Македонија
ЛДП ќе достави предлог закон за легализација на марихуаната за медицински цели

Младината на Либерално-демократска партија(ЛДП) преку пратениците на ЛДП во македонското Собрание ќе достави предлог-закон за легализација на марихуаната во медицински цели.
„Употребата на канабисот во Македонија зема сè поголем замав, затоа сметаме дека со неговата легализација ќе им се овозможи на болните коишто се одлучиле за таков третман, овој лек да го земаат легално. Притоа ќе се елиминираат сите сомнежи и можности за манипулации од страна т.н. дилери на марихуана, околу квалитетот на производите од оваа супстанца“, велат од партијата.Тие го споменаа истражувањето на агенцијата М-Проспект, според кое 70 отсто од Македонците ја одобруваат употребата на марихуана (коноп) во медицински цели.„Доколку одредени пациенти се одлучат на ваков третман и тој делува позитивно на нивното здравје, сметаме дека државата не смее да им го ускратува правото на легално користење на марихуаната“, велат од партијата. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Димитриевски: Време е за промена што ќе произлезе од народот, а не од политички пазари

Во рамки на кампањата „Заедно знаеме повеќе“, претседателот на Движењето
ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски од Охрид упати јасна и
силна порака до раководството на СДСМ, но и до сите граѓани кои се
чувствуваат изневерени од политиките на истите.
„Тие беа трговци, а нашите белези на главите сѐ уште стојат тука, зошто?
Верувавме ние во тие концепти, за жал не’ продадоа. Но, тие лоши трговци
менуваа, за жал, и трампаа бајадери за корнишони. И тоа не смееме
никогаш повеќе да го дозволиме. Се играа со тоа што е најсвето за сите
нас и ги поминаа сите граници“, рече лидерот Димириевски.
Тој вели дека Македонија не смее да биде повеќе монета за поткусурување во рацете на
неспособни и корумпирани лидери и укажува дека е време за промена што ќе произлезе од народот, а не од политички пазари.
Македонија
Скопско Инџиково добива градинка за 48 деца, премиерот и министрите направија увид на градежните работи

Општина Гази Баба ќе добие нова градинка во населба Инџиково, која се гради со средства од државниот буџет, преку проект од првиот владин повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти. Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и градоначалникот Бобан Стефковски, денеска извршија увид на градежните активности. Како што појасни градоначалникот Стефковски, градинката се гради на површина од 490 метри квадратни, ќе биде приземјен објект со висина од 3 метри, ќе има три занимални и други помошни простории, со капацитет за згрижување на 48 деца, 36 деца над 2 години и 12 деца до 2 години.
Градоначалникот Стефковски изрази благодарност на владината поддршка и истакна дека таа е вистински партнер на граѓаните и општините, која ги препознава потребите и барањата на граѓаните.
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, изрази задоволство од напредокот на изградбата на објектот.
„Овој проект е насочен кон подобрување на условите за најмладите, за нашата иднина. Ова е проект еден од четирите од првиот владин повик во насока на подобрување на капиталната инфраструктура. Општина Гази Баба во првиот јавен повик доби околу 190 милиони денари, на вториот аплицираше со 16 проекти, приближно со 600 милиони денари и во периодот што следи граѓаните може да очекуваат градежен бум кој значително ќе ги подобри условите на инфраструктурата“, истакна Перински.
Изградбата на градинката, како што порача министерот Лимани, е дел од пошироката заложба на Владата за рамномерен развој и грижа за секое дете, во секое населено место и информираше дека годинава се очекува да започнат со работа повеќе од 10 детски градинки, кои ќе овозможат сместување за над 1500 деца, а уште 15 градинки се во подготовка или во тек изградба.
„Самата постапка на промена на ресорите во самата Влада уште на почетокот на мандатот на оваа Влада, значеше дека тогашното Министерство социјална политика и труд ќе добие поинаква конотација и поширока надлежност, особено во делот на демографијата и младите. Овој објект е токму во таа насока, бидејќи колку повеќе градинки и училишта, толку подобри услови за нашите најмили, а тоа се дечињата. Тоа е еден предуслов за подобра демографија и повеќе дечиња да имаме на коишто ќе се радуваме. Тоа е суштината на политиката на оваа Влада и токму поради тоа денеска Министерството е за социјална политика, демографија и млади“, истакна премиерот Мицкоски.
Македонија
Работна недела во Општина Аеродром: се уредуваат детски игралишта

Општина Аеродром и денеска, недела, интензивно работи на уредување на нови детски и спортски игралишта на неколку локации во општината.
„Населбите Мичурин, Острово, Горно Лисиче, Јане Сандански, Реонски центар, Ново Лисиче, паркот „Бановина”, се само дел од локациите, а наскоро започнуваме со изградба на неколку нови детски игралишта и паркови“, велат од Општината.
Целат на општинарите им е секое маало да добие современо, безбедно и креативно место за најмладите.