Забава
Бурниот и необичен сексуален живот на Анџелина Џоли
Љубовниот и сексуалниот живот на познатата американска актерка, Анџелина Џоли секогаш предизвикува интерeс во јавноста, особено откако во понеделникот поднесе барање за развод од својот сопруг, познатиот актер, Бред Пит, со кого беа заедно десет години и две години беа во брак.
Иако во едно интервју, Џоли изјави дека спиела само со четворица мажи, од кои со тројца била во брак, нејзината љубовна историја е многу покомплицирана. Анџелина Џоли имала многу бурен живот кој го раскажа во неколку интервјуа во коишто зборува за нејзините врски и за нејзината сексуалност. „Уште во градинка бев дел од групата која се нарекуваше ‘Kissy Girls’, Девојки кои се бакнуваат. „Мојата сексуалност беше изразена уште тогаш. Смислив игра во која се бакнував со момчињата и им оставав љубовни загризи“, изјави Џоли.Невиноста ја изгубила на 14 години и нејзината мајка знаела за тоа. „Кога имав 14 години, имав два избори: да се однесувам неодговорно и тоа да го направам со моето момче на улиците или во својата спална соба, додека мојата мајка е во соседната“, откри за „Cosmopolitan“ во 2003 година.Во тинејџерските денови била фасцинирана со ножеви и почнала да се самоповредува. „Кога влегов во светот на сексот, емоциите кои ми ги пружаше не беа доволни. Веќе не бев девојче. Во моментот кога сакав да се почувствувам поврзана со своето момче, го зедов ножот и го исеков. И тој ме исече мене. Разменивме нешто прекриени во крв и срцето брзо ми тропаше. Од тогаш, кога и да се најдев во небрано, ја сечев мојата кожа. Имам многу лузни. Бев во години кога сакав авантури и многу работи ми се случуваа по неколку пива“, изјави Џоли.До дваесетата година ја пробала речиси секоја дрога којашто постои, меѓу кои коакин, екстази, ЛСД и нејзиниот омилен хероин. Вели дека од „мрачните денови“ ја спасил нејзиниот прв маж, Џони Ли Милер, Се запознале на снимањето на филмот „Хакери“ во 1995 година и таа подоцна призна дека со него ја имала првата сексуална врска по нејзиното прво момче.Исто така Милер бил првиот актер со кого била во врска. Кога се разведе од него, имаше прва истополна врска со моделот и актерката Џени Шимицу, која ја запозна во текот на снимањето на филмот “Foxfire” во 1996 година.„Најверојатно ќе се венчавме, да не се омажев за својот сопруг. Се заљубов во нејзе истиот момент кога ја видов’, велеше Џоли. Меѓутоа Шимицу тврдеше дека со неа имала афера и додека Анџелина била во брак со Милер. Поднесе барање за развод во 1999 година. Следната година предизвика контроверзии кога беше фотографирана како се бакнува со својот брат Хејвен на доделувањето на наградите Golden Globes, а неколку месеци подоцна, кога го примаше Оскарот за најдобра споредна улога во филмот “Girl, Interrupted”, изјави „Сега сум толку заљубена во својот брат“.Истиот месец започна врска со актерот Били Боб Торнтон и два месеци подоцна се венчаа во Лас Вегас. Парот се запозна претходната година на снимањето на филмот “Pushing Tin”, во кој Анџелина ја глумепе младата жена на Торнтон која почнува да го изневерува со неговиот ривал кој го глуми Џон Кјузак. Тие наводно не биле во врска за време на снимањето, бидејќи тој тогаш беше верен со актерката Лора Дерм, а за Анџелина се зборуваше дека е во врска со Тимоти Хатон, со кој глумеше во филмот “Playing God” во 1997 година.Џоли и Торнтон често беа на насловните страници со своето необично однесување и тетоважите. Во 2002 година објавија дека планираат да посвојат дете од Камбоџа, но се разедоа само три месеци подоцна. „Сѐ се случи одненадеж. Преку ноќ се променивме. Еден ден се погледнавме и повеќе немавме ништо заедничко“, изјави во едно интервју. Тогаш изјави дека не планира да влегува во нова врска уште седум години, но во 2005 година започна врска со Бред Пит. Парот наводно започнал тајна врска додека го снимале филмот „Господин и госпоѓа Смит“, додека Пит сѐ уште беше во брак со актерката Џенифер Анистон. Џоли тоа не го признаваше, но рече дека се заљубила во Пит за време на снимањето.„Да бидам во врска со оженет човек, знаејќи дека мојот татко ја изневеруваше мајка ми, е нешто што не би можела да си го простам. Не би можела себеси да се погледнам во огледало. Не би можел ниту да ме привлече маж што ја изневерува својата жена“, изјави Џоли. Сепак, веќе слената година статусот на нивната врска беше потврден, кога јавноста дозна дека Џоли е бремена. По седум години и шест деца, објавија веридба во април 2012 година, а се венчаа на 23 август 2014 година. Иако ја поврзуваа со многу колеги, Џоли тврдеше дека спиела само со четворица мажи во животот, од кои со тројца била во брак. Меѓутоа, во интервју за „New York Post“ во 2004 година призна дека имала многу необврзувачки односи со мажи.„Две години поминав без мажи, а потоа одлучив да се зближам со некои со кои ми беа веќе пријатели. Тоа е зрел начин да бидете во зрела врска. Колку лудо и да звучи, сега можам да поднесам да се видам со маж во хотелска соба, а потоа да се вратам дома и да го заспијам синот и тој човек да не го видам во наредните неколку месеци. Можам да се почуствувам како жена и да се зближам со маж, но не во врска која влијае на моето семејство. Никогаш сум немала секс за една вечер и луѓето со кои сум била, многу добро го знаат тоа“, изјави Џоли.Џоли го поднесе барањето за развод две години откако се венчаа на својот имот во Франција. Во своето соопштение наведе дека тоа го прави заради здравјето на нејзиното семејство, а во судските документи како причина за разводот ги наведува непомирливите разлики. Двојката има шест деца, 15-годишниот Медокс, 12-годишниот Пакс, 11-годишната Захара, 10-годишниот Шајло и осумгодишните блзинаци Вивиен и Нокс. Наводно на сопругот му кажала дека сака развод само неколку дена пред да ги поднесе документите. Некои медиуми пишуваат дека актерката била несреќна подолго време и постојано се карале за нивната иднина. „Се обиде да го сочува бракот поради нивните деца, но почна да станува тешко да гради иднина со него. Нивните животи се движат во потполно различни правци. Анџелина сака да биде хуманитарка, додека Пит сѐ уште живее холивудски начин на живот е се наоѓа во некоја криза на средните години“, изјавил извор близок на семејството./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Парис Хилтон се сврши – повторно
Само пет години откако првпат го постави големото прашање, бизнисменот Картер Реум реши да го повтори сценариото на Денот на вљубените. Ја запроси својата сопруга Парис Хилтон повторно да се омажи за него, дознава ексклузивно „Пипл“.
Романтичниот настан се случил за време на зајдисонце на плажа во Туркс и Кајкос, но овој пат бил малку поинаков. На свршувачката присуствувале и нивните деца – синот Феникс и ќерката Лондон, кои ги добија преку сурогат мајка.
„Овој пат беше помагично од првиот пат“, рече Хилтон, додавајќи: „Сцената беше толку емотивна и посебна за нас, бидејќи Феникс и Лондон беа таму“, изјавила таа за „Пипл“.
Парис носеше лежерен бел фустан за пригодата што ја истакнуваше нејзината завидна фигура, но и нејзината убавина. Судејќи според фотографиите, самиот настан бил посветен на белата боја, бидејќи децата и сопругот носеле бели комбинации.
Богатата наследничка ги објави фотографиите на социјалните мрежи, а честитките постојано пристигнуваа.
„На Денот на вљубените, само неколку дена пред мојот роденден, мојот вечен партнер за Денот на вљубените повторно ми предложи брак и јас реков „ДА“ – повторно. Но, овој пат не бевме само сопруг и сопруга, туку бевме мама и тато. Феникс и Лондон ја гледаа љубовта што ги направи… Засекогаш не е доволно долго со тебе, Картер“, заклучи Парис, а објавата беше проследена со честитки и желби за добро здравје.
„Честитки, толку ми е мило што те гледам“, „Среќен роденден, те сакаме“, „Ова е љубов“, се само некои од коментарите…
Забава
(Фото/Видео) Сидни Свини продолжува да објавува жешки фотографии – и нема намера да престане
Сидни Свини веќе некое време е главна тема на светските медиуми, особено сега кога ја лансираше својата колекција долна облека.
Се чини дека самата линија не е толку популарна како жешките кадри од модните кампањи за овој бренд, каде што главниот лик е самата себе. За кратко време успеа да профитира од својот сексапил, а сега се врати со нова колекција „Midnight Snack“.
Инспирацијата за оваа модна кампања ја пронајде во естетиката на 80-тите, а провокативните кадри беа составен дел од неа и овој пат. Како што можете да видите, таа позираше без панталони во заводливо издание кое прикажува унисекс модни парчиња.
За разлика од претходните две колекции, кои го нагласуваа женскиот сексапил, оваа става акцент на парчиња облека кои се родово флуидни и родово неутрални, а се изработени од памук.
Во овој поглед, тука имавме можност да ја видиме зачудувачката актерка во атрактивен аутфит – бела маица, гаќички и кошула во боја на лаванда која, со својот крој, многу потсетува на машка облека.
Таа ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за опуштени бранови, а кога станува збор за шминка, користеше пастелни и земјени тонови.
Фотографиите ги излудија многубројните обожаватели на Сидни.
Забава
Никој нема да може да ги запре до крајот на годината: Златно доба за овие 4 хороскопски знаци
Годината 2026 носи силни астролошки промени што ќе им дадат на некои знаци дополнителен поттик.
Планетарните транзити поттикнуваат храброст, решителност и појасни цели, а одредени знаци особено ќе почувствуваат бран енергија што ги турка кон успех.
За нив, пречките нема да исчезнат, но ќе имаат сила и фокус да ги надминат. Еве четири хороскопски знаци кои имаат потенцијал да бидат незапирливи до крајот на 2026 година.
Овен
Овенот влегува во период во кој му се дава простор да се докаже. Енергијата на годината поттикнува иницијатива и лична храброст, а Овенот ќе биде подготвен да преземе ризици таму каде што другите се двоумат. Во бизнисот, ова може да значи преземање поодговорна позиција или започнување сопствен проект.
Во љубовта, тие стануваат подиректни и појасни во изразувањето на своите желби. Клучот за нивната сила ќе биде способноста да останат доследни на своите цели и да не се откажат при првата пречка.
Лав
Лавовите ќе доживеат силен пораст на самодовербата во текот на 2026 година. Нивната потреба за истакнатост и креативно изразување доаѓа до израз, а околностите честопати ќе работат во нивна корист. Можностите поврзани со јавно говорење, лидерство и проекти што бараат храброст се особено нагласени.
Во нивниот приватен живот, тие ќе бидат магнет за внимание, но ќе мора да внимаваат да не дозволат нивното его да ги засени вистинските потреби на партнерот. Кога Лавот ќе најде рамнотежа помеѓу гордоста и дарежливоста, тие стануваат речиси незапирливи.
Шкорпија
Шкорпиите влегуваат во фаза на длабока внатрешна трансформација што им дава дополнителна сила. Она што го граделе со години сега може да донесе конкретни резултати. Нивната упорност и способност да ја препознаат вистинската можност доаѓаат до израз, особено во финансиите и долгорочните планови.
Во врските, тие стануваат поискрени и подготвени да донесуваат сериозни одлуки. Нивната предност лежи во нивното трпение и способност да не се откажат додека не ја постигнат својата цел.
Јарец
Во 2026 година, Јарците ќе имаат јасност што не ја почувствувале долго време. Долгорочните планови почнуваат да се остваруваат, а трудот вложен во претходните години дава резултати. Можно е напредување во бизнисот или финансиска стабилизација. Во нивниот приватен живот, тие бараат сигурност и сериозност, но и повеќе топлина.
Нивната дисциплина и фокус ги прават еден од најстабилните знаци оваа година. Кога Јарецот ќе одлучи дека нешто вреди за трудот, малку може да го запре.

