Контакт

Македонија

Матичните лекари електронски ќе ги добиваат лабараториските резултати

Објавено пред

Во наредниот период , Фондот за здравствено осигурување, ќе ги поврзе матичните лекари со сите лаборатории од примарно ниво, со кои Фондот има склучено договор.
 

dobivaj vesti na viber

Имено, резултатите од крвните анализи директно ќе бидат прикажани на софтверот на матичните лекари и пациентот нема да има потреба да се враќа со резултатите во хартиена форма кај својот лекар, беше најавено во четврток на промоцијата на новиот софтвер кој треба да ја намали употребата на хартија.Во договорите со Фондот за здравство, матичните лекари од општа пракса имаат обврска да спроведат мерки и активности за превенција и рано откривање на кардиоваскуларни болести, дијабетес и нефролошки заболувања, кои се трите најчести незаразни заболувања во Република Македонија. Овие превентивни мерки се спроведуваат на 1,3 милиони осигуреници на возраст од 14-65 години. „Целта на воведување на превенција на овие три најчести заболувања е да придонесе кон намалување на бројот на идни пациенти заболени од овие болести, односно да се преземат сите превентивни активности за оваа ризична група на осигреници да не ги развие овие заболувања и да се влијае на намалување на пациенти кои ќе завршат на дијализа, инсулинска терапија, како и да има помалку пациенти со срцеви и мозочни удари. За стимулирање на оваа активност секој матичен лекар преку Фондот добива 20 отсто од капитацијата секој месец.До имплементацијата на новиот софтвер, процесот на спроведување на превентивни цели кај матичните лекари одземаше многу време поради обемна административна процедура. Со новиот софтер се заменува употребата на досегашните хартиени обрасци. Имено, матичниот лекар за секој пациент досега печатеше седум хартиени обрасци. Тоа изнесува повеќе од девет милиони печатени обрасци за две години кај матичните лекари. Со новото софтверско решение ние овозможуваме целосно електронско работење и исфрлање на хартијата од употреба за превентивните цели. Бенефит од ова имаат и матичните лекари, заштедуваат околу шест милиони денари годишно за тонери, хартија, принтери и сервисирање. Матичните лекари од 1 јули 2015 година веќе немаат потреба да ги печатат хартиените обрасци за реализација на цели, а податоците за досега извршените превентивни прегледи на 850 илјади осигуреници се разменија со информатичкиот систем на Фондот. „Со оваа административна гиљотина кратиме пополнување на хартиени обрасци со податоци за здравствената состојба и лабораториските наоди. Сега, електронски се внесуваат податоците и преку новиот софтвер се врши автоматска размена со Фондот“, рече директорот  на Фондот Сашо Стефаноски.„Дополнителен бенефит за Фондот и за матичните лекари е тоа што се смалува просторот за грешки, ќе се зајакне контролата, бидејќи освен теренска, проверката на точноста на податоците за реализација на целите, контролорите на Фондот ќе вршат увид и контрола кај матичниот лекар од своето работно место. Фондот досега со ограничен персонал ги контролираше исполнувањето превентивни цели на хартија, а сега со софтверското решение, истите може да ги контролира и проверува електронски. Истовремено, се овозможи на самите матични лекари да добиваат нотификации во случај на некомплетни податоци, или непрецизности при доставата на податоците за остварена превентивна цел.За Фондот, но и за здравствениот систем во целост, софтверот претставува реална база на податоци за хронично болни пациенти од дијабет, кардиоваскуларни и нефролошки заболувања. Тоа значи дека во секој момент имаме увид во здравствената состојба на населението по возраст, по  населено место, регион, колкав е бројот на пушачи, колкав е бројот на лицата со прекумерна телесна тежина, колку малолетни лица се корисници на опојни дроги. Ваквите прецизни податоци се темел за современи и ефикасни здравствени политики но и основа за креирање на стратегии за намалување на заболувањата“, појасни директорот Рамадани./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп

Објавено пред

Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.

dobivaj vesti na viber
Прикажи повеќе...

Македонија

Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен

Објавено пред

Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.

dobivaj vesti na viber
Прикажи повеќе...

Македонија

МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците

Објавено пред

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.

dobivaj vesti na viber

„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.

Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во...

Македонија15 часа

Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти,...

Топ15 часа

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар. Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу...

Македонија17 часа

(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“

СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето. „Денеска со огорченост стоиме пред...

Македонија18 часа

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за...

Македонија18 часа

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ18 часа

При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...

Македонија18 часа

(Видео) Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче

„Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат...

Македонија19 часа

(Видео) Антикорупцискиот тим на СДСМ ја претстави новата платформа против корупција – МИЦКО: Пријавувајте!

„Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ, ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. Македонски истражувачки центар за...

Свет20 часа

(Видео) Четворица херои се обидоа да ги спречат терористите во Сиднеј, само Ахмед преживеа

Црното знаме на Исламската држава, закачено на шофершајбната на сребрена „хонда“ паркирана покрај пешачкиот мост „Бонди бич“, беше злокобен вовед...

Европа21 час

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет22 часа

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет23 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет23 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет23 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа23 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави „Ројтерс“

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија1 ден

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет1 ден

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет2 дена

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет2 дена

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...