Македонија
Телефонски ќе се закажуваат посетите во затворот во Шутка

Граѓаните отсега ќе имаат можност телефонски да закажат посети во затворот во Шутка, соопштуваат од Основниот суд Скопје 1.
Ќе треба да се јават на телефонскиот број 02/3115706 и да ги остават своите податоци, како и податоците за лицето кое сакаат да го посетат.Доколку ги исполнуваат условите за посета, судскиот службеник ќе ги контактира за точниот ден и времето од денот кога може да ја реализираат посетата. Затворoт ќе биде мрежно поврзан со судот, и така ќе добива соодветна евиденција за тоа кој граѓаниn конкретниот ден има дозвола за посета, додека, пак, затворот ќе испраќа повратна евиденција за тоа колку од посетите биле реализирани.Обврска на граѓаните ќе биде со себе да понесат лична карта или друг документ за лична идентификација.Единствено граѓаните кои првпат поднесуваат барање за посета ќе бидат должни да дојдат до судот и да ги приложат сите неопходно документи за да се утврди во кое својство се со притвореното лице.„Со овој систем значително ќе се намали времето кое е неопходно за издавање на овие дозволи, а граѓаните нема да имаат потреба за секоја посета да доаѓаат до судот и да поднесуваат ново барање. Воедно, посети ќе може да се закажуваат секој работен ден и со тоа ќе се добие оптимално искористување на времето и просторот во Затвор Скопје кој на дневна база е на располагање на судот за посети. Ова е еден од проектите кој се реализира по иницијатива и со сопствени средства на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, а во соработка со други институции“, соопштуваат од Судот.Засега оваа придобивка ќе важи само за затворот Скопје. Досега граѓаните за секое барање што го поднесуваат мораa да дојдат до судот, да поднесат барање и да чекаат судијата да им одобри посета. Потоа требаше да дојдат во Судот да го земат документот со кој ќе може да одат во посета во затвор./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорѓиевски: Пожарот е злосторство против народот, скопјани не смеат да се гушат во чад и отров

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, реагираше по повод големиот пожар што избувна во Скопје, оценувајќи го како директна закана за здравјето на граѓаните и за животната средина.
„Во овој момент сведочиме на ужас што не смее да се повтори – огромен пожар ја уништува животната средина и директно го загрозува здравјето на скопјани,“ изјави Ѓорѓиевски.
Тој истакна дека од самиот почеток, заедно со колегите Бобан и Дејан, е на терен и дека се вложуваат максимални напори за ставање на пожарот под контрола.
„Ангажиравме општествено одговорни компании кои со машинерија и песок помагаат во негово затрупување. Со нас се и екипите на Противпожарната служба од Скопје и МВР. Се користат сите расположливи сили за ставање под контрола на оваа катастрофа,“ нагласи Ѓорѓиевски.
Тој го нарече настанот „злосторство против народот и луѓето на Скопје“ и порача дека „некој си игра со трпението и здравјето на граѓаните“.
„Упатувам апел до сите надлежни институции: постапете итно и безмилосно! Скопје и неговите граѓани не смеат да се гушат во чад и отров,“ рече кандидатот за градоначалник на Скопје.
Ѓорѓиевски додаде дека ќе останат на терен со граѓаните сѐ додека пожарот целосно не биде изгаснат.
Македонија
Движењето „Стоп за Вардариште“ во понеделник наутро ќе го блокира мостот „Близнаци“

Движењето „Стоп за Вардариште“ ја информира јавноста дека на ден 15.09.2025, понеделник, покрај протестот во 18:00 часот, ќе се одржи и протест со почеток од 07:30 часот наутро, со блокада на мостот „Близнаци“ помеѓу општините Аеродром и Гази Баба.
„Овој чекор го преземаме поради немањето слух на надлежните органи за нашите барања и се поголемото труење кое му се прави на овој народ.
Ги повикуваме работодавците да бидат толерантни за работниците кои ќе задоцнат тој ден на работа“, се вели во известувањето на Движењето „Стоп за Вардариште“.
Македонија
Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок

Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Тој беше прашан дали огнот досега соодветно се гаснел со вода, пришто појасни дека дел од пожарот зафаќа дрвја, даски, пластика и друг запалив материјал. Делот во кој се наоѓа електронскиот отпад, рече Ангелов, се изолира и ќе биде гаснет со песок. Најави и дека во секој момент ќе пристигне голема количина на песок.