Забава
Пензиониран рудар си изградил стан под земја
Пензиониран кинески рудар не сакал да стане „роб на кредити“ за затоа одлучил да ископа дупка во земја и да изгради стан за себе и своето семејство, пренесува “Dahe Daily”.
Пензиониран кинески рудар не сакал да стане „роб на кредити“ за затоа одлучил да ископа дупка во земја и да изгради стан за себе и своето семејство, пренесува “Dahe Daily”.
Кинезот Чен Хинан не сакал сите свои заштедени пари да ги даде за да купи поголема куќа и затоа дошол до една интересна идеја.
Бидејќи тој својот работен век го поминал какорудар, решил да го искористи своето искуство и да изгради стан под својата куќа во провинцијата Хенан.
Тој на својот проект работел со месеци. Кога имал слободно време го земал алатот, ставал кацига на главата, се спуштал во земја и поминувајќи по пет до шест часа градејќи го новиот дом.
Досега тој успеал да изгради еднособен стан од 50 квадратни метри.
„Навистина е супер под земја. Често се симнувам со мојата сопруга и во новиот стан играме и пееме. Моите две ќерки едноставно се тепаат која да спие во новиот стан“, вели Хинан.
Станот се наоѓа шест метри под земја и може да издржи земјотрес со јачина од осум степени по Рихтеровата скала. Кинезот тврди дека во тој стан е многу ладно и затоа не било потребно продуктите да се чуваат во фрижидер.
„Становите кои се продаваат во близина чинат по 600 евра од квадратен метар, а ние тоа не можеме да си го дозволиме“, се правда Хинан.
Неговата сопруга Ли Шула најпрво била против идејата за градење на стан под земја и затоа тој го градел без нејзина дозвола. Но, кога таа видела дека тоа е навистина добар стан ја променила својата одлука.
„Видов колку е посветен на таа работа и одлучива да го подржам и да му помогнам во копањето. Сега станот под земја е нашето омилено место за криење од летните горештини“, рече Ли Шула./крај./DaheDaily/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ќерката на Ким Кардашјан повторно шокира: „И ова е 12-годишно дете?“
Модните избори на 12-годишната Норт Вест долго време се предмет на вниманието на јавноста. Не е тајна дека Ким Кардашијан, како нејзина мајка, трпи критики од општеството, но таа не се грижи за коментарите и често ги оправдува постапките на својата ќерка со една реченица – „тоа е нејзиниот креативен начин на изразување и не сака да ја спречува“.
Се чини дека младата Норт повторно го привлече вниманието на јавноста, а овој пат со објава на „Тикток“. Имено, таа претстави нов имиџ и е потценување да се каже дека ги шокираше сите.
@kimandnorth♬ original sound – flxxsohard
Таа носеше целосно црна комбинација што ја комбинираше со скапи ѓердани. Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините избелени веѓи, како и вештачките трепки што го заокружуваа изгледот на 12-годишното девојче.
Набргу потоа следеше лавина од коментари.
„А ова е 12-годишно дете!“, рече еден корисник на „Тикток“, додека друг напиша: „Нема шанси 12-годишно дете да има пирсинг на прстот, избелени веѓи и такви нокти!“
@kimandnorth💧💧
„Ким треба да научи да биде мајка, а не најдобра пријателка на своите деца“, искоментира трет корисник на социјалната мрежа.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон ги воодушеви сите во фустан од тантела
Пејачката Лили Ален пееше на сцената на „Saturday Night Live“ по 18 години, а Дакота Џонсон стави свој печат на сè. Убавата актерка се појави за време на изведбата на песната „Madeline“ и ги воодушеви сите со својот изглед.
Познато е колку Дакота ги сака голите фустани, а ниту сега не отстапи од своето „правило“.
За сцената, таа избра навидум едноставен црн, проѕирен фустан, врз кој додаде светкава наметка украсена со циркони и цветни апликации.
Dakota Johnson made a surprise appearance on the most recent episode of Saturday Night Live as the mistress in Lily Allen‘s song “Madeline.” https://t.co/wCOy6INVVf
— The Hollywood Reporter (@THR) December 15, 2025
Сензуален и драматичен, така може да се опише најновиот во низата провокативни стајлинзи на Дакота Џонсон, поради кои речиси ја остави Лили и нејзиниот настап во сенка.
Спектакуларниот накит беше таму за да заокружи сè, а Дакота повторно не отстапи од својот препознатлив стил што го негува со години.
Забава
(Видео) Најстариот син на Доналд Трамп се сврши
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека неговиот најстар син, Доналд Трамп Џуниор, се вери со Бетина Андерсон, членка на високото општество во Палм Бич.
Трамп ја објави веста на празнична забава во Белата куќа. Портпаролот на двојката подоцна ја потврди среќната вест, а наскоро се појави и видео од самиот претседател Доналд Трамп како ја објавува веста.
BREAKING NEWS:
President Trump just announced at the White House that his son @DonaldJTrumpJr and his girlfriend Bettina Anderson are getting married! They just got engaged.
Congratulations to them both. pic.twitter.com/psb38nTGla
— Laura Loomer (@LauraLoomer) December 16, 2025
„Тие се сложуваат многу добро и објавија дека ќе се венчаат“, рече претседателот пред да ја покани двојката на сцената.
Дон помладиот потоа ѝ се заблагодари на својата нова свршеница што го прифати неговиот предлог.
Ова е трет пат Доналд Трамп Џуниор да се вери. Претходно 12 години беше во брак со Ванеса, поранешна манекенка и актерка, со која имаат пет деца заедно. Ванеса поднесе барање за развод во 2018 година.
Подоцна се сврши со Кимберли Гилфојл, американска телевизиска водителка.
Романсата, пак, со Бетина започна минатата година, приближно во исто време кога Дон Џуниор ја раскина свршувачката со поранешната водителка на „Фокс њуз“.
фото/депозитфотос

