Македонија
Продолжува судењето за „Пуч“
Во понеделник се очекува да продолжи судењето за судскиот процес „Пуч“ во којшто четвртообвинет е лидерот на СДСМ, Зоран Заев за насилство спрема високи државни функционери.
На минатото судско рочиште не се појави лидерот на опозицијата, кој изјави дека не го почитува судот кој, според него, е под целосна контрола на власта.Минатото рочиште беше одложено, но според најавите адвокатскиот тим на Заев ќе бара одложување на судењето се до изборот на специјалниот обвинител кој е дел од договорот во Пржино за решавање на политичката криза.Судијката на минатото рочиште нагласи дека не работи според политички договори.До 15 септември треба да се избере специјален овинител кој треба да ги решава случаите со прислушувањето и случајот „Пуч“.Во судскиот процес „Пуч“ обвинети се поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња Верушевска, Ѓорѓи Лазаревски вработен во МВР и Бранко Палифров, функционер од Општина Струмица.По објавувањето на `бомбите` од страна на опозицијата, прислушувани разговори на високи функционери, тие беа обвинети за „шпионажа“ и „насилство спрема државни функционери“./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на патот Прилеп – Македонски Брод
На патниот правец Прилеп – Македонски Брод се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.
Од АМСМ информираа дека за сите останати возила е задолжителна употребата на зимска оперема.
Македонија
Фетаи: Владеењето на правото е основа на нашата иднина
Денес, на состанокот на Работниот комитет за Националната развојна стратегија 2024-2044, заменик претседателот на Владата Арбен Фетаи ја потенцираше важноста на владеењето на правото како основа за демократско, одржливо и развиено општество.
„Владеењето на правото не е само принцип, туку тоа е темел врз кој се гради нашата иднина. Без независен, транспарентен и непристрасен правен систем, одржливиот развој е невозможен,“ изјави Фетаи.
Изрази загриженост за постојаните предизвици, како што се политичките интервенции во судскиот систем, одложувањата во судските случаи и недостатокот на ефикасност од страна на судиите и обвинителите. Тој нагласи дека последниот извештај на Европската комисија за нашата земја е јасен повик за итна акција.
Фетаи побара тесна соработка меѓу институциите, академската заедница и меѓународните партнери за справување со овие предизвици и за градење на доверлив и одржлив правен систем.
„Време е за храбри акции, за вистински и мерливи реформи. Нашиот успех зависи од нашата посветеност за изградба на држава каде што правдата и развојот одат рака под рака,“ заклучи Фетаи.
Македонија
Костова: Додека ги штити интересите на големците, ДПМНЕ го урива достoинството на работниците, нудат апстрактна гордост на празен стомак
Минималната синдикална кошничка изнесува 62.861 денари. Со тотално промашената мерка што се вика новогодишна кошничка, Владата им направи услуга само на трговците. Додека ги штити интересите на големците, ДПМНЕ го урива достоинството на секој работник. Затоа што приказните за апстрактна гордост најлесно легнуваат на празен стомак и уморна снага, вели потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова во објава на Фејсбук.
Костова укажува на алармантната состојба со растот на трошоците за живот потенцирајќи дека цените на основните прехранбени продукти значително се зголемија.
„За само месец дена, цената на зејтинот рипна на 97 денари, или за 14 денари повеќе од претходно. За исто толку е покачена и цената на јајцата, кои сега чинат над 100 денари. Покачени се цените на јогуртот, кашкавалот, па дури и лебот,“ рече Костова.
Потпретседателката на СДСМ наведува дека ситуацијата е особено тешка за семејствата со минимални приходи. „На четиричлено семејство во кое двајца возрасни земаат минимална плата, им недостасуваат над 17.700 денари, односно над 290 евра, за да можат да си ги покријат најосновните трошоци,“ објасни таа.
Костова остро ги критикува функционерите од владејачката партија за нивниот однос кон проблемите на граѓаните. „Додека народот се мачи да преживее, функционерите од владејачката партија не убедуваат дека покачувањето на минималната плата било лоша работа. Тоа го прават додека си гласаат за порамнување на нивните плати, за да не им ги изеде инфлацијата; или додека министерката за финансии вели дека ако не ѝ се покачела платата, немало повеќе да работи во Министерството,“ истакнува таа.
„Кој од нив некогаш работел во недела, во студен конфекциски погон, или на поле, преку време, ама неплатено? Кој од нив се оптоварувал со седење до доцна во ноќта за да ги пушти машината за садови и пералната додека е евтина струја?“ праша Костова, потенцирајќи го големиот јаз меѓу функционерите и обичните граѓани.
Костова истакна дека трошоците за минимум пристоен живот вртоглаво растат, а Владата не презема никакви мерки за заштита на граѓаните. „ДДВ на храна ниту се укинува, ниту се намалува. Наместо тоа, се заговара зголемување на старосната граница за пензионирање и укинување на недела како неработен ден,“ предупреди таа.
„Додека ги штити интересите на големците, ДПМНЕ го урива достоинството на секој работник. Впрочем, како што ДПМНЕ отсекогаш правеле. Затоа што приказните за апстрактна гордост најлесно легнуваат на празен стомак и уморна снага,“ заклучи потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова.