Контакт

Македонија

Царинската управа заплени околу 250 литри домашна ракија

Објавено пред

Повеќе тимови од царински службеници во четвртокот извршија контрола на продажбата на ацизна стока на повеќе зелени пазари, како и во малопродажни и угостителски објекти на територијата на Битола, Кичево и Прилеп, при што се неправилности се откриени во 12 случаи и привремено се задржани вкупно 251 литар алкохолни пијалоци, од кои 243 литри домашна ракија и 8,3 литри други алкохолни пијалоци.

dobivaj vesti na viber

Поконкретно, на зелените пазари во Битола, Кичево и Прилеп се откриени седум случаи на нелегална продажба на алкохол, при што привремено се одземени 219,5 литри домашна ракија и 5,5 литри коњак. Контрола е извршена и во 22 угостителски објекти, а во пет од нив е откриена нелегална продажба на алкохол и притоа се запленети 23,3 литри ракија и 2,8 литри други алкохолни пијалоци – узо, ликер и џин.

Сите привремено задржани алкохолни пијалоци воопшто не биле означени со контролни марки, ниту поседувале било каков сертификат за квалитет, а се нуделе на продажба. Против прекршителите Царинската управа презема соодветни мерки.

Царинската управа во соопштението апелира на внимателност на граѓаните, затоа што консумирањето неиспитани, потенцијално неисправни алкохолни пијалоци неозначени со контролни марки претставува сериозен ризик по здравјето и животот на луѓето.

Во вторникот во соседна Србија, на пример, едно лице почина, а шест беа хоспитализирани во болницата во градот Чачак, поради труење од ракија, правена во домашни услови како мелем за реума во која става разновидни билки.

Македонската царинската управа порача дека ќе продолжи со ваквите контроли за да ги обезбеди основните принципи за фер конкурентност, правилна наплата на буџетски приходи, но пред сé да се заштити здравјето на луѓето.

Како резултат на сите мерки поврзани со акцизите, што ги презема Царинската управа во континуитет, но и зајакнатите контроли на употребата на акцизните маркички, во периодот јануари – август 2015 наплатени се приближно 18 отсто повеќе акциза за алкохол, тутун и тутунски производи отколку во истиот период во 2014 година./крај/мф/бс

Економија

Дурмиши: Преку мерката за зелени инвестиции отворени се речиси 400 работни места во приватниот сектор

Објавено пред

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, заедно со директорот на Агенцијата за вработување, Сељатин Бељули, и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, денеска го посети ресторанот „Ксантика“, кој е еден од успешните примери на зелени инвестиции и создавање нови работни места.

dobivaj vesti na viber

За време на посетата министерот истакна дека преку Мерката 8 – „Создавање нови работни места преку зелени инвестиции“, досега се отворени речиси 400 нови работни места во приватниот сектор.

„Досега 228 компании инвестираа во зелени решенија – фотонапонски панели, енергетска ефикасност и модерна опрема. Компаниите вложија над 200 милиони денари сопствени средства, што е повеќе од државната поддршка. Тоа покажува дека политиката на Владата не е само субвенција, туку катализатор за приватен капитал и за зелена економија,“ рече министерот Дурмиши.

Прикажи повеќе...

Економија

УЈП: Инкасирани 2,3 милијарди денари или 37,4 милиони евра повеќе во буџетот споредбено со јули лани

Објавено пред

Во јули 2025 година, Управата за јавни приходи оствари значителен раст на наплатата по основ на даноци и социјални придонеси за речиси 37,4 милиони евра во споредба со јули 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Вкупната наплата од даноци (Данок на додадена вредност (ДДВ), данок на личен доход (ДЛД) и данок на добивка ДД) изнесува 14.344 милиони денари, односно приближно 233 милиони евра, што претставува рекордна месечна наплата досега.

По тој основ остварен е раст од 922 милиони денари или околу 15 милиони евра, што е раст од 6,9% во однос на јули 2024 година. Раст од 13,4% се бележи и кај социјалните придонеси, и по тој основ наплатени се 11.823 милиони денари (192,2 милиони евра), што е за 1.400 милиони денари (околу 23 милиони евра) повеќе наплатени средства од придонеси во споредба со истиот месец минатата година.

„Растот на приходите не е случаен – тој е резултат на зголемена економска активност, како и посветена работа, партнерство и доверба која Управата за јавни приходи постојано ја гради со даночните обврзници. Во изминатиот период, а во согласнст со законските надлежности, УЈП презеде низа мерки и е во постојан контакт со даночните обврзници и нивните овластени сметководители кои имаат пријавен, но ненаплатен долг за соодветниот даночен период. Целта е навремено подмирување на обврските и избегнување на блокада на сметки и дополнителни трошоци за присилна наплата“, велат од УЈП.

Во рамки на превентивните мерки, доставени се персонализирани пораки и известувања до обврзниците, со јасна порака за доброволно усогласување. Придобивката од овој пристап е јасна: се овозможува финансиска стабилност кај обврзниците, се избегнуваат санкции и се гради одржлива даночна историја, што директно придонесува за стабилни јавни финансии и позитивна деловна клима.

Прикажи повеќе...

Економија

Потпишани договори за 828 проекти со 225 милиони евра преку капитални инвестиции

Објавено пред

Со склучувањето на договорите за вториот повик од инструментот за капитални инвестиции, денес започнува нова фаза на големи вложувања во општините ширум Македонија, соопшти премиерот, Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

Вкупната вредност на проектите изнесува 13,8 милијарди денари, односно околу 225 милиони евра, а се опфатени 828 проекти во различни области. Најголем дел од средствата, над 8 милијарди денари, ќе бидат инвестирани во инфраструктурата – патишта, мостови и локални врски.

Покрај тоа, во областа на животната средина ќе се реализираат 143 проекти со вкупна вредност од над 2,4 милијарди денари, кои се однесуваат на чиста вода, канализациски системи, управување со отпад и создавање нови паркови.

Во секторот образование, преку 48 проекти, ќе се инвестираат 1,6 милијарди денари за изградба и обнова на училишта и градинки, додека има и проекти поврзани со култура, спорт и социјална политика.

„Ова е најголемата инвестициска офанзива некогаш направена за општините, без партиски филтри и фаворизирања. Секоја општина што има проект добива поддршка,“ истакна Мицкоски.

Тој нагласи дека со овие инвестиции се гради еднаквост и пристап до квалитетен живот за сите граѓани, без разлика на нивната локација, и најави дека нема да се дозволи запоставување на ниту еден регион.

Со склучените договори и веќе започнатите проекти, Мицкоски ја опиша оваа иницијатива како конкретен чекор кон подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живот во Македонија, која според него од хартија преминува во реалност.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

Илиевски: Дали за торба пари Мицкоски продаде државни тајни?

Потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски, денес одржа прес-конференција на која ја истакна загриженоста на партијата за одбивањето на Христијан Мицкоски...

Македонија55 минути

СДСМ призна дека ги прислушкувал Мицкоски, новинари и бизнисмени, вели Петрушевски

СДСМ призна дека го прислушкувал и го следел претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и новинари и бизнисмени, обвинуваат од...

Свет1 час

„Не одам кај терористот“, Зеленски ја отфрли понудата на Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски категорично ја отфрли идејата на рускиот лидер Владимир Путин за билатерална средба во Москва, објави Укринформ,...

Свет3 часа

Израел ги повика жителите на Газа да бегат кон југ пред офанзивата

Израелската армија утрово издаде итен апел до палестинските цивили во Газа да се евакуираат кон југ на градот, со цел...

Македонија3 часа

Учениците се оставени без учебници, родителите печатат материјали од Вибер, реагираше СДСМ

Образовниот систем во Македонија ја почна хаотично новата учебна година, откако се покажа дека учениците немаат учебници, иако од ВМРО-ДПМНЕ...

Свет5 часа

Трамп: Америка нема само да се брани, туку ќе оди во војна

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која Министерството за одбрана на земјата се преименува во Министерство за војна,...

Македонија5 часа

Македонци заминуваат кон грчките плажи, продолжениот викенд предизвика хаос на „Богородица“

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, но зголемената фреквенција на возила поради летните одмори и...

Македонија6 часа

Летни температури во септември, Скопје до 35 степени

Граѓаните на Македонија денеска ќе уживаат во сончево и топло време со слаба до умерена облачност, соопшти Управата за хидрометеоролошки...

Топ21 час

24-годишник осомничен за полови дејствија врз 5-годишно девојче

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека вршело...

Македонија22 часа

Интерната комисија проверува дали се правеле непотребни операции на срце, методологијата за работа е утврдена

Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции ја утврди методологијата за работа, која што ќе биде основата за анализата не...

Македонија23 часа

(Видео) Утната процедура е можна причина за одложување на седницата за прислушувањата, Петровска бара декласификација

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, денеска на прес-конференција оцени дека власта намерно прави деловнички грешки со закажувањето на седницата на...

Македонија23 часа

Поплаки за искинати учебници стигнале и до Јаневска: Потрошивме 11 милиони евра, што побарале училиштата, тоа добиле

Учебниците законски се менуваат на пет години, учениците треба да се грижат за нив, наставниците да ги научат на тоа,...

Македонија23 часа

Кривични за стружаните кои запалија душеци на депонија за да ги извадат федерите и да ги продадат

Струшката полиција поднесе кривична пријава против двете лица на возраст од 38 и 61 години кои палеа душеци на депонија....

Македонија1 ден

Поранешниот директор на Онкологија не се чувствува виновен – продолжи судењето против Васев и тројцата онколози

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, кој заедно со тројца други онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти,...

Македонија1 ден

Седницата за сомнежите за незаконско прислушување е одложена

Седницата на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР), која беше...

Македонија1 ден

Кошта: На Северна Македонија да ѝ се гарантира дека нема да има нови барања, но договореното мора да се исполни

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави дека Република Северна Македонија треба да ги исполни преземените обврски за да може...

Македонија1 ден

Поднесено обвинение против уште едно лице за пожарот во „Пулс“

Обвинителскиот тим, кој постапува во предметот во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, денеска, до Основниот кривичен суд Скопје...

Култура1 ден

Македонски филмски триумф во Венеција: „Силјан“ ја освои наградата на најинспиративен филм

Во срцето на Венеција, на најстариот и најпрестижен филмски фестивал во светот, Македонија испиша ново златно поглавје. „Силјан“, новиот документарен...

Македонија1 ден

„Ем шуто ем боде“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на најавата на СДСМ

„ВМРО-ДПМНЕ има одговор до СДС за овие нивни обиди за спас на нарачателите и организаторите на следењето на опозицијата, и...

Македонија1 ден

Нема активни пожари во државата, под контрола еден

Во последното деноноќие, до 07:00 часот утрово на територијата на Македонија имало вкупно осум пожари на отворен простор, од кои...