Македонија
Иванов: Преку институциите да се решат актуелните предизвици

Фрустрациите кои што се создаваат во македонското општество, блокадата и во НАТО и во Европската унија, на некој начин придонесуваат за огромно незадоволство, покрај неуспехот на опозицијата веќе во неколку изборни циклуси да постигне каква било победа, вели македонскиот претседател Ѓорге Иванов во интервју за емисијата „Bugajski Hour“ на познатиот американски аналитичар Јануш Бугајски, емитувана на албанската телевизија „Albanian Screen“.
За актуелните случувања на македонската политичка сцена, претседателот Иванов вели дека единствено преку институциите треба да се бараат решенија на актуелните предизвици.
„Фрустрациите кои што се создаваат во македонското општество, блокадата и во НАТО и во Европската унија, на некој начин придонесуваат за огромно незадоволство, покрај неуспехот на опозицијата веќе во неколку изборни циклуси да постигне каква било победа. Демократијата подразбира да ги користите институциите, пред се, Парламентот и сето она што го имате изнесено во јавност, преку инструментите на Парламентот, процедурите кои постојат согласно Уставот, законите, за да го постигнете она што го сакате – распишување нови избори“, вели претседателот Иванов во интервјуто за Bugajski Hour.
„Кај нас опозицијата ниту сака да се врати во Парламентот, ниту пак сака нови избори. Затоа ја прави и состојбата многу поделикатна“, објаснува претседателот Иванов.
Ситуацијата е усложнета, според Иванов, поради непризнавањето на неговиот легитимитет на дел од опозицијата, а со тоа е оневозможена и евентуалната неговата посредничка улога во надминувањето на кризата.
За забелешките во однос на подготвеноста на земјата за членство во ЕУ, претседателот Иванов, вели дека последниците од блокадите ни се наметнуваат како причина за нова блокада.
„Јас гарантирам дека Македонија ги исполнува стандардите и дури има подобри квалитети од многу сегашни членки на Европската унија. Не велам дека сме идеални, дека немаме отворени прашања во однос на сите тие забелешки. Има. Меѓутоа, не може тоа да биде алиби и последиците од блокадите сега да ни се наметнуваат како причина за нова блокада“, вели претседателот Иванов во интервју за „Bugajski Hour“.
Во однос на блокираното членство во НАТО, претседателот Иванов побара почитување на меѓународното право.
Коментирајќи ги перспективите во спорот за името, по доаѓањето на Сириза на власт во Грција, македонскиот претседател вели дека дава надеж фактот што оваа нова гарнитура не била вмешана во состојбите кои ги создавале претходните елити во Грција.
„Младите луѓе од Сириза ги знаат реалните состојби, ја знаат новата реалност и знаат која корист ја имаат кога се блиски со Македонија и со другите соседни земји, како бизнис релациите, туризмот и приходите растат во Грција од нивните соседи“, вели претседателот Иванов./крај/б/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Шукова: Време е за резултати, уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека Скопје мора да се гради со дела, а не со празни зборови.
„Вечерва не сум тука само како кандидатка за градоначалничка на Скопје. Тука сум, пред сè, како човек што верува во овој град и во луѓето што го прават Бутел дом,“ изјави Шукова.
Таа се осврна на реалните проблеми со кои се соочува општината запуштеното корито на Серава, недоволната инфраструктура, недостигот на јавен превоз и дотраената водоводна мрежа и истакна дека решенијата веќе се подготвени.
„Серава ќе стане место на кое ќе се гордееме уредено корито, пешачки и велосипедски патеки, зелена зона за сите. Новите паркови и 10.000 засадени дрвја ќе го вратат сјајот што Скопје го имаше пред децении,“ нагласи таа.
Посебен акцент стави и на водоснабдувањето и инфраструктурата:
„Денес, 60 проценти од питката вода се губи во системот. Време е за модернизација и стабилно снабдување со вода за секој дом. Новите мостови, клучки и булевари ќе го поврзат Бутел со целиот град и ќе овозможат безбедно и побрзо движење,“ рече Шукова.
Таа потсети дека во изминатите години градот беше заложник на неработење и популизам:
„Четири години ВМРО-ДПМНЕ ги запоставуваше општините. Време е за резултати, а не за слики и празни зборови. Половина од нашите проекти може веднаш да се реализираат,“ додаде таа.
Во својот говор, Шукова повика на единство и одговорност:
„Бутел не смее да биде изолиран. Бутел е почетна точка на модерното Скопје место каде што се инвестира, се гради и се слуша секој граѓанин.“
Македонија
Претежно облачно со врнежи од дожд, повремено пообилни

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови, каде се очекува локално да наврнат и над 25 l/m²дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Потоа следува претежно стабилно време со потпросечни температури за овој период од годината.