Македонија
Одбележани 14 години од трагедијата кај Карпалак

Венци и букети свежо цвеќе беа положени во сабота пред спомен плочата во месноста Карпалак, на автопатот Тетово-Скопје, во чест на загинатите бранители од АРМ, кои беа убиени од заседа во 2001 година.
„Тешко е да се биде на ова место, но е и вистинска чест за мене како претставник на Владата и на Армијата на Република Македонија да им оддадам почит и да се поклонам пред споменикот на нашите бранители. Тие застанаа на браникот на татковината во одбрана на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет“, рече министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, кој во Прилеп присуствуваше на одбележувањето на 14-годишнината од трагичниот настан кај Карпалак.
Претходно министерот Јолески положи венец и пред спомен плочата во месноста Карпалак.
На одбележувањето на 14 години од трагедијата, присуствуваа делегации на Владата, Генералштабот на АРМ, кабинетот на претседателот, на семејствата на загинатите, како и на повеќе политички партии и здруженија од Прилеп и Тетово.
Во подмолниот терористички напад во 2001 година беа убиени припадниците на прилепскиот состав на АРМ Сашо Китановски, Нане Наумовски, Марко Деспотовски, Љубе Груески, Бранко Секулоски, Дарко Велјаноски, Горан Миноски, Пеце Секулоски, Веби Рушидоски и Ердован Шабаноски. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорѓиевски и Тошковски на пешачење во Градски парк: секој чекор е здравје

Градскиот парк денеска беше изборот на градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Двајцата утрото го започнаа со пешачење низ алеите на паркот, во спортска опрема и ведро расположение.
„Најубаво е денот да започне со утринско пешачење низ Градскиот парк, свеж воздух, мир и позитивна енергија. Секој чекор е здравје, секој здив е нова сила. Започни го денот со природа, а денот ќе ти врати со радост“, напиша Ѓорѓиевски во својата објава на социјалните мрежи.
Македонија
За влез и излез од државава на граничните премини се чека до 15 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез е околу 10-15 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Свежо утро, а преку ден до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
До средината на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време со дневни температури малку под просекот за овој период од годината. Потоа времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.