Македонија
Француска продукциска куќа најави снимање нов филм во Македонија
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во Париз оствари и средба со раководствата на реномирани компании за филмска продукција од Франција и од Велика Британија со кои разговараше за можностите за снимање филмски проекти во Република Македонија.
На средбата беа присутни извршните директори на филмската продукција „2017“, која е со седиште во Лион, и на „М дигитал“ од Лондон, кои изразија подготвеност своите следни филмски проекти да ги снимаат токму во Република Македонија, соопштуваат од Министерството за култура.На средбата министерката за култура информирала за заложбите на Владата на Република Македонија во областа на филмската дејност и за измените на Законот за филмска дејност со кој значително е олеснета соработката со странските продукциски куќи кои веќе се заинтересирани да снимаат во Република Македонија. Од француската продукција потврдиле дека на 17 ноември ќе ја посетат Република Македонија каде што ќе остварат средби со институции и филмски работници од областа на филмската дејност. За време на престојот ќе посетат повеќе места за да се запознаат со локациските потенцијали и природните ресурси што ги поседува Република Македонија за снимање вакви големи филмски проекти. Продуцентите од Франција изразија интерес и за проектот за изградба на филмско студио, за кое веќе е обезбедена локација во општина Зелениково./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот корисниците од ул. Павле Божинов(општина Гази Баба)
· во периодот од 08.00 до 12.00 часот корисниците ул. 28 и ул. 30 од С.Белимбегово Илинден (општина Илинден)
· во периодот од 08.00 до 13.00 часот корисниците ул.Мирче Оровчанец (општина Центар)
· во периодот од 08.00 до 13.00 часот корисниците од дел од ул. Петар Манџуков (општина Бутел)
· во периодот од 08.30 до 11.00 часот корисниците ул. Индира Ганди 31 (општина Шуто Оризари).
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот корисниците од Амбулантата во Ѓорче Петров и околните корисници (општина Ѓорче Петров)
· во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците од Жито Алтан, дел од Дрма, Живинарска Фарма.(општина Гази Баба)
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот корисниците од дел од с.Глуво.(општина Чучер Сандево)
Македонија
Наутро ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Денеска и во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, суво и тивко. Во утринските часови ќе има појава на магла во одредени котлини. Во понеделник облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец.
Македонија
Делови од Бутел, Карпош и Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување приклучок на улицата Александар Урдаревски бб за Полициска станица Бутел во населба Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на две куќи од улицата Александар Урдаревски, во општина Бутел.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до санирање на дефектот.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на улицата Христо Смирненски 13, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (потегот од Зур маркет до бул.Партизански Одреди), општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација соопштуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Васил Ѓорѓов 19, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица и дел од улицата Народен Фронт, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

