Економија
Економската клима во ЕУ благо подобрена во ноември
Економската клима во Европската унија и еврозоната забележала благо подобрување, покажа извештајот на Европската комисија објевен во четвртокот.
Индексот на економската клима (ESI) во ноември за 17-члената еврозона пораснал за 0,8 поени, на 98,5 поени, додека, пак, во 28-члената Европска унија е зголемен за 0,4 поени, на 102,1 поени.
Иако е продолжен нагорниот тренд на споменатиот индекс о мај годинава, темпото на подобрување на довербата е забавен во последните два месеца, одразувајќи ги разликите по секторот, се истакнува во извештајот на Европската комисија. Така, според јакнењето на економската клима во еврозоната предничи секторот на услугите и индустријата, додека довербата е ослабена меѓу потрошувачите и во градежниот сектор.
Меѓу петте најголеми економии во еврозоната, економската клима најмногу е подобрена во Италија, чијшто индекс ESI скокнал за 1,9 поени. Следуваат Шпанија со раст на овој индекс за 1,4 поени, Холандија со 1,3 и Германија каде што индексот ESI се зголемил за 0,8 поени, Во Франција, пак, е забележано влошување на економската клима со пад на соодветниот индекс за 0,9 отсто.
Во 28-члената ЕУ подобрувањето на економска клима е помалку изразено отколку во еврозоната и тоа се припишува главно на подобрувањето во индустрискиот и во секторот услуги. За разлика од еврозоната, во ЕУ е посилно влошена довербата во малопродажбата, а како причина за тоа Комисијата го наведува изразеното влошување на очекувањата во Велика Британија, најголемата економија надвор од еврозоната, за дури 25,4 поени.
Засебниот извештај на Европската комисија покажува дека во ноември дополнително зајакнала и деловната клима во еврозоната, укажувајќи на продолжување на нагорниот тренд кој трае веќе седум месеци. Така, индексот на деловната клима BSI е зголемен за 0,26 поени, на 0,18 поени, зачекорувајќи така во позитивната територија првапт од март 2012 година./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Димитриеска-Кочоска – Гир: Континуитет во поддршката од ЕУ, МФ ќе го искористи искуството за спроведување на реформскиот план
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска оствари средба со евроамбасадорот Дејвид Гир, на која соговорниците се осврнаа на реформите што ѝ претстојат на земјата во нејзиниот евроинтегративен процес.
На средбата беа разменети мислења за активностите што ги презема Министерството за финансии како институција, која е координатор во рамките на економско-финансискиот дијалог со ЕУ, како и за реформската агенда на земјата поврзана со новиот план за раст на Западен Балкан, активност што ја реализира Министерството за финансии заедно со Министерството за европски прашања.
„Министерството за финансии ги координира активностите во рамките на Економско-финансискиот дијалог веќе 10 години и во тој процес има континуитет. Тоа искуство ќе се искористи и во рамките на реформскиот процес поврзан со планот за раст на Западен Балкан“, рече министерката.
Таа изрази уверување дека реформите што се поврзани со Министерството за финансии во рамките на тој евроинтеграциски процес ќе бидат во фокусот на работата бидејќи тие значат и унапредување на процесите и приближување на земјата до ЕУ-стандардите.
Како што беше посочено, ЕУ е значаен поддржувач на земјата од нејзината независност и дека таквата поддршка ќе продолжи и во наредниот период.
Економија
Извршниот директор на „Eпсотех“: Отворање 110 работни места претежно во машинската и инженерската гранка
Јас сум извршен директор на „Eпсотех Македонија“ и морам да ви кажам дека сакаме да отвориме и да ги прошириме нашите активности со производствени капацитети тука во Скопје, односно да работиме на отворање фабрика и на нови машини. Ние веќе работиме на шест гранки во светот и се надеваме дека ќе ги прошириме нашите активности и дејности и тука, рече извршниот директор на „Eпсотех“, Аламави, за германско-белгиската инвестиција.
„Ние имаме веќе 60 години искуство во овие производствени процеси и со нас носиме многу вештини и се надеваме дека тука ќе отвориме 110 работни места, кои ќе бидат претежно во машинската и инженерската гранка“, рече тој и додаде:
„Во оваа пригода ние би сакале да почнеме со изградба на нова зграда, односно со инвестиција од приближно 20 милиони евра, кои би ги инвестирале тука“.
Економија
„Нептун“ слави 10 години од Happy-програмата за лојалност
Наша соговорничка е Зорка Стојанова, Loyalty Program & Customer Finance Manager (Раководител на програмата за лојалност и кредитирање) во Нептун Македонија, со 10 години работно искуство во Нептун и докажана експертиза во малопродажба. Професионалец во сферата на финансиите, со магистерски студии во областа на Монетарна економија, финансии и банкарство на Економскиот факултет во Скопје. Разговаравме за нејзината улога во голема компанија како Нептун Македонија и за креирањето на стратегија за купувачите преку лојалната програма HaPPy, која нуди безброј поволности.
Во Нептун Македонија работите речиси 10 години. За почеток, запознајте нè што подразбира вашата моментална позиција?
Моја задача и клучен фокус е внимателно градење и имплементирање на стратегии засновани на сериозна анализа на купувачите и нивното однесување, како и нивните желби, потреби и очекувања. Во таа смисла, внимателно ја креираме нашата програма за лојалност, со која сакаме да инспирираме повеќе радост и задоволство со секое купување кај нас.
Се обидувам да ги следам и реакциите на сите наши потрошувачи преку социјалните мрежи или грижата за корисници, знаејќи колку овие повратни информации се непроценливи во поглед на креирање на услови што нашите купувачи најмногу ги посакуваат. Во тој контекст, често тргнувам и од себе; што би ме привлекло, што емотивно би ме поттикнало да бидам лојален потрошувач, каква примарна и секундарна вредност може да ми понуди одредена програма… Така, благодарение на анализата на податоците за потребите и очекувањата, ја креираме нашата NEPTUN haPPy автентична приказна со купувачите.
Улогата на НЕПТУН Македонија во вашиот професионален развој?
10 лојални години во Нептун се поколопуваат со 10тиот роденден на програмата за лојалност. Време во кое успеав да се надградам со знаење, да растам со позиција и преминам во менаџер кој е дел од компанија и бренд што навистина го менува животот. Компанија која вложува многу во своите вработени но и компанија која едно купувачко искуство го носи на едно друго повисоко ниво. Кога го велам тоа, не мислам само фигуративно, туку и суштински – со квалитетот на услугата што ја нудиме, иновативноста, корисничкото искуство, достапноста на колегите во продажба, компетенциите и знаењата на нашите вработени што секојдневно помагаат и олеснуваат нечие секојдневие.
Нептун Македонија е компанија што три децении е лидер на пазарот за продажба на бела техника; апарати за домаќинство; телевизиски, аудио и видео апарати; компјутери; смартфони; фото апарати и камери; лична нега и убавина; ладење и греење. Како се обидувате да останете во чекор со сè и да нудите релевантни поволности за купувачите во секое време?
Уникатноста на лојалната програма на Нептун, иако можеби звучи како флоскула, се должи на филозофијата дека ние не ги следиме трендовите, туку ги создаваме. Важно е континуирано да ги поместуваме границите, да го негуваме квалитетот на услугата и односот кон купувачите, но и да воведуваме нови, напредни поволности, удобно и елегантно искуство при пазарување и секако врвна поддршка во целиот процес. Тоа е најдобриот начин да ги наградите лојалните потрошувачи и да им дадете можност да купуваат по посебни, повластени цени, користејќи ваучери, подароци и специјални изненадувања. Само така нашите купувачи се чувствуваат привилегирани, бидејќи програмата за лојалност е креирана токму според нивните потреби и очекувања. Тоа е еден вид ВИП статус наменет токму за нашите најголеми фанови.
Што може купувачите да очекуваат од HaPPy картичката ова лето?
Пред извесно време лансиравме нова, подобрена haPPy програма, која овозможува низа неверојатни поволности и бенефиции; купување по haPPy цени, наградни поени, достава, промоции, поддршка, подароци за купувачите во сите градови и во сите наши продавници, екстра ваучери, а купувачите ова лето ги очекуваат и специјални изненадувања за топ 10 лојални купувачи.
Сите ние знаеме дека не секогаш купуваме само затоа што нешто ни треба, туку и за да го збогатиме секојдневието, да ги израдуваме најблиските со подарок, но и да се израдуваме себеси. Ние сме пресреќни и се чувствуваме привилегирани што сме дел од тие моменти на дарување и споделување, и сакаме да ги почестиме купувачите со нешто посебно, со нешто што нема да го доживеат на друго место, а тоа е тој, наш, автентичен NEPTUN haPPy третман.
ПР текст