Македонија
Сé уште нема кривична одговорност за хеликоптерската несреќа во Струмица
Комисијата за истражување на несреќата на хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи во којашто загинаа четворица пилоти вработени во МВР, го доставила завршниот извештај за несреќата до Јавното обвинителство во Струмица и во него се изнесени резултатите од истрагата на несреќата спроведена од страна на Комисијата.
Сепак, од Јавното обвинителство продолжуваат со истрагата за несреќата и напомнуваат дека сé уште не може да се говори за кривична одговорност на физичко или правно лицеКомисијата за испитување на хеликоптерската несреќа ги испитуваше причините за несреќата, без притоа да ја утврдува вината за случениот трагичен настан.„Јавнообвинителската истрага за урнатиот полициски хеликоптер продолжува натаму и интензивно се врши во надлежното обвинителство. Станува збор за обемен материјал и бројни извештаи, наоди, податоци кои треба да се приберат, да се разгледаат и анализираат, и потоа да се дадат на вештачење. Јавното обвинителство потенцира дека во следниот период по целосното прибирање на материјалот побаран со наредба и негова анализа, а по добиениот наод и мислење на вешто стручно лице, ќе се донесе јавнообвинителска одлука за тоа дали постои, каде и кај кого, евентуална лична кривична одговорност за падот на хеликоптерот“, се вели во соопштението на Струмичкото обвинителство.Хеликоптерската несреќа се случи пред точно една година, на 10-ти јули 2014-та, кога хеликоптер од типот „МИ-17“, во сопственост на Министерството за внатрешни работи, се урна во индустриската зона во Струмица при ноќен тренажен лет.Драги Мицев, началник на воздухопловните сили во МВР, пилот со 34 години работен стаж, Маријан Трајковиќ, пилот-капетан со 37 години работен стаж, Тоде Орешков, воздухопловен инспектор за лиценцирање на воздухопловен персонал, пилот со работен стаж од 36 години и Илјо Лопатички, командир-пилот со работен стаж од 36 години се четворицата пилоти кои загинаа во хеликоптерската несреќа кај Струмица./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип
Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно, од 19:10 часот, поради сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тркање, сообраќајот беше во целосен прекин.
Македонија
Сали во Брисел: Билатералните прашања не смеат да го кочат европскиот пат на земјата
Во рамките на официјалната посета на Брисел, Првиот заменик-претседател и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со европратеникот Матеј Тонин (EPP) во Европскиот парламент.
За време на средбата се дискутираше за напредокот на Северна Македонија во процесот на евроинтеграции и за спроведувањето на клучните реформи, вклучувајќи го владеењето на правото, јавната администрација и правата на заедниците. Истакната е важноста билатералните прашања да не го попречуваат напредокот на земјата кон ЕУ.
Исто така, беше оценет постигнатиот напредок во Планот за раст и дигитализацијата на услугите, вклучително и проектот WiFi4WB и приклучувањето во SEPA, како и соработката со Претседателството на Кипар и европските партнери за решавање на предизвиците со транспортерите по воведувањето на Системот Entry/Exit.
Првиот заменик-претседател Сали повторно ја потврди посветеноста на Северна Македонија кон европскиот пат и подготвеноста за натамошно унапредување на секоја реформа со европските партнери.

