Македонија
Одложен „Ровер“, се чека Јанева

Судскиот процес „Ровер“, каде еден од обвинетите е и поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, повторно е одложен, до март.
Како што беше појаснето, судењето е одложено бидејќи Кривичниот суд чека специјалната обвинителка Катица Јанева, да се изјасни дали ќе го преземе овој случај.Ако Јанева донесе одлука Специјалното јавно обвинителство да го води предметот „Ровер“, овој судски процес ќе почне од почеток, по трет пат.Бошкоски, на претходното судење изјави дека поседува материјал аудио-снимка и транскрипт снимени на УСБ од коишто наводно се гледа дека процесот е „полициско-политичка монтажа“.Материјалите ги даде на еден од своите адвокати за да ги достави до Специјалното обвинителство./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Осомничен за пожарот во Кочани: „Ние сме херои, спасивме 200 луѓе останавме до последен момент во огнот“

– Не се чувствуваме виновни, ние сме херои, спасивме 200 луѓе. Јас до последен момент останав во огнот за да ги извадам сите деца, да ги спасувам како мои. Имам две малолетни деца, кажа еден од осомничените за пожарот во Кочани на новинарско прашањето дали се чувствува виновен”.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одржа прес конференција и рече од извршен разговор со член на групата на ДНК, утврдено е дека пиротехничките средства ги донел бендот.
„За жал, лицето кое било задолжено за нивна употреба е починато. Во врска со пиротехничките средства, ќе биде доставен извештај до ЈО, и потоа ќе достави барање до МВР, при што дополнително ќе се утврди дали истите можеле да се користат без сертификат. Констатирани се низа неправилности во рамки на објектот, кој ги напомена јавниот обвинител“, додаде Тошковски.
Македонија
Оставете ја шупата, нека сведочи за нашата мизерија, тука веќе одамна ништо не е пристојно, ништо не е на цена, а човечкиот живот најмалку: Тамара Тодевска за смртта на нејзините колеги

Не напуштија наши верни колеги, уметници, невидени таленти и предобри луѓе. Немам зборови кои можат да ја опишат оваа болка и тага. Лута сум, гневна, тажна, разочарана, се огласи на социјалните мрежи Тамара Тодевска за смртта на нејзините колеги од ДНК.
„И не сакам да бирам зборови и сето ова да звучи „пристојно“ и „коректно“. Затоа што тука веќе одамна ништо не е пристојно, ништо не е на цена, а човечкиот живот најмалку.
Со Андреј имам преубави моменти, заеднички настапи, концерти и дружби… Сара! Нема уметник во Македонија на кој му „нема чувано грб“, душа од човек и другарка. Фичо беше невиден талент… Горги беше наш колега, чие време допрва доаѓаше…
Оставете ја „шупата“. Нека сведочи за нашата мизерија, за колективната негрижа, корупција и мизерија. Нас ни нема спас.
Големо сочувство до семејствата и блиските на моите колеги, другари, до сите луѓе кои денеска загинаа во Кочани… до следната трагедија’, напиша Тодевска.
Македонија
Мицкоски ќе ги посети повредените во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ Скопје

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска ќе ги посети повредените од трагичниот пожар во Општина Кочани, по што ќе присуствува на состанокот на кризниот штаб на Министерството за здравство.