Забава
Откажан ноќниот лет на Солар Импулс
Историскиот ноќен лет на авионот Солар Импулс, со кој требаше да се тестира моторот на сончева енергија, одложен е поради технички причини, соопштија денеска организаторите.
Историскиот ноќен лет на авионот Солар Импулс, со кој требаше да се тестира моторот на сончева енергија, одложен е поради технички причини, соопштија денеска организаторите.
„Се случи дефект на важен дел на авионот“, појасни швајцарскиот пилот и истражувач Бертранд Пикард, зачетник на проектот вреден 70 милиони евра, пренесува Франс прес.
Дефектот се случил синоќа, па авионот не полетал од воената база во Пајерн, во западниот дел на Швајцарија, на 25 часовен лет закажан за денеска.
Пикард на прес конференција не соопшти кога би се реализирал летот, но рече дека би сакал тоа да биде ова лето.
Солар импулс, чиј распон на крилата е како кај Ербас А340(63,40 метри), тежи околу 1,6 тони. Крилата му се покриени со речиси 12.000 соларни ќелии, кои напојуваат четири електромотори, секој со силина од 10 коњски сили. Авионот лета со просечна брзина од 70 километри на час.
Од 2009. година, откако беше претставен во јавноста, изврши неколку пробни летови, а ноќниот лет требаше да биде извршен денеска.
Пикард потекнува од истражувачко семејство. Неговиот покоен татко Жак Пикард, океанограф, разви подводни средства за проучување на океанот и се нурна подлабоко во морските длабочини од било кој човек.
Неговиот дедо Август Пикард, професор по физика на универзитетот во Брисел, беше првиот човек што со балон во 1931. година влезе во стратосферата на висина од 15.781 метри. /крај/афп/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

