, се крие светлина што ги осветлува нашите души и ги поврзува со сите генерации“, рече Љутков.

 

Манифестацијата продолжува со Меѓународното поетско читање „Меридијани“, на кое ќе настапат поети од различни меридијани и култури, пренесувајќи ја својата поетска мисла во градот на мостовите.

Прикажи повеќе...

Култура

Штрпка: Словачкиот и македонскиот јазик потекнуваат од иста база, нашите „мали јазици“ прават и вакви значајни дела и потребно е светот да ги види

Објавено пред

Македонија е држава што знае да ги почитува вистинските вредности и задоволство ми е што денес сум присутен меѓу вас. Словачкиот и македонскиот јазик потекнуваат од иста база, а „малите јазици“ прават вакви значајни дела и потребно е светот да ги слушне и дознае за нив, истакна денеска на прес-конференција добитникот на највисокото признание на меѓународната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата Иван Штрпка.

dobivaj vesti na viber

Директорот на Фестивалот Никола Кукунеш посочи дека Струга по 64-ти пат ги отвора своите врати за поезијата. „Годинашниот лауреат е поет кој успеал во својот живот да ги вкуси сите страни на битисувањето, кога станува збор за поетското творештво. Бил и човек, кој е ценет, но и поет, кој ја почуствувал репресијата на системот“, истакна Кукунеш.

Уметничкиот директор Мите Стефоски нагласи дека годинава, преку Штрпка е наградена словенската литертура, која преку изборот на поезија во тројазичното издание на лауреатот ќе овозможи поширока рецепција во македонската книжевност. „Наградуваме една словенска литертура, која и досега имала големи претставници. Дојде денот кога треба да наградиме еден голем и значаен поет, претставник на една извонредна генерација поети, член на групата „Осамени бегачи“. Со изданието ќе овозможиме поширока рецепција во македонската книжевност, но и во светската. Веруваме дека покрај оваа награда ќе следуваат и други интернационални награди. Творештвото на Штрпка со сигурност заслужува таков однос“, доаде Стефоски.

Добитникот на Златниот венец Иван Штрпка изрази задоволство што Фестивалот го избра токму него за годинашен добитник на најпрестижното признание во интернационални рамки.

„Вие сте држава што знае да ги почитува добрите вредности и задоволство ми е што денес сум присутен меѓу вас. Многу сум среќен што успеавме за краток период да изработиме едно извонредно издание од мојот вкупен поетски опус. Изборот на песни го направив лично. Благодарен што покрај македонската, со преводот на англиски јазик и меѓународната публика ќе има можност да ужива во убавиот пишан збор. Ова издание испраќа и една естетска порака во поширокиот свет на културните случувања. Изборот во книгата го сфаќам како знак на лична почит, но и воопшто на словачката модерна поезија. Добивањето на наградата е од огромно значење и за афирмацијата на словачката поетска реч во денешниот турбулентен свет. Во културната смисла на зборот и во поглед на преминот на границите словачкиот и македонскиот јазик потекнуваат од иста база. Во словенскиот свет обично зборуваат и за словачкиот и за македонскиот јазик како за „мали јазици“, но ова е една битна потврда дека бројот на говорници не е преголем, но нашите „мали јазици“ прават и вакви значајни дела и потребно е светот да ги види, да ги оцени и да ги вреднува уште повеќе. Ние немаме потреба да докажуваме дека впрочем во никаква смисла не сме мали“ рече Штрпка.

Од Струга кажа дека ќе понесе едно прекрасно доживување и една извонредна порака дека вреди светот да го гледаме со очите на поетот. Тој претходно во Паркот на поезијата засади дрвце, до кое стои табла испишана со неговото име.

„Поетското гледање на денешниот свет е речиси неминовно, бидејќи искрено доаѓа од душата. Бев почестен и со садењето дрво во Паркот на поезијата, каде ги видов дрвата и на други светски реномирани поетски бардови. Некои од нив ги познавав и лично, беа и мои пријатели. Сфатив дека сум во едно незаменливо друштво. Пресреќен сум што ме удостоивте да се најдам во таков круг на светски поетски имиња. Изразувам надеж дека во блиска иднина во паркот ќе израсне една голема шума и никој никогаш нема да се осмели да ја пресече благородна шума“, додаде Штрпка.

Во Словачка, подвлече, дека многу добро знаат оти Охрид е лулката на словенството и дека оттаму доаѓаат светите браќа Кирил и Методиј и ја носат азбуката во Велика Моравија.

„Благодарни сме што имаме подадена рака и во денешно време од вас. Испраќаме порака за значењето на подадената рака на заедништво во светот. Нашиот дух, духот на словенството што потекнува од овие простори е овоплотен и во словачката душа. Јас тоа го признавам и сум почестен што ме преведовте на вашиот македонски јазик“, рече лауреатот на 64-те Струшки вечери на поезијата.

Во пресрет на годинашното издание, утрово директорите на Фестивалот и лауреатот положија цвеќе пред Спомен-домот на браќата Миладиновци во Струга. Свеченото отворање на Фестивалот ќе се одржи вечер со палење на фестивалскиот оган и читање на антологиската Т`га за југ на Константин Миладинов во Домот на поезијата.. Настанот ќе продолжи со Меѓународното поетско читање „Меридијани“, на кое ќе настапат поети од различни меридијани и култури, пренесувајќи ја својата поетска мисла во градот на мостовите.

Од денеска па сè до 25 август, на 64-тото издание на оваа престижна меѓународна поетска манифестација ќе учествуваат 70 поети од различни делови на светот, кои во духот на традицијата, преку низа поетски читања ќе изградат мостови на разбирање, емпатија и креативен дијалог. Фокусот на годинашното издание е глаголицата, а фетивалската сценографија ја оживеа и ѝ даде нова димензија, преку современо визуелно обликување.

Прикажи повеќе...

Култура

По смртта на Сретен Перовиќ: Последен поздрав за големиот поет и пријател

Објавено пред

На 17 август, на деведесет и тригодишна возраст, почина Сретен Перовиќ, великиот црногорски поет и пријател на Македонија.

dobivaj vesti na viber

Долги години тој беше во контакт со нашата книжевна и, воопшто, со нашата културна средина, секогаш присутен на големите книжевни манифестации кај нас – на Струшките вечери на поезијата, на Рациновите средби и, исто така, како претседател на Црногорскиот ПЕН центар, на конференциите на Македонскиот ПЕН. Комуникацијата меѓу двата ПЕН-а беше постојана. Посебна љубов, енергија и знаење Сретен низ годините посвети на преведувањето и афирмацијата на македонската литаратура на црногорски и на српско-хрватски јазик, посебно на поезијата. Ненадминливи се неговите препеви на поезијата на Конески, на Јаневски, на Шопов, на Матевски и понатаму на делата на помладите генерации македонски писатели. Во 2012 година издавачката куќа „Слово“ од Скопје ја објави неговата книга „Македонија екумена“, книга со текстови за Македонија и пред се за македонските книжевни дејци и нивните дела, која некои критичари ја нарекоа „ода на македонскиот национален и државен идентитет“. Неговата креативна работа беше виоко ценета и препознаена кај нас. Перовиќ е втемелувач и подоцна претседател на Друштвото за црногорско-македонско пријателство и почесен член на повеќе институции, хуманитарни здруженија и невладини организации во земјата и во странство. Сретен беше избран за член на МАНУ надвор од работниот состав во Одделението за уметност.

За своето книжевно творештво, пак, Перовиќ е добитник на бројни награди, како и на најзначајните национални и високи меѓународни приз-нанија. Тој објави дваесеттина книги лирска поезија, четири книги од доменот на книжевната историја и критика, четири тетролошки книги,

има приредено десетина и објави неколку десетици книги на преводи и препеви. Како поет е застапен во бројни антологии и негоивите дела се преведувани и објавувани на триесетина јазиици во светот. Книжевната соработка продолжува меѓу македонските и црногорските писатели и издавачи и убаво е да се задржи ритамот и квалитетот на таа соработка што го воспостави Сретен, великиот поет и пријател.

Димитар Башевски

СРЕТЕН ПЕРОВИЌ

МАКЕДОНИЈА ЕКУМЕНА

Exaudi Domine

Да те видам да провидам да не превидам

од незорливата ѕвезда од гребените на Ловќен

од непримерната зора на судната Црна Гора

Да те отмам среде медузите

Загнати по раните што те печат

на испостеното лице

Македонијо мајко со солзи внатре што ти течат

Macedonia erudita Macedonia elevata

Macedonia efemerida Macedonia efeminata

Macedonia ekumena Macedonia errata

Macedonia enologena Macedonia elidirata.

Ти високо стебло со лисје прогризани

ти молњо во грлото на божилакот што бега

ти тишино на огнот и на звукот на праските

окопнува ли твојата премрзната рака сега?

Macedonia egida Macedonia exudata

Maceodnia elodeja Macedonia expulziata

Јадосана мајко со солзи внатре што ти течат

ја глодаат ли насилници твојата става?

Те ставаат ли на крст како Христа

дали со силата на огнот молитва ти дават?

Makedonija ateknija Makedonija anoftalmija

Makedonija aksenija Makedonija atelija

Makedonija eudemonija

Господе, дај да биде!

Клетвата што мојот род ја пратил

а мевлен е за секој што пати

душманот до оборче да го фати:

О јаду се своме забавио!

Пасју душу по свијету носио!

У манити лик ударио!

На крвничка врата хљеб просио!

Људи му – и смрт презирали!

Macedonia adjustata Macedonia aboliata

Macedonia beata

A m e n!

(Препев: Петар Т. Бошковски)

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 минути

Зеленски: Мора да се изврши притисок врз Путин, тој не разбира ништо освен сила

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека мора да се изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ја заврши војната....

Свет12 минути

Шведска студија: Овие три професии први ќе бидат погодени од вештачката интелигенција

Веќе неколку независни студии заклучија дека две третини од занимањата ќе можат да бидат заменети или во голема мера извршени...

Свет29 минути

Трамп постави нов рок за Путин

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека неговата администрација ќе знае во рок од две недели дали ќе се постигне...

Македонија34 минути

Предлогот на Мицкоски за повереници е најава за враќање на авторитаризмот на Груевски, смета ДОМ

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) реагира, како што велат, со огромна загриженост на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека,...

Македонија12 часа

(Видео) Силниот ветер ја влоши состојбата со пожарот во „Јасен“

Состојбата со пожарот во ловиштето „Јасен“ попладнево значително се влоши поради силниот ветер, информира директорот на Дирекцијата за заштита и...

Македонија14 часа

Министерството за здравство формира независна меѓународна комисија по изјавата на Кедев за непотребни кардиолошки интервенции

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави формирање комисија со експерти од три различни земји за проверка на работењето во приватните...

Македонија15 часа

Тошковски го суспендирал, а Чадиева го вратила на работа командирот кој пукаше со калашников – ВМРО-ДПМНЕ го објави решението по прозивките на СДСМ

Командирот од Ропотово кој пукаше со калашников од балкон и беше суспендиран, повторно е на работа. СДСМ денес го критикуваше...

Македонија16 часа

Кривична за поранешни директори на Пошта поради незаконски набавки и штета од 32.500 евра

Полицијата поднесе кривична пријава против В.С. и Б.А. – поранешни генерални директори на АД Пошта, поради сомнение за несовесно работење...

Македонија16 часа

Лажни налози и злоупотреба на печат – пријавен раководител од Шуто Оризари за измама од 3,6 милиони денари

Полицијата расчисти случај во врска со измама во службата, при што поднесе кривична пријава против Д.А. (51) вработен како раководител...

Македонија18 часа

Можно е гласачкото ливче да биде седум-осум метри, ама ако изборниот процес е неуспешен, Владата именува повереници, предупреди Мицкоски

Одлуката на Државната изборна комисија независните кандидати да може да поднесат кандидатури за локалните избори со само два потписа од...

Топ19 часа

Загина 19-годишник: со „мерцедес“ излетал од регионалниот пат Струга – Дебар

Вчера околу 23:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во село Велешта, струшко, патничко возило...

Македонија19 часа

Со закана изнудил 1,5 милион денари, поведена истрага за едно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице за...

Македонија20 часа

Пожарот во Влае се става под контрола, нема информации за повредени или настрадани

Пожарот на опожарените бараки во Влае се става под контрола, извести ДЗС. Во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на...

Македонија20 часа

(Видео) „Грантот од ‘Еразмус+’ на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен“, вели Манасиевски

„Грантот од ‘Еразмус+’ на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен. Преку свиркачи добивме...

Македонија21 час

ФЗО: Вo изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни операции

Во изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни медицински интервенции, а по сопствен наод Фондот има извршено девет...

Македонија22 часа

На Табановце откриени непријавени луксузни часовници вредни 38 илјади евра

Царинските службеници на граничниот премин со Србија, Табановце – Прешево, спречија обид на српски државјанин да криумчари во ранец два...

Топ22 часа

Обвинение против осум лица, од нив шест полицајци

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската...

Топ23 часа

Истрага за тероризам: пријавил дека има бомба на летот Скопје – Анталија

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, обвинителството отвори истражна постапка против С.А. (26) поради основано сомневање дека сторил кривично...

Македонија1 ден

Во Македонија 18 пожари на отворено

Во текот на изминатото деноноќие, на ден 20/21.08 на територијата на Македонија имаше вкупно 18 пожари на отворен простор, од...

Свет1 ден

Венс: Европа мора да го понесе лавовскиот дел од товарот за безбедноста во Украина

Потпретседателот на САД, Џ. Д. Венс, изјави дека европските земји ќе мора да го понесат лавовскиот дел од товарот кога...