Забава
Најден брод потонат пред век ипол
Канадските археолози пронајдоа брод кој што е напуштен пред повеќе од 150 години при потрагата легендарниот Северозападен премин, а кој бил во мисија да ја пронајде несреќната експедиција на прочуениот авантурист сер Џон Френклин
Според шефот на Одделот за подводна археологија на „Канадски паркови“, Марк-Андре Берние, бродот „ХМС Инвестигејтор“, напуштен во мразот во 1853 година, е пронајден во плитките води на Заливот Мерси, на северниот брег на островот Бенкс во канадскиот западен Арктик.„ХМС Инвестигејтор“ е еден од многуте американски и британски бродови кои биле испратени во потрага по „ХМС Еребас енд д терор“,бродови под команда на сер Франклин, кој биле дел од неговата несреќна потрага по Северозападниот премин во 1845 година.„ХМС Инвестигејтор“ бил под команда на капетанот Роберт Меклур кога испловил во 1850 година. Истата година, Меклур го довел „ХМС Инвестигејтор“ во теснецот кој сега го носи неговото име и сфатил дека се наоѓа на последната делница на Северозападниот премин, морскиот пат низ Северна Америка.Но, пред да исплови во Бофортското море, неговиот брод бил заробен од санта мраз и присилен да презими во Теснецот на принцот од Велс на источниот брег на островот Бенкс. Наредното лето, Меклур повторно се обидел да исплови до крајот на Преминот, но повторно патот му бил попречен од мразот. Тој го довел бродот и екипажот до еден голем залив на северниот брег на островот, кој го нарекле Залив на милоста (Bay of Mercy). Таму останале до 1853 година, кога биле ослободени од екипажот на „ХМС Резолут“.Ова, всушност, не е историја на еден брод, туку човека историја“, вели Берние. „Ова не е само историја на Преминот, туку и на екипажот од 60 луѓе кој морале три пати да презимат во Арктикот, без да знаат дали ќе преживеат“.Поради ниските температури, остатоците од бродот се одлично зачувани. Бродот нема да биде изваден на површината, а наоѓалиштето ќе биде уредено и заштитено.Од Канадски паркови се надеваат дека ситата технологија ќе се покаже успешна и во потрагата по уште полегендарниот „ХМС Еребас енд д терор“ на сер Џон Френклин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

