Македонија
Најавениот дожд ја отвори Скопската обиколница
Сообраќајот на сите патни правци низ државата се одвива по влажни коловози поради врнежи од дожд.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Поради најавените врнежи од дожд обиколницата околу Скопје повторно ќе биде во употреба, односно во понеделник како што известија продукциската куќа “CHIC FILMS” и МАНУФАКТУРА ПРОДУКЦИЈА, таа нема да се користи согласно со временската прогноза по која се најавува дожд. крај
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Драстично покачени сметки за струја, власта повторно удри врз стандардот на народот, велат од СДСМ
„Владата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ повторно удри по стандардот на граѓаните! Со укинување на субвенциите за струјата, оваа власт ги остави домаќинствата на милост и немилост на енормно високите трошоци“, соопшти СДСМ.
„Граѓаните низ целата држава се соочуваат со значително поголеми сметки за електрична енергија – во многу случаи, за 20% до 30% повисоки од претходните месеци. Само за јануари, голем број семејства добија сметки зголемени за 2.000 денари, достигнувајќи астрономски суми од 8.000 денари и нагоре, што е премногу.
Компаниите исто така алармираат дека цената на струјата им станува преголем товар.
Оваа ситуација е директна последица на неодговорните политики на Владата, која наместо да им помогне на граѓаните, само им го отежнува животот.
За разлика од оваа власт, во време на СДСМ електричната енергија беше субвенционирана, граѓаните добија евтина тарифа, а енергетската криза беше менаџирана без рестрикции. Денес, неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ ја плаќа народот од свој џеб.
Со ДПМНЕ животниот стандард на народот паѓа, сметките за храна, струја и парно растат.
СДСМ бара Владата веднаш да воведе субвенции за домаќинствата и да ги намали цените на струјата!“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Скопје
Дојави за експлозивни направи во три училишта во Центар, се вршат антитерористички проверки
Утринава во ООУ „Киро Глигоров“ , ООУ „Димитар Миладинов“ и ООУ „Гоце Делчев“ во Општина Центар беа добиени дојави за поставени експлозивни направи, извести општина Центар.
„Веднаш по приемот на пријавите, полицијата излезе на терен и презеде мерки за безбедно евакуирање на учениците и вработените.
Во ООУ „Димитар Миладинов“ беа извршени детални антитерористички проверки, при што е утврдено дека станува збор за лажни дојави, па наставата продолжи редовно. Во ООУ „Киро Глигоров“, учениците беа навремено евакуирани, а наставата е прекината до завршување на целосниот увид. Во ООУ ,, Гоце Делчев “ каде денеска се прославува патронат и децата се ослободени од настава , во тек е полициска проверка.
Безбедноста на децата и вработените е наш врвен приоритет. Во координација со МВР ќе продолжиме да ги спроведуваме сите неопходни мерки за заштита“, соопшти општина Центар.
Скопје
Дојави за бомби во неколку скопски училишта
Денеска на службените мејлови на повеќе образовни установи во Скопје и во други градови во државата добиени се дојави за поставени експлозивни направи, соопшти МВР и најавија повеќе информации за текот на денот.
За дојавите за бомби извести и вд градоначалникот на општина Аеродром.
„По утринските дојави за бомби во шест основни училишта во Општина Аеродром, тимови на МВР веднаш излегоа на терен и по извршените контроли учениците се веќе вратени на настава“, извести вд градоначалникот Дејан Митески.
„По дојавите, беше постапено согласно протоколите што се преземаат во вакви ситуации, а децата беа безбедно евакуирани“, додаде Митески.
Тој повика на смиреност кај родителите, учениците и наставниот кадар.