Забава
Заврши снимањето филмот „Move on“ во Македонија
Во изминатите два дена патеписниот филм „Move on“ се снимаше на неколку различни локации во Националниот парк Маврово . Со споредни улоги се појавуваат и десеттмина Македонци кои како корисници на T-Home и T-Mobile учествуваа со свои предлози во креирањето на овој интерактивен филм
Во одлична филмска атмосфера, во четвртокот доцна попладне заврши снимањето на првиот интерактивен патеписен филм во Македонија „Мove On“.
Филмот во изминатите два дена се снимаше на неколку различни локации во Националниот парк Маврово. Првиот ден, филмската екипа на чело со режисерот Асгер Лет, снимаше карди на вештачкото езеро Глобочица, додека вториот ден во селото Ничпур и неговата околина.
Главните улоги во „Move On“ им се доверени на познатиот холивудски актер со данско потекло, Мадс Микелсен („Казино Ројал“, „Тројца мускетари“, „Чудовишта наспроти Вонземјани“ и „Судирот на титаните“) и словачката актерка во подем Габриела Мерцинкова. Филмот е под режисерска палка на режисерот Асгер Лет („Духовите на Cite Soleil“, „Човек на работ“) и сценаристот Мет Гринхалг („Контрола“, биографски филм за фронтменот на Joy Division, Иан Куртис).
Но, во снимањето на возбудливите сцени од филмот „Move On“ покрај Мадс Микелсен, со споредни улоги се појавија и десеттмина Македонци кои како корисници на T-Home и T-Mobile учествуваа со свои предлози во креирањето на овој интерактивен филм, којшто е поддржан од Дојче Телеком Групацијата.
„Процесот на работата беше навистина возбудлив, но истовремено и многу напорен бидејќи целата приказна започнавме да ја снимаме во Холандија“, изјави режисерот Асгер Лет за време на последниот ден од снимањето во околината на Маврово. Тој вели дека Маврово воопшто не бил случаен избор на локација за снимање на филмот во Македонија.
„Природата која ја затекнавме овде е фасцинантна, нешто што досега го немам видено, а и самата близина до Скопје ме натера да се заддржиме во овој регион“ истакна Лет, кој што не го криеше своето задоволство од текот на снимањето во нашата земја.
Снимањето на „Move On“, кое што започна на 13-ти јули во Амстердам, продолжува. Од денеска филмската екипа се сели во Германија, поточно во Берлин каде се очекува до крајот на август да се завршат последните сцени од патеписниот филм.
Приказната на „Move On“ се фокусира на патувањето на еден човек низ различни предели на Европа и неговата мисија да испорача еден мистериозен сребрен куфер и да го заштити по секоја цена, со помош од луѓето во секоја земја. Па така, во креирањето на интерактивниот филм учествуваат вкупно 11 држави, меѓу кои и Македонија, како што се Холандија, Австрија, Словачка, Унгарија, Хрватска Црна Гора, Германија, Албанија, Бугарија и Чешка. На овој начин, секоја од државите каде е присутен Т брендот, заедно со корисниците стануваат дел од една неповторлива авантура, што е дел и од бренд филозофијата на Дојче Телеком Групацијата „Сподели доживување“. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

