Култура
Зачувување на македонскиот јазик како традиција

Борбата против неписменоста, како и квалитетното образование, традицијата, лингвистиката и културата на мајчиниот јазик денеска беа одбележани во „Кинотека на Македонија“ по поводот меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 февруари
Научниот соработник во Институтот за македонски јазик и визитинг-професор на Универзитетот ФОН, Елена Јованова- Грујовска вели дека употребата на мајчиниот и другите јазици на коишто комуницираме, се прифаќаат меѓусебно со сите свои национални и верски културни специфики не само кај нас, туку и на Балканот.„Ние според статистичките податоци во последните три века, во Република Македонија со векови егзистираат повеќе јазици. Освен службениот македонски, се зборуваат уште албански, турски, српски, хрватски, влашки, бошњачки, ромски, грчки итн. “ изјави Јованова- Грујовска.Таа додаде дека со влијанието на англискиот јазик како престижен јазик на овој век што го имаат усовршено младите генерации, не треба да бидеме исплашени за исчезнување на мајчиниот јазик, но сепак треба да се внимава, да се работи на зачувувањето на јазикот на кој говориме.Но, со нивно негување преку македонскиот народен театар, албанската драма, турската драма, радиото и телевизиските емисии, јазиците на етничките заедници, друштвото за културна соработка итн., може да се зачува јазикот кој преку многу векови традиционално е пренесуван од генерации на генерации.Билјана Костова, професор во гимназијата „Никола Карев“ ни објасни дека немаме потреба од употреба на туѓите зборови бидејќи имаме доволно македонски зборови кои можеме да ги користиме. Таа им препорача на младите да ги читаат македонските автори поради тоа што се извори на македонското богатство и идентитет. „Делата на Кирил и Методиј, Кирил Пејчинович, Константин Миладинов, Рајко Жинзифов „Сердарот“, Григор Прличев, без „Пиреј“ ниту еден ученик не би смеел да го заврши средното образование, без Блаже Конески, поезијата на Гане Тодоровски и со самото тоа учениците го запознаваат и го користат понатаму својот мајчин јазик“- вели Костова.Во организација на Унеско, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик се одржува во сите земји-членки, со пораката „Јазиците се важни“. Во Македонија беше одржан денеска, во главниот град Скопје во организација на општина Карпош, заедно со борците на територијата на општина Карпош и со месниот одбор од урбаната заедница „Влае 2“. На настанот присуствуваа ученици од основните и средните училишта од Скопје
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Инвестиции за заштита на културното наследство и развој на културниот туризам, најавија надлежните

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, заедно со стручниот тим од Заводот и Музеј – Струмица, денеска реализира работна посета на општините Дојран и Гевгелија, со цел увид во тековните и во планираните проекти од областа на културата и културното наследство.
Во Стар Дојран беше извршен увид во црквата „Св. Илија“, значаен објект од 19 век, со висока историска, архитектонска и духовна вредност. Министерството најавува продолжување на активностите за конзервација и реставрација на овој објект, кој претставува симбол на духовното и на културното наследство на регионот.
Особено внимание оваа година е посветено на капиталниот проект за изградба на музеј на вода преку реконструкција на праисториска наколна населба на Дојранското Езеро. Во тек се заштитни археолошки истражувања на локалитетот Мрдаја, а основниот проект за изградба на музејот се очекува да почне во 2026 година. Идејниот проект е изработен од Заводот и Музеј – Струмица.
Музејот, кој ќе биде поставен директно на површината на езерото, ќе функционира како жив музеј на отворено, со висока едукативна и туристичка вредност. Со ваквиот пристап Дојран добива можност да се позиционира како водечка дестинација за културен и археолошки туризам во поширокиот регион, најавија од Министерството.
Во рамките на посетата на Гевгелија беше извршен увид во реализацијата на проектот за целосна реконструкција на Старата чаршија, заштитено културно наследство од XIX век. Вредноста на инвестицијата изнесува над 40 милиони денари, а проектот опфаќа: реставрација на фасадите на старите дуќани, поплочување со гранит, поставување нова урбана опрема и осветление, целосна реконструкција на подземната инфраструктура.
Со завршувањето на проектот Чаршијата ќе ја задржи својата автентичност, а истовремено ќе се трансформира во современо културно-туристичко јадро, привлечно и за жителите и за посетителите.
Вечерва, во рамките на посетата, министерот за култура и туризам Зоран Љутков ќе присуствува на фестивалот „Вкуси го југот“.
Како носител на титулата град на културата, Гевгелија се етаблира како центар на културни настани, фестивали и манифестации, кои значајно придонесуваат за развојот на локалната економија, туризмот и културниот живот во регионот.
Култура
Љутков: Нашата цел е јасна, да го заштитиме и обновиме „Македониумот“

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, заедно со стручните екипи од НУ Завод и Музеј – Прилеп, денес оствари теренска посета на споменикот „Македониум“ во Крушево – еден од најзначајните културни симболи на македонската историја.
Реконструкцијата на споменикот започна уште во 2014 година, кога беа реализирани низа значајни активности – санација на потпорни ѕидови, обнова на фасади, антикорозивна заштита, реконзервација на архитектонски елементи, како и внатрешни конзерваторски зафати и истражувања. Но, во 2017 година, сите активности беа прекинати, скелето беше симнато, а објектот остана незаштитен, со што последиците од таа негрижа се очигледни и денес, истакнуваат од министерството.
Минатата година, како што информираат, Министерството, во координација со Заводот и Музеј – Прилеп, подготви проект за интервентна заштита на објектот во вредност од 2,5 милиони денари, чија реализација ќе започне во текот на оваа година. Паралелно се работи и на подготовка на сеопфатен проект за целосна реконструкција и конзервација на споменичниот комплекс, кој се очекува да биде финализиран до средината на 2026 година. По изработката на документацијата и обезбедувањето на сите потребни дозволи, ќе отпочне реализацијата на овој капитален зафат.
„Нашата цел е јасна – да го заштитиме и обновиме ‘Македониумот’. Тој не е само архитектонски објект, туку симбол на македонскиот идентитет, историја и борба. Како Влада и како Министерство за култура и туризам, остануваме цврсто посветени на заштитата и унапредувањето на културното наследство, кое е наш стратешки приоритет,“ изјави Љутков.
Култура
(Видео) Oмилените филмови на Стивен Кинг

Мајсторот на хоророт, Стивен Кинг, е познат по своите темни романи и адаптации што го обележаа светското кино, но и по фактот дека редовно ги споделува своите омилени серии и филмови со публиката.
Стивен Кинг, познатиот мајстор на трилери и хорор, сподели листа од своите 10 омилени филмови на платформата X. Оваа листа, која ги исклучува филмовите адаптирани од неговите дела, дава увид во кинематографскиот вкус на авторот кој го обликувал хорор жанрот.
Избраните филмови вклучуваат класици од различни жанрови, од трилери и драми до комедија и научна фантастика. Кинг истакна дека листата не е по одреден редослед, нагласувајќи го богатството на квалитетни филмови достапни за публиката.
“Sorcerer”
“Godfather 2”
“The Getaway”
“Groundhog Day”
“Casablanca”
“Treasure of the Sierra Madre”
“Jaws”
“Mean Streets”
“Close Encounters of the 3rd Kind”
“Double Indemnity”