Култура
Париз им забрани на тинејџерите да одат на изложбата на Лери Кларк

Париските власти одлучија да им забранат на тинејџерите да ја посетат изложбата фотографии за тинејџерскиот секс на контроверзниот фотограф Лери Кларк, пишува Agence France Presse
Ваквата забрана на градските власти на француската престолнина се должи на страхувањето од тужби од родителите на париските тинејџери. Забраната важи за сите лица кои не наполниле 18 години.„Она што беше можно пред дваесет години, денес не е можно, бидејќи ќе отвори нови прашања“, изјавил градоначалникот на Париз, Бертран Деланое коментирајќи ја оваа одлука.Самиот Лери Кларк многу остро реагирал на ситуацијата.„Забраната е целосно бесмислена. Тоае исто како да им кажете н атинејџерите да одат дома и да ги симнат сите оние глупости кои се на интернет, но да не сакаат да ја гледаат уметноста во музеите којашто зборува за нив. Секако дека фотографиите се вознемирувачки. Самата уметност вознемирува“, рекол Кларк.Ретроспективата на американскиот фотограф Лери Калрк е отворена во музејот на модерната уметност на градот Париз, го покрива полвувековната неговара кариера и е хроника која ги следела животите на американските тинејџери во нивното секојдневие во долг период меѓу 1960. и 2010 г. Секоја десетта фотографија ги прикажува тинејјџерите во текот на сексуален чин.Сепак, оваа забрана нема да ги спречи тинејџерите да се запознаат со провокативните фотографии на Лери Кларк, бидејќи многу електроснки и печатени медиуми правата прилози за изложбата. Така, весникиот Libération на својата насловна страница ја објави најексплицитната фотографија. Таа покажува малолетна двојка во екстаза на задно седиште од автомобил, а момчето и девеојчето се потполно голи.Полемики во париската и француската јавност предизвика и каталогот. Досега за парискиот градски музеј каталозите ги печатеше издавачката куќа Paris Museés, но таа одбила да го изработи и да го објави овој каталог со образложение дека им е „непријатно заради шест фотографии“.Затоа каталогот бил печатен во Велика Британија, во издание на лондонската галерија којашто го астапува Калрк. Некои од контроверзните фотографии биле веќе озложувани во Париз во рамкит ена групни изложби, пишуваат во четврток париските медиуми. Претходно Лери Кларк имаше голема ретрсопективна изчложба и во њујоршкиот Музеј на современа уметност, но таму на тинејџерите не им бил забранет велзот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Врачени највисоките фестивалски признанија на Струшките вечери на поезијата

Со врачување на највисоките фестивалски признанија, „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ и меѓународното поетско читање „Мостови“ вчера вечер на Мостот на поезијата во Струга заврши 64-тото издание на Струшките вечери на поезијата.
Наградата „Златен венец“ на словачкиот поет Иван Штрпка му ја врачи директорот на НУМ Струшки вечери на поезијата, Никола Кукунеш.
Уметничкиот директор на Фестивалот, Мите Стефоски на полскиот поет Матеуш Шимчик му го врачи признанието „Мостови на Струга“ што УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата го доделуваат за најдобар поет-дебитант.
Наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025 година за најдобра поетска книга на македонски јазик издадена меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата на добитничката Јулијана Величковска и ја врачи претседателот на жири-комисијата Санде Стојчевски.
На 64-тото издание на Струшките вечери на поезијата, учествуваа 70 поети од сите меридијани. Фокусот на годинашната манифестација е глаголицата. Фестивалот почна во четвртокот со традиционалното садење дрвце во Паркот на поезијата во чест лауреатот и палење на фестивалскиот оган во Домот на поезијата.
Манифестацијата се одржа под покровителство на претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска Давкова, а финансирана од Министерството за култура и туризам.
Култура
Јулијана Величковска со „Рајсфершлус“ ја доби престижната награда „Браќа Миладиновци“

Поетската книга „Рајсфершлус“ од Јулијана Величковска, издадена од ПНВ Публикации, е добитник на престижната награда „Браќа Миладиновци“ за 2025 година за најдобра поетска книга меѓу два фестивала, објави денеска претседателот на жирито, Санде Стојчевски.
Жирито посебно го истакна уникатниот стил на Величковска, која во книгата користи песни во проза и го истражува прашањето за граничните области меѓу жанровите.
„Авторката не ги пишува своите лирски записи, туку ги компонира од разговорни фрази и наслушнување на лексички единици, создавајќи автентичен творечки резултат со гласот на лирскиот субјект“, нагласи Стојчевски.
Првиот дел од книгата се карактеризира со игра со јазичниот материјал, еуфонија и внимание кон формата, додека вториот дел внесува нов семантички слој, зумирајќи врз природата, историските хероини и современата цивилизација.
„Книгата се издвојува како многу ферментирана поетика и пример за долготрајна творечка посветеност“, додаде Стојчевски.
Величковска наградата ја посвети на сите жени чиј глас бил замолчан или стишан и на Драги Михајловски.
„Наградата за мене е поттик да продолжам да работам подобро. Многу ме радува што генерациите се доближуваат и се гледаме како заедница и пријатели, а не како конкуренција“, изјави авторката.
Во најтесен избор се најдоа и книгата „Вообразби: лирски етиди за некој друг свет“ од Бранко Цветкоски, но жирито едногласно ја избра „Рајсфершлус“ како победник.
Култура
Триумф на „Диџеј Ахмет“ во Сараево, филмот Унковски освои три големи награди

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ на режисерот Георги М. Унковски се закити со три награди на 31. Сараевски филмски фестивал што заврши синоќа. Дебитантското долгометражно остварување освои „Перспективи на младите“, наградата на порталот „Cineuropa“, како и Уникредит наградата на публиката за најдобар игран филм.
Жирито посочи дека специјалната награда „Перспективи на младите“ се доделува за ведра и хумористична, но и трогателна приказна, која преку шарената кинематографија и изведбите на младите актери носи силна порака.
„Филмот им дава глас на младите од мала заедница, а воедно има потенцијал да допре до публиката ширум светот“, стои во образложението.
Филмот освои и награда од „Cineuropa“, вредна 5.000 евра, која се доделува на филмови со уметнички квалитети што промовираат европски дијалог и интеграција.
Покрај тоа, македонската продукција ќе го има честа да го затвори 46. Фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола (20–26 септември), што ќе биде и официјалната македонска премиера на филмот.
Светската премиера на „Диџеј Ахмет“ се одржа во јануари на фестивалот Санденс во Јута, каде што доби две признанија – наградата од публиката во програмата „Светски филм“ и специјалната награда на жирито за креативна визија.
Филмот е сниман во октомври и ноември минатата година во селата Коџалија и Али Коч кај Радовиш и во Скопје. Во главните улоги настапуваат Ариф Јакуп, Дора Акан, Наим Агушев и Аксел Мехмед, а во останатите – Селпин Керим, Елхаме Билал, Адем Карага и Метин Ибрахим.
Станува збор за копродукција меѓу „Синема футура“ и „Сектор филм“ од Македонија, компании од Чешка и Србија, со продуценти Иван Унковски и Ивана Шекуткоска. Филмот беше поддржан со 23,5 милиони денари од Агенцијата за филм во 2020 година и 160.000 евра од европскиот филмски фонд Еуримаж.
View this post on Instagram