Македонија
Груевски: Мијалков ниту бил, ниту ќе биде привилегиран
Премиерот Никола Груевски, одговарајќи на пратеничко прашање за тоа дали поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков подлежи на аеродромска контрола или не и дали гарантира за тоа што тој носи во торбите рече дека тој не е надлежен за тоа што граѓаните пренесуваат во своите торби кога излегуваат од државата.
Горан Сугарески од СДСМ, го праша премиерот како Мијалков успева да ја помине контролата на аеродромот во Скопје со пиштол во торбата, што сè носи Мијалков во своите куфери кога излегува од Македонија и дали тој како премиер гарантира дека поминува контрола, затоа што во Скопје не му беше откриен пиштолот, кој го открија службите на белградскиот аеродром? „Мијалков во изјава рече дека имал пиштол во торбата, но дека го заборавил од небрежност и немам што друго да додадам“, рече Груевски и додаде дека не е негово да гарантира кој што носи во торбите.„Институциите треба да си проверат што се пренесуваат граѓаните кога излегуваат од Македонија. Сè што треба ќе си течe во законските постапки. Ниту бил, ниту ќе биде привилегиран“, рече Груевски.Сугарески не беше задоволен од одговорот и му порача на премиерот да не се повикува на институциите, а дали нешто е од небрежност или намерно одлучува суд, не премиерот.„Судот утврдува дали е од небрежност или намера или вие сте научени вие да одлучите. Не знам зошто повикувате на институциите… тој помина со пиштол во торба на аеродром во Македонија“, рече Сугарески..Во второто прашање упатено до премиерот Сугарески сакаше да знае по која основа му е издаден дипломатскиот пасош на Мијалков, издаден на 29 август со траење 5жод пет години и дали, како што рече, скандалозното издавање пасош, е со цел да изнесе непроверени работи во своите куфери.„Сашо Мијалков не поседува дипломатски пасош. Го одби. Дипломатскиот пасош не обезбедува да се пренесува што било во торбите“, рече Груевски, сепак, не прецизираше по кој основ првично му бил издаден./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип
Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно, од 19:10 часот, поради сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тркање, сообраќајот беше во целосен прекин.

