Забава
Саудиска Арабија ќе ја гради највисоката кула на светот
Дубаи, која долги години е светски рекордер според најголемите, најдолгите и најскапите работи, наскоро ќе добие конкуренција во соседната Саудиска Арабија.
Познатата кула Бурџ Калифа во Дубаи наскоро би можела да остане без титулата највисока града во светот според Гинисовата книга на рекордите, доколку Саудиска Арабија го реализира планот за градењето на уште поголем облакодер кој би требало да го носи називот Кула на кралството во Џеда. А тоа, како што пренесува американската телевизиска мрежа CNN повикувајќи се на списанието Construction Weekly, е многу извесно, бидејќи работите на кулата започнуваа следната седмица.
Овој облакодер во Џеда би требало да биде висок илјада метри, додека Бурџ Калифа е висока 827 метри. Градењето би требало да чини 1,23 милијарди американски долари. Според најавите во нејзиното градење ќе бидат потрошени милион кубни метри бетон и околу 80 илјади тони челик.
Кога ќе биде завршена, зградата ќе има вкупна површина од повеќе од 500 илјади квадратни метри и 200 ката. Ќе има и 59 лифтови, од кои пет ќе бидат двојни. Оние лифтови коишто ќе бидат наменети за посетителите коишто ќе сакаат да „фрлат” поглед од видиковецот ќе се движат со брзина од 10 метри во секунда.
„Кулата на кралството” ќе биде всушност централниот дел од Кралскиот град кој би требало да чини околу 15 милијарди евра, непосредно северно од Џеда во насока кон Црвеното Море.
Новата населба/град ќе опфаќа површина од неколку милиони квадратни метри урбан простор, вклучително станбени и комерцијални недвижности, хотели, канцеларии, продавници, образовни и трговски центри.
„Визијата за изградбата на највисоката кула на светот во Џеда потекнува од неговото величество принцот Ал Валид бин Талал”, изјавил Валид Абдул Џалил Батерџи, извршен директор на компанијата „Jeddah Economic Company”.
„Неговата идеја , исто така, е дека самиот проект ќе му донесе светска слава на нашето сакано Кралство Саудиска Арабија и особено на Џеда. Проектот, истовремено, ќе помогне да се создадат стотици работни места за напите саудиски сограѓани”, додал Бтерџи./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

