Македонија
Две обвинети од „Јустиција“ тешко болни, судењето одложено

Почетокот на судењето за случајот „Јустиција“ во кој обвинети се судии и стручни соработници од Одделот за прекршоци при Основниот суд Скопје 1 повторно се одложи бидејќи две од обвинетите биле тешко болни и не беа присутни во судницата.
Едната од обвинетите имала инфекција на жолчката и се наоѓа на Клиниката за токсикологија, додека другата обвинета била на Клиниката за радиологија, бидејќи имала тумор на мозокот.„Овие луѓе доживеаја стресови од апсењето“, рече адвокатот на дел од обвинетите, Ефто Спировски кој на претходното одложување изјави дека целиот случај е фарса за понижување на големи професионалци со над 30-годишно судиско искуство.Во обвинението се вели дека обвинетите воделе постапка без да се појават странките, а судските казнени пресуди биле внесувани како извршени, но биле чувани во фиоки сè до нивно застарување, а се ставал и противзаконски изготвен штембил дека постапката се запира.Во акцијата „Јустиција“, која се случи лани во октомври, беа уапсени дваесет и пет лица од Одделот за прекршоци при Основниот суд Скопје 1 под сомнение за кривичното дело несовесно работење во службата. Јавно обвинителство – Скопје, во меѓу време, склучи седум спогодби со судии и судски службеници кои ја признаа вината и тие беа осудени на условна казна. Против петмина, пак, кривичната постапка беше запрена бидејќи се утврдило дека нема кривично дело кај нив.Со обвинението се опфатени 13 лица. Меѓу нив има и пензионирани судии, додека останатите, кое се во работен однос, се суспендирани од работа. Сите обвинети се бранат од слобода. /крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Гори фабрика за пластика во Трубарево, црн чад се издигна над Скопје

Голем црн чад се издигна над главниот град, алармираат граѓаните од повеќе скопски населби.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, потврди дека пожарот е пријавен во фирмата „Нула отпад“, но не соопшти дополнителни детали.
Директорот на ЦУК, Мухамед Али, соопшти дека пожарот е пријавен преку бројот за итни повици Е-112 и дека екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје се веќе на терен, каде гори фабрика за пластични работи.
Повеќе детали ќе бидат соопштени во текот на денот.
Македонија
Македонија го добива првиот Водич за перименопауза – историски исчекор кон системска грижа за женското здравје

За првпат во Македонија, жените и здравствените професионалци добиваат Водич кој се базирана на медицина заснована на докази кој на јасен и практичен начин дава насоки за препознавање, третман и поддршка во периодот на перименопаузата.
Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО), во соработка со ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, денеска на XXI Конгрес на Македонското лекарско друштво пред македонската стручна јавност го претставија Првиот национален Водич за перименопауза – резултат на повеќемесечна работа на мултидисциплинарна експертска група.
Перименопаузата е фаза низ која поминува секоја жена, но до денес во Македонија таа не беше препознаена на институционално ниво, ниту пак постоеја стандарди за тоа како да се третираат симптомите или да се обезбеди соодветна поддршка. Со овој Водич, за првпат се воспоставуваат јасни и унифицирани насоки за матичните гинеколози и семејните лекари, со цел жените да добијат навремена и квалитетна грижа.
Во период кога бројот на жени во перименопауза и постменопауза расте – глобално достигнувајќи над 1,2 милијарди – Водичот за перименопауза претставува одговор на сериозните предизвици со кои се соочува здравствениот систем, како што се зголемениот ризик од кардиоваскуларни заболувања, остеопороза, когнитивен пад и други хронични состојби.
„ХЕРА ја иницираше соработката со МАГО затоа што веруваме дека преку медицина базирана на докази и мултидисциплинарен пристап можеме да го подобриме пристапот до грижа за жените во перименопауза. Овој Водич е прв системски чекор во таа насока.“ – изјави Весна Матевска од ХЕРА.
Водичот содржи систематизирани насоки за:
· рано препознавање и соодветен третман на симптомите,
· едукација на здравствените работници од примарното и секундарното ниво,
· подобрување на информираноста и поддршката на пациентките,
· воспоставување мултидисциплинарен пристап во третманот,
· унапредување на пристапноста до услуги за сите жени.
„Водичот за перименопауза дава основни насоки да не потсети како здравствени работници и соработници кои се симптоми и болести може да настанот во периодот на перименопаузата. Меѓутоа и да помогне на здравствените работници со сите анекси и прашалници, кои ќе бидат од најголема корсит за пациентките кои доаѓаат на преглед кај своите матични лекари и гинеколози“ – изјави проф. д-р Глигор Тофоски.
Со овој Водич, Македонија воспоставува први јасни стандарди за системска грижа за жените во перименопауза.
На денешниот настан свои изјави дадоа:
· Проф. д-р Глигор Тофоски – специјалист по гинекологија и акушерство,
· Проф. д-р Катарина Ставриќ – Претседателка на катедра по семејна медицина,
· Спец. д-р Борислава Спировска – матичен гинеколог,
· Весна Матевска – програмска раководителка во ХЕРА.
Македонија
„Не може децениски проблеми да се решат преку ноќ“ – ВМРО реагира на обвинувањата за загадувањето и отпадот

ВМРО-ДПМНЕ реагира на изјавите на СДСМ за загадувањето и управувањето со отпадот, обвинувајќи ја опозициската партија дека додека била на власт не понудила никакви решенија.
„Срамно е СДС да зборува за чист воздух. Тие ќе останат запаметени по тоа што наместо да се фатат за работа, организираа протести, а меѓу нив беа и тогашни министри и заменици министри,“ стои во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ потсети дека во 2017 година протестите за чист воздух ги поддржувале и тогашните кандидати за градоначалници на СДСМ, а поранешниот премиер Зоран Заев ветил решавање на проблемот со Вардариште – ветување што не било исполнето.
Во реакцијата се спомнува и актуелната кандидатка за градоначалник на Скопје, Каја Шукова, која доаѓа од Министерството за животна средина, со критика дека не понудила решенија за клучните еколошки проблеми.
„Надлежните сектори се на терен и работат на санирање на проблемот со отпадот. ВМРО-ДПМНЕ тековно работи на решавање на проблемите на граѓаните, но децениски проблеми не можат да се решат преку ноќ,“ наведуваат од партијата.