Македонија
СДСМ: Одлуката за обвинение доаѓа директно од Груевски и Мијалков

Одлуката максимално брзо да се донесе обвинителен акт за случајот „Пуч“ доаѓа директно од Никола Груевски и Сашо Мијалков кои се фатени во рушење на уставниот поредок и злодела врз граѓаните на Република Македонија, реагира опозициската СДСМ по поднесување на обвинителен акт против лидерот Зоран Заев.
Според партијата, Јавното обвинителство требало да поднесе обвинителен акт во рок од 30 дена, почнувајќи од 24 април или да ја отфрли кривичната пријава на МВР.
„Одлуката, Јавното обвинителство ја донесе за само 6 дена, од вкупно 30 дена што ги имаше на располагање за донесување одлука. Тоа што вчера, јавниот обвинител, преку адвокатите побара да му бидат доставени пасошите на притворените Соња Верушевска и Бранко Палифров, за да ја замени мерката притвор со друга поолеснителна мерка на обезбедување, а сепак на крајот се донесе одлука за поднесување обвинителен акт и продолжување на притворот, само дополнително потврдува дека одлуката е донесена од Јован Илиевски, баџанак на Сашо Мијалков и Марко Зврлевски, директен извршител на власта на Никола Груевски“ се вели во реакцијата на СДСМ.
Од партијата очекуват брзо да се донесе и пресуда против лидерот и другите лица кои се во притвор.
Обвинителството во четвртокот поднесе обвинение против пет лица за случајот „Пуч“, меѓу кои е лидерот на опозицијата Зоран Заев, кој се товари за обид за насилство спрема највисоки државни органи./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива непречено, по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1,83 милиони граѓани

Во 7 часот денеска започна гласањето на осмите Локални избори од осамостојувањето на државата.
На Локалните избори 2025 во Северна Македонија право на глас имаат 1.832.415 граѓани.
Меѓу вкупниот број државјани со право на глас се и 112 илјади запишани во посебниот Избирачки список со лица во странство, како и 2.162 лица во затвор односно притвор и 450 гласачи од домовите за стари лица.
Локалните избори се одржуваат во сите 80 општини во државата и во Град Скопје.
Се гласа на 3.474 избирачки места.
На Локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.
Македонија
Попладнево во Кочани се одржа 27. „Марш за ангелите“

Попладнево во Кочани се одржа 27. „Марш за ангелите“ по дождливо време и според вообичаената маршрута, но без давање официјална изјава од нив, што досега беше начин на комуникацијата на родителите на починатите со јавноста.
Преку испишаните пораки на транспарентите, тие и денеска за трагедијата во „Пулс“ ги обвинија институциите, од кои бараат правда и праведно судење. Десетина минути беше блокиран сообраќајот на улицата „Стево Теодосиевски“, кај двојниот мост на Кочанска Река.
Маршот за нивните ангели родителите го почнаа од „Паркот на Револуцијата“, од каде се упатија кон Трговскиот центар. Марширањето продолжи кон Основниот суд со кратки запирања пред зградата на УЈП и Полициската станица.
27. „Марш за ангелите“ во Кочани денеска заврши каде и што почна – во „Паркот на Револуцијата“.