Култура
Велестово како глобално поетско село

Со вечер посветена на македонскиот поет Владимир Мартиновски ќе започне 23-тата „Поетска ноќ во Велестово“.
Со вечер посветена на македонскиот поет Владимир Мартиновски ќе започне 23-тата „Поетска ноќ во Велестово“.Од минатата година оваа културна манифестација се одржува во две ноќи, од кои традиционално првата е посветена на еден македонски поет и се поставува ликовна изложба на македонски уметник, а втората вечер го доби насловот „Глобално поетско село“ и со тоа манифестацијата доби и интернационален карактер.Годинава првата вечер ќе се одржи сред село, пред чешмата, а втората во дворот на поранешното училиште, сега Дом на културата во Велестово. Двете поетски вечери ќе започнат во 22 часот.Првата поетска ноќ, на 19-ти август, ќе биде посветена на поезијата на реномираниот македонски поет Владимир Мартиновски, минатогодишен добитник на наградата „Браќа Миладиновци“. Беседа за поезијата на Мартиновски ќе одржи проф. д-р Лидија Капушевска – Дракулевска. Ќе биде отворена и изложба на академскиот сликар Емилија Лазаревска. Мал концерт во текот на вечерта ќе одржи бендот „Старовски“. Стиховите ќе ги чита авторот во придружба на актерката Верица Недеска.Втората интернационална поетска ноќ во Велестово – „Глобално поетско село“ – ќе се одржи во сабота, на 20-ти август. Ќе бидат претставени пет поети од четири држави, и тоа: Сим Кера од Естонија (добитник на меѓународното признание „Мостови на Струга“ како награда за дебитантска поетска книга од УНЕСКО), Жељко Миловиќ од Црна Гора (поет, прозаист, есеист и новинар, добитник на престижни книжевни награди во Црна Гора), Патрик Котер од Р. Ирска (поет, издавач и директор на литературниот центар „Монстер“ во Корк), Лука Бенаси од Италија (поет, преведувач и новинар од Рим, препеан на повеќе европски јазици) и Елена Рибет од Италија (поет и уредник за феминистичкото списание „Нои доне“, Рим). Концерт ќе одржи бендот „Андан“ (Undone) и ќе биде отворена изложба на рачно изработен уникатен накит од филигран и дрво од авторите Елена Ристовска и Глигор Кузмановски.На поетската манифестација во Велестово со свој поетски портрет досега биле претставени најголемите македонски поети, меѓу кои: Гане Тодоровски, Јован Котески, Петре М. Андреевски, Анте Поповски, Матеја Матевски, Ефтим Клетников, Михаил Ренџов, Радован Павловски и други.Традиционално, на секоја „Поетска ноќ во Велестово“ се поставуваат ликовни изложби на реномирани македонски автори, како Коле Манев, Сергеј Андреевски, Боро Митриќески, Мирослав Масин и други.Минатата година на интернационалното поетско читање учествуваа поети од Сирија, Турција, Србија и Израел.Манифестацијата во Велестово е помогната од Министерството за култура на Република Македонија, Општина Охрид, ЕЛЕМ, Комерцијална банка, „Белведере“ и други./крај/макфакс/т.д.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Инвестиции за заштита на културното наследство и развој на културниот туризам, најавија надлежните

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, заедно со стручниот тим од Заводот и Музеј – Струмица, денеска реализира работна посета на општините Дојран и Гевгелија, со цел увид во тековните и во планираните проекти од областа на културата и културното наследство.
Во Стар Дојран беше извршен увид во црквата „Св. Илија“, значаен објект од 19 век, со висока историска, архитектонска и духовна вредност. Министерството најавува продолжување на активностите за конзервација и реставрација на овој објект, кој претставува симбол на духовното и на културното наследство на регионот.
Особено внимание оваа година е посветено на капиталниот проект за изградба на музеј на вода преку реконструкција на праисториска наколна населба на Дојранското Езеро. Во тек се заштитни археолошки истражувања на локалитетот Мрдаја, а основниот проект за изградба на музејот се очекува да почне во 2026 година. Идејниот проект е изработен од Заводот и Музеј – Струмица.
Музејот, кој ќе биде поставен директно на површината на езерото, ќе функционира како жив музеј на отворено, со висока едукативна и туристичка вредност. Со ваквиот пристап Дојран добива можност да се позиционира како водечка дестинација за културен и археолошки туризам во поширокиот регион, најавија од Министерството.
Во рамките на посетата на Гевгелија беше извршен увид во реализацијата на проектот за целосна реконструкција на Старата чаршија, заштитено културно наследство од XIX век. Вредноста на инвестицијата изнесува над 40 милиони денари, а проектот опфаќа: реставрација на фасадите на старите дуќани, поплочување со гранит, поставување нова урбана опрема и осветление, целосна реконструкција на подземната инфраструктура.
Со завршувањето на проектот Чаршијата ќе ја задржи својата автентичност, а истовремено ќе се трансформира во современо културно-туристичко јадро, привлечно и за жителите и за посетителите.
Вечерва, во рамките на посетата, министерот за култура и туризам Зоран Љутков ќе присуствува на фестивалот „Вкуси го југот“.
Како носител на титулата град на културата, Гевгелија се етаблира како центар на културни настани, фестивали и манифестации, кои значајно придонесуваат за развојот на локалната економија, туризмот и културниот живот во регионот.
Култура
Љутков: Нашата цел е јасна, да го заштитиме и обновиме „Македониумот“

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, заедно со стручните екипи од НУ Завод и Музеј – Прилеп, денес оствари теренска посета на споменикот „Македониум“ во Крушево – еден од најзначајните културни симболи на македонската историја.
Реконструкцијата на споменикот започна уште во 2014 година, кога беа реализирани низа значајни активности – санација на потпорни ѕидови, обнова на фасади, антикорозивна заштита, реконзервација на архитектонски елементи, како и внатрешни конзерваторски зафати и истражувања. Но, во 2017 година, сите активности беа прекинати, скелето беше симнато, а објектот остана незаштитен, со што последиците од таа негрижа се очигледни и денес, истакнуваат од министерството.
Минатата година, како што информираат, Министерството, во координација со Заводот и Музеј – Прилеп, подготви проект за интервентна заштита на објектот во вредност од 2,5 милиони денари, чија реализација ќе започне во текот на оваа година. Паралелно се работи и на подготовка на сеопфатен проект за целосна реконструкција и конзервација на споменичниот комплекс, кој се очекува да биде финализиран до средината на 2026 година. По изработката на документацијата и обезбедувањето на сите потребни дозволи, ќе отпочне реализацијата на овој капитален зафат.
„Нашата цел е јасна – да го заштитиме и обновиме ‘Македониумот’. Тој не е само архитектонски објект, туку симбол на македонскиот идентитет, историја и борба. Како Влада и како Министерство за култура и туризам, остануваме цврсто посветени на заштитата и унапредувањето на културното наследство, кое е наш стратешки приоритет,“ изјави Љутков.
Култура
(Видео) Oмилените филмови на Стивен Кинг

Мајсторот на хоророт, Стивен Кинг, е познат по своите темни романи и адаптации што го обележаа светското кино, но и по фактот дека редовно ги споделува своите омилени серии и филмови со публиката.
Стивен Кинг, познатиот мајстор на трилери и хорор, сподели листа од своите 10 омилени филмови на платформата X. Оваа листа, која ги исклучува филмовите адаптирани од неговите дела, дава увид во кинематографскиот вкус на авторот кој го обликувал хорор жанрот.
Избраните филмови вклучуваат класици од различни жанрови, од трилери и драми до комедија и научна фантастика. Кинг истакна дека листата не е по одреден редослед, нагласувајќи го богатството на квалитетни филмови достапни за публиката.
“Sorcerer”
“Godfather 2”
“The Getaway”
“Groundhog Day”
“Casablanca”
“Treasure of the Sierra Madre”
“Jaws”
“Mean Streets”
“Close Encounters of the 3rd Kind”
“Double Indemnity”