Македонија
Поранешни војници ќе се вработат во државните институции

Владата донесе одлука и акциски план согласно кои 112 поранешни припадници на професионалниот состав на АРМ, ќе бидат вработени во рамките на државните институции.
Се работи за 112 поранешни професионални војници на кои им престанала службата во АРМ поради исполнување на старосната граница заради навршени 35, односно 38 години возраст, кои што по исполнувањето на професионалниот договор останале невработени, а врз основа на законот поднеле барање за вработување и ги исполниле условите од законот за да бидат вработени.Според планот, 19 лица ќе бидат вработени во институциите на Министерството за здравство, 19 ќе бидат вработени во рамките на Управата за извршување на санкции, 45 поранешни професионални војници ќе бидат вработени во Министерството за правда и во судската полиција, а 29 во Министерството за одбрана, а потоа дел ќе останат таму, додека дел согласно потребите од останатите институции и взаемната согласност, ќе бидат прераспределени и во други државни институции.Предвидено е лицата да бидат вработени на работни места кои се соодветни на нивните образовани и професионални квалификации, а при определувањето на работното место е водено сметка за територијалниот аспект, односно е овозможено овие лица да бидат вработени во најблиска средина во однос на местото на нивното живеење.Војниците ќе добијат решенија за вработување најдоцна во текот на почетокот на следната недела.Со ова, согласно законот, се вработува и последната група на поранешни професионални војници што практично значи и исполнување на последното барање на професионалните војници од аспект на решавање на нивниот статус./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорѓиевски и Тошковски на пешачење во Градски парк: секој чекор е здравје

Градскиот парк денеска беше изборот на градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Двајцата утрото го започнаа со пешачење низ алеите на паркот, во спортска опрема и ведро расположение.
„Најубаво е денот да започне со утринско пешачење низ Градскиот парк, свеж воздух, мир и позитивна енергија. Секој чекор е здравје, секој здив е нова сила. Започни го денот со природа, а денот ќе ти врати со радост“, напиша Ѓорѓиевски во својата објава на социјалните мрежи.
Македонија
За влез и излез од државава на граничните премини се чека до 15 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез е околу 10-15 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Свежо утро, а преку ден до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
До средината на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време со дневни температури малку под просекот за овој период од годината. Потоа времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.