Македонија
УНХЦР изразува загриженост поради тензиите на грчко-македонската граница
Хуманитарната организација УНХЦР е загрижена поради тензиите и насилството меѓу мигрантите и бегалците на границата меѓу Грција и Македонија и ги повикува властите да управуваат со границите во согласност со принципите за заштита на човековите права.
Во соопштението на УНХЦР се наведува дека последните денови пораснале тензиите во Идомени, на грчката страна од границата по ограничувањето на приемот на мигрантите кои не се од Сирија, Ирак и Авганистан, коишто ги воведоа државите од западнобалканската рута.Во судирите меѓу група мигранти и бегалци во четвртокот на грчко-македонскта граница од струен удар настрада еден човек, а најмалку двајца биле повредени.„УНХЦР изразува жалење поради загинувањето на државјанинот од Мароко под неразјаснети околности. Овој инцидент дополнително ја нагласува потребата властите да преземат соодветни чекори. Ги повикуваме властите во Грција итно повторно да воспостават безбедност и да ги заштитат оние на кои им е потребна заштита како и работниците од хуманитарните организации и волонтери“ се додава во соопштението. На беглаците и мигрантите на кои им е одбиен влез во Македонија обезбеден им е превоз назад во Атина, каде се и објектите за прифаќање и згрижување и каде е присутен персонал од УНХЦР којашто може да им понуди индивидуални правни и други совети.Организацијата изразува загриженост за последиците од рестрикциите кои на границите ги спроведуваат неколку држави на Балканот.„УНХЦР препорачува тријажа на луѓето врз основа на нивните потреби за заштита, а не на основа на нивните државјанства. УНХЦР и други организации ги повикаа државите повторно да воспостават механизми за координација и реагирање кои се договорени на Самитот на земјите од Западен Балакан на 8 октомври и состанокот на лидерите на 25 октомври 2015 година“, се наведува во соопштението.Како што јавуваат медиумите, околу 2.500 бегалци од Сирија, Авганистан и Ирак во моментов се наоѓаат на македонска страна, а уште 1.000 чекаат за влез во земјава.Дел од мигрантите утрово гаѓале со камења кон грчката полиција, а имало и судир бегалците и економските мигранти./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

