Македонија
Директорката на ХК, Пировска и професорката Најчевска повикани на информативен разговор во полиција
Директорката на Хелсиншкиот комитет за човекови права (ХК) во Македонија, Уранија Пировска и професорката Мирјана Најчевска, која е поранешен член на истата организација, потврдија во вторникот дека добиле покани во среда наутро да се јават во полициска станица на информативен разговор
Пировска во меѓувреме изјави дека ќе се јави во полициската станица во средата наутро, но истакна дека не чувства вина поради тоа што „во знак на револт фрлала со боја кон зградите на институциите“.Пировска порача и дека ваквите „заплашувања од власта нема да ја сопрат да протестира“. А на својата страница на фејсбук напиша „За Чавков и началниците: фрлав боја и ќе фрлам сé додека не ве исфрлиме од институциите коишто ги окупиравте! Кривична правда барам и затоа сé по список ќе шарам! Нема откажување! До крај!“./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател, уверува Даштевски
Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател, вели претседателот на ДИК, Александар Даштевски.
„На неколку места се појавени технички проблеми, кои во меѓувреме се решаваат, таму гласањето ќе продолжи на стар начин со УВ ламба и спреј, а доколку се исправат техничките недостатоци, ќе се продолжи со техничката опрема. Такви места има во Кочани, Охрид, во Куманово, во Тетово и во Гази Баба.
Како што дополнува, има доставено и 15 приговори за избирачко право, и само три од нив се одбиени.
Во однос на излезноста на парламентарните избори, до 9:00 часот, по обработени податоци од 1033 изборни места, гласале 4,45%. Според податоците на ДИК, најголема излезност за парламентарните избори има во Кривогаштани (9,46%), а најмала во Боговиње (1,43%).
Во Македонија утрово започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори.
Скопје
Паркингот во Центар денеска е бесплатен
По повод Македонските претседателски и парламентарни избори, од ЈП Паркинзи на општина Центар известуваат дека денеска паркиралиштата со кои стопанисува јавното претпријатие ќе бидат без наплата за сите граѓани.
Дирекцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар во катната гаража „Судска палата“ нема да работи, а сите услуги можат да се користат електронски на www.poc.mk.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и работењето на дирекцијата ќе продолжат од утре со вообичаено работно време.
Македонија
Изборниот ден е неработен за сите граѓани
Поради одржување на парламентарните и вториот круг од претседателските избори, денешниот ден е неработен за сите граѓани во Република Македонија.
Работодавачите не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние каде работните процесите заради својата природа не можат да се прекинат.
Поради првиот круг од претседателските избори, неработен беше и 24 април. Според одлуката на техниката Влада, двата неработни дена нема да се одработуваат.