Култура
Вечерва почнува Топлиот културен бран во Кичево

Со повеќе културни содржини вечерва во Кичево започнува првиот дел од третото издание на манифестацијата „Топол културен бран“ кој ќе трае до 31 јули, вториот дел започнува на 20 август, а ќе трае до крајот на месецот
Жителите на 35 општини е имаат можност во своите места да видат над сто културни настани, најзначајните остварувања на националните установи, како и актуелни проекти на локалните здруженија и поединци. Програмата ги опфаќа сите дејности од областа на културата и различни содржини – домашни и меѓународни – концерти, изложби, театар, фолклорни изведби, филмски проекции.Манифестацијата што „Топол културен бран“ ја организира Министерството за култура, заедно со единиците на локалната самоуправа.Во Киечво програмата на манифестацијата се состои од проекции на домашни и на странски филмови во соработка со Кинотеката на Македонија, концерт на културно-уметнички друштва од Македонија, Србија, Косово, Полска, Турција и Романија, концерт на популарна музика со Влатко Лозановски, Маријан Стојановски, Јоце Панов, Пеце Ристески, Сашко Савески, Вики Среброва и Фани Христовска, поетски читања на поетите од Струшките вечери на поезијата, па повторно фолклорна вечер со гости од Србија, Бугарија, Романија, Турција и Македонија, изложба на дела од Меѓународната кичевска ликовна колонија итн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Ал Пачино се плаши да го гледа култниот филм од 70-тите

Ал Пачино со децении ја изненадува публиката – не само со неговите прекрасни улоги, туку и со неговите лични преференци и необични изјави.
Иако неговото место меѓу актерските легенди е несомнено, Пачино сепак успева да ги збуни и насмее луѓето со неговото признание дека не ги гледал некои од најважните филмови на сите времиња – дури ни оние што ги направиле неговите поранешни соработници.
Еден таков случај го вклучува режисерот Вилијам Фридкин, човек чии филмови го одбележаа американскиот Нов бран, но и ги поместија границите на она што публиката може да го толерира.
Фридкин е познат по шокантните теми и бескомпромисниот стил на работа, а неговиот филм „Крстарење“ од 1980 година, со Пачино во главната улога, е запаметен по контроверзниот заплет и непријатната атмосфера.
Но, и покрај нивната професионална соработка, Пачино со години избегнуваше да го гледа еден од најпознатите филмови на Фридкин – од страв.
Филмот, кој ја шокираше публиката ширум светот и ја налути црквата, беше познат по долгите редици надвор од кината, луѓето што ги напуштаа кината поради гадење и шокантните приказни од сетот.
„Никогаш не сум го гледал „Егзорцист“.
Иако многу ја ценел работата на Фридкин, Пачино немал храброст да го гледа филмот кој се смета за еден од најстрашните на сите времиња.
Иако не се плаши да ги преземе најпребирливите улоги на екранот, овој филм го избегнува со децении. Но, со оглед на тоа колку длабоко тој филм влијаеше на културата и публиката ширум светот, можеби е само прашање на време кога Пачино конечно ќе одлучи да го види.
Култура
Полскиот режисер Кемпински ќе режира претстава во Македонија

Еден од најдобрите полски режисери Грзегорз Кемпински ќе режира македонска претстава. Во продукција на независниот театар „Отпишани“, македонската публика, наесен, ќе има можност да ужива во претставата „Животот е краток и нејасен“, чиј автор е македонскиот драмски писател Марјан Анѓеловски.
Сатиричната драма „Животот е краток и нејасен“ преку еден апсурден начин зборува за системот на загубени вредности, кој го разорува корупција и колективно безумие. Грзегорз Кемпински (Grzegorz Kempinsky) е еден од најреномираните полски режисери, добитник на голем број меѓународни награди од областа на театарот и филмската уметност.
Претставата „Животот е краток и нејасен“ доаѓа по одличниот успех на претставата „Среќен мртовец“ во продукција на театарот „Отпишани“, каде главната улога ја толкува легендарниот актер Благој Чоревски.
Култура
Објавени конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ за 2025 година

Министерството за култура известува дека Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „11 Октомври“ за 2025. Со оваа награда се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија. Наградата се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјава.
Воедно, Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „22 Ноември“ за 2025 година. Со оваа награда пак, се оддава признание на личностите од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебно разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во земјава.
Конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ за 2025 година траат од 1 до 31 мај 2025 година.