Македонија
Адеми: Доживотното учење е моќна алатка за намалување на невработеноста

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, во четврток присуствуваше на манифестацијата Денови на доживотно учење.
Оваа манифестација се организира по 12ти пат со цел да го промовира концептот на доживотно учење, како учење и образование кое се стекнува во текот на целиот живот, независно од возраста, полот, етничката припадност.
„Преку овие кампањи со бројни настани се насочува вниманието на јавноста кон значењето и улогата на учењето и се влијае на подигнување на свеста на граѓаните за тоа, доколку континуирано се образуваат и надградуваат ќе бидат поконкурентни на пазарот на труд. Во тој контекст, доживотното учење претставува моќна алатка за намалување на невработеноста, градење на култура на учење и општество базирано на знаење“, рече Адеми. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Влен“: Украдениот имот ќе им се врати на граѓаните, Фетаи на чело на Советот за конфискација

„Со години, граѓаните гледаа како неколку луѓе крадат и се збогатуваат од сопствената пот, додека ДУИ чуваше стража и им обезбедуваше столче. Оваа ера е завршена“, велат од „Влен“.
„Со одлуката на Владата, еден од лидерите на ВЛЕН, вицепремиерот Арбен Фетаи, е назначен на чело на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот. Ова е највисоката институција што ќе гарантира дека никој нема да може да го задржи имотот стекнато преку корупција и криминал.
За прв пат, Албанците го водат механизмот што им го зема имотот на крадците и го враќа за јавен интерес. Ова е разликата помеѓу оние што ги штителе криминалците и државата што денес, благодарение на ВЛЕН, им го конфискува имотот.
ДУИ/НАИ викаат за „српски свет“, но нивниот единствен свет е оној на корупцијата и нередот што го оставија зад себе во секоја општина. ВЛЕН никогаш нема да дозволи надворешни влијанија што го поткопуваат евроатлантскиот пат. Ние сме членки на НАТО и меѓународните извештаи како што е Центарот за борба против дезинформациите на Западен Балкан се сериозно предупредување за нив.
Накратко, тие врескаат за власт и бараат начин да избегаат од корупцијата што ги зафатила. Ние дејствуваме за граѓаните, ги оживуваме општините и ќе го вратиме украденото богатство на оние што му припаѓаат: граѓаните“, се додава во соопштението на „Влен“.
Македонија
Делови од Аеродром и Центар денеска без вода

По добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација, Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, информира дека денеска поради планирани зафати без водоснавбдување ќе останат:
· поради изведувње на водоводен приклучок од Ф- 100мм на ул.Пандил Шишков 9, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица на високата зона од број 1 до бр.49 и дел од корисниците на ул.Вангел Тодоровски, Руди Чаевац, и Коста Новаковиќ, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до санирање на дефектот, општина Аеродром;
· поради изведувње на водоводен приклучок од Ф-400мм на ул.Мирче Ацев, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Бул.Кочо Рацин, Славко Јаневски (по старо Стив Наумов), Тетовска, Славе Георгиевски Шнајдерот и дел од Бул.Крушевска Република, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот, општина Центар.
Македонија
Претпладне променливо облачно, а попладне сончево со умерена облачност

Претпладне променливо облачно, а попладне сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Времето во наредните денови
Во сабота во југоисточните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Во недела повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа со поинтензивни процеси во форма на невреме. Локален дожд ќе има и во понеделник претпладне, а потоа ќе настапи стабилизирање на времето.