Македонија
Претпладне сончево, попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и северните делови.
Дневните температури ќе се движат од 24 до 39 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината слично време со температура до 35 степени.
УВ индексот ќе изнесува 8. /крај/ухрм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ во официјална посета на Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска ќе биде домаќинка на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, кој ќе престојува во официјална посета на земјава.
Хрватскиот претседател ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателката, по што ќе следи тет-а-тет средба на претседателите, а потоа и пленарен состанок на македонската и хрватската делегација.
Во рамки на посетата, претседателот на Република Хрватска ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека денеска поради уличен дефект ф-100 мм на улицата Васко Каранѓелевски 38, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од булеварот Јане Сандански, односно парните броеви од 34 до 64.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје, доаѓа претседателот на Хрватска

СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска, поради официјална посета на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ на Република Северна Македонија, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.