Македонија
Годишно се иселуваат по 5.000 Македонци?!
На годишно ниво, откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт, се иселуваат по 5.000 граѓани, тврдат пратениците од владејачката партија, додека опозициските пратеници сметаат дека тие бројки не се точни, затоа што се однесуваат на оние кои трајно се отселиле, а не и на оние кои се на привремен престој.
Во Собранието во петокот продолжи дебатата по Информацијата за иселувањето, особено на младите луѓе предложена од опозицијата. Пратеничката од НСДП, Соња Мираковска. посочи на бројките на иселени лица од Македонија, на оние кои зеле бугарски пасоши и праша за колку ќе се зголеми овој број имајќи ги предвид новите политики на Бугарија каде од септември, само со една изјава ќе може да се аплицира за нивно државјанство.Бројките кои ги презентира владејачкото мнозинство, според неа не се точни, бидејќи статистика ги бележи само оние кои трајно се иселиле, но не и оние кои привремено се иселиле, а се знае дека и тие нема да се вратат да живеат во земјата.Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ тврди дека трендот на иселување од Македонија се намалува.„Знаете ли кога го има историскиот минимум? Кога избегале најмногу жители од оваа држава? Тоа е случува во 1994 година, кога бројот на жители паѓа за 124 илјади жители. Знаете ли зошто? Заради тоа што во Македонија се спроведе класична мафијашка приватизација!“, рече Мукоски.Најголем број бугарски пасоши биле земени меѓу 2002 и 2008 година.Пратениците од владејачкото мнозинство тврдат дека бројките на миграција се намалуваат за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и тие на годишно ниво изнесуваат во просек околу 5.000 лица, што според нив е резултат на правилните политики на актуелната Влада.Мираковска реплицирајќи рече дека нејзините колеги од ВМРО-ДПМНЕ манипулираат со бројки и ги кажуваат оние од 2004 година, додека просечната бројка, според неа, на иселени на годишно ниво во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ е околу 12.000, и оти заминуваат најобразованите.Пратеникот Влатко Ѓорчев, од ВМРО-ДПМНЕ смета дека главна причина со децении и векови за иселување на Македонците, се економските причини или политичките фактори односно комунистичкиот прогон.Алим Билали од ВМРО-ДПМНЕ изнесе бројки за иселени државјани на Македонија во Италија, па така до 2003 година во оваа држава биле иселени 34.019 државјани на Македонија, до крајот на 2006-та година 74.162, додека до 1 јануари 2015-та 77.703 лица./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР

