Култура
„Мајки” и Манчевски и во Варшава
Еден од најуспешните македонски филсмки режисери Милчо Манчевски e член на жирито во натпреварувачката програма на 27. Меѓународен филмски фестивал во Варшава
Еден од најуспешните македонски филсмки режисери Милчо Манчевски e член на жирито во натпреварувачката програма на 27. Меѓународен филмски фестивал во Варшава, фестивал од А категорија кој ќе се одржи од 7 до 16 октомври, што претставува уште една потврда за неговото реноме што го ужива на меѓународната сцена, бидејќи ова не е негово прво уќество во жири на фестивал од врвна категорија.Филмот на Милчо Манчевски, „Мајки“, ќе биде прикажан на фестивалот на 11-ти и 13-ти октомври, во рамките на „Специјална програма”. Филмот се прикажува надвор од конкуренција, поради учеството на Манчевски во стручното жири. Овој фестивал припаѓа во елитната група од 13-те најголеми конкурентни меѓународни филмски фестивали во светот. Како еден од најдинамичните европски фестивали, таршавскиот ги привлекува страсните љубители на филмската уметност и голем број критичари и филмски работници од светот. Варшава, како и секоја година, ќе биде домаќин и на добитниците на наградентие на Меѓународната федерација на филмска критика, ФИПРЕСЦИ.Што се однесува до филмот „Мајки”, треба да се одбележи дека тој беше прикажан на 27 септември на штотуку завршениот Интернационален филмски фестивал во Приштина, кој со своето трето издание покажа дека се стреми кон развој на филмската индустрија во регионот и претставува вистинско освежување на Балканот. Деновиве се појави и документарецот за снимањето на филмот, под наслов „Правењето на ’Мајки’“ во режија на Шанг-Синг Гуо. Минатиот месец „Мајки“ беше избран и во потесниот избор на Европската филмска академија за европски Оскар „Феликс“. Стручната комисија на ЕФА го вброи „Мајки“ меѓу 20 најдобри филма по нивни избор. Пред тоа „Мајки” победи и на белградски ФЕСТ, а ја освои и наградата на Федерацијата на европски и медитерански филмски критичари, ФЕДЕОРА на Синема Сити фестивалот. Светска премиера на „Мајки“ беше на фестивалот во Торонто, а европската во престижната програма “Панорама” на Берлинале 2011. Филмот беше и македонски кандидат за Оскар. „Мајки“ беше со успех прикажан на фестивалите во Сао Пауло, Москва, Аруба, Истанбул, Кливленд, Пула, на Канарските Острови, во Литванија, Нови Сад, итн., а следуваат уште бројни покани во текот на 2011 и 2012.„Мајки“ е македонско-француско-бугарска копродукција.Инаку, филмот настапува на сите фестивали и освојува награди, и покрај одбивањето на Македонскиот филмски фонд да обезбеди титлување на англиски, како и филмски копии./крај/со/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Инспиративен настап на SIN PUSTINJE во Битола за Меѓународниот ден на џезот 2024
МКЦ-Битола по јубилеен 10-ти пат го одбележа Меѓународниот ден на џезот во Битола 2024. Во прекрасниот амбиент на кафе барот Порта Џез, Ахмед Буриќ, Дамир Имамовиќ, Тони Китановски и Иван Михајловиќ приредија несекојдневно музичко поетско доживување.
Во проектот станува збор за искуството и интерпретацијата на музиката и поезијата која ги сумира различните интереси и вештини на уметниците кои досега ги познававме од другите жанрови. На концертот Буриќ, Имамовиќ, Китановски и Михајловиќ изведоа дванаесеттина песни од нивниот прв албум, како и некои други делови кои на изведбата во живо му дадоа комплетна форма и магична атмосфера.
Овој концерт по десетти пат ја стави Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. Битола ја ставаме на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија не само за уметниците туку и за обичните граѓани.
Концертот се организира со финансиска поддршка на Министерството за култура и Општина Битола.
Култура
Вердиевата спектакуларна опера „Трубадур“ на 11 мај на „Мајските оперски вечери“
На 11 мај со почеток во 20.00 часот ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди, во рамките на 52. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. Билетите за премиерната изведба на „Трубадур“ на 9 мај се распродадени.
Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на реномираниот македонски режисер, Иван Поповски кој живее и работи во Москва повеќе од две децении и за своите врвни уметнички достигнувања е добитник на највисоки признанија во Русија и низ светот и за првпат поставува опера на македонската сцена. Сценографијата е на Миодраг Табачки од Србија, костимографијата е на Марија Пупучевска, а кореографијата на Саша Евтимова.
Во улогата на Манрико ќе настапи гостинот од Чиле, Филипе Рохас, тенор кој настапувал на повеќе светски сцени, во улогата на Гроф Луна ќе настапи нашиот баритон Ристе Велков, во улогата на Леонора ќе настапи гостинката од Канада Криста де Силва, драмски сопран препознатлива по нејзините темни мистични бои. Во улогата на Ацучена ќе настапи, Сања Анастасиа, мецосопран, првенка на операта во Народниот театар во Белград. Во улогата на Ферандо ќе настапи нашиот бас, Владимир Саздовски кој е чест гостин на светските оперски сцени. Во останатите улоги ќе настапат: Јане Дунимаглоски, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Дејан Стоев во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.
Романтична љубов, смртна љубомора и oдмазда се движечките драмски елементи на операта „Трубадур“ од италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди. Операта се одликува со прекрасна музика и спектакуларно предводени вокални делови кои пренесуваат силни емоции, додека исклучително сложената приказна изобилува со огнена страст.
Култура
Изложба: „Четирите мајстори на модернизмот“
Град Скопје и ЈУ Културно Информативен Центар ќе отпочнат со реализација на Европскиот проект CreArt 3, со активноста „Европски месец на креативноста“ на 10 мај во галеријата Империјал 1 – ЈУ Културно Информативен Центар, каде што до крајот на месец мај ќе биде отворена групната изложба насловена: „Четирите мајстори на модернизмот“
Учесници: Теодора Андоноска, Мартин Буровски, Илина Василеска, Сергеј Јордановски, Камелија Каламерникова, Манели Крстиќ, Сара Милошевска, Ивона Петрова и Никола Тренов, сите студенти од четврта година на студиската програма Сликарство на Факултетот за ликовни уметности, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, во класата на проф. Слободанка Стевческа.
Изложбата „Четирите мајстори на модернизмот“ е воспоставена во чест на основоположниците на Факултетот за ликовни уметности од Катедрата за сликарство, професорите Петар Мазев, Родољуб Анастасов, Димитар Кондовски и Душан Перчинков.
Изложбата ќе биде отворена до 20.04.2024 година.