Македонија
Груевски го покани папата Франциск да ја посети Македонија
Премиерот Никола Груевски, во сабота, заедно со владината делегација во чиј состав е министерот за надворешни работи Никола Попоски и министерката за култура Елизбета Канческа Милевска, во Ватикан, остварија средба со поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск.
На средбата присуствуваше и црковна делегација составена од поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г.Стефан, владиката епископ Хераклејски, г. Климент и митрополитот на Европската епархија г. Пимен.
Средбата се одржува по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј и одбележувањето на нивната просветителска, општествена и културна дејност.
На средбата премиерот Груевски и папата Франциск ги потврдија одличните билатерални односи меѓу Република Македонија и Светата Столица кои се воспоставени веќе 21 година, исполнети со разбирање, поддршка и споделување на блиски историски, културни и верски вредности кои ја промовираат меѓурелигиската соработка.
Премиерот Груевски го запозна папата Франциск со повеќе области и прашања важни за Република Македонија како и со нејзините стратешки интереси за членство во НАТО и ЕУ и напорите за нејзино побрзо интегрирање. Тој ја истакна важноста за Република Македонија од поддршката која ја добива од Ватикан за остварување на стратешките интереси на државата како и развојот на културните врски и меѓурелигиските односи.
Премиерот Груевски упати покана за посета на поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск што би претставувало значаен чекор за дополнително зајакнување и интензвирање на заедничките пријателски односи.
При посетата Груевски на папата Франциск му подари ракотворба во резба. Специфичноста на ракотворбата е во тоа што е изработена од ситна резба, и претставува ненадминато копаничарско дело препознатливо за Република Македонија.
Премиерот Груевски со владината делегација оствари и средба со државниот секретар на Ватикан кардиналот Пиетро Паролин. На средбата беше изразена подготвеност за понатамошно унапредување на односите преку активна соработка во повеќе области како што е културата и образованието преку потпишување на взаемни договори за повеќе прашања и теми.
Во попладневните часови во Рим, Република Италија ќе се одржи и манифестацијата “Македонија во чест на Свети Кирил“./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Мециновиќ: Владата води историски најопасна надворешна политика по државните интереси
На денешната седница за пратенички прашања, пратеникот од Левица Амар Мециновиќ даде критички осврт на надворешната политика која ја води владата на ВМРО-ДПМНЕ. Мециновиќ на почетокот се осврна на тоа зошто министерот Муцунски не е присутен на пратеничките прашања и праша дали можеби неговото отсуство е поврзано со градењето на новиот објект на покривот на Министерството за надворешни работи.
„Јас и претходно реагирав за едно многу контроверзно гласање во Генералното собрание на Обединетите Нации. Тоа е гласањето против обидот за носење на резолуција за прекин на огнот во Газа. Тогаш вие гласавте против, надвор од очекувањата на македонското општество и надвор од традицијата дипломатска која Македонија ја има”, истакна Мециновиќ.
Пратеникот од Левица дополни дека ова е првиот владин кабинет за надворешна политика кој гласал против кревањето на ембаргото на Куба. Ваквиот чекор според Мециновиќ претставува најгруб дисконтинуитет во традицијата на македонската дипломатија.
Тој се осврна и на односите со Кина, безвизниот режим и прашањето за Тајван, како и на поширокиот геополитички контекст на продлабочена криза во трансатлантските односи. Ја обвини Владата дека во момент кога САД стануваат сè понепредвидлив партнер, таа ја врзува Македонија исклучиво за американската линија, занемарувајќи ја европската траекторија.
„Албанија воведе безвизен режим со Кина и се приближува кон Европската Унија. Вие не воведувате безвизен режим и се оддалечувате од Европската унија. Моето пратеничко прашање е: каде оди овој брод?” – праша пратеникот од Левица.
Македонија
Министерство за правда: Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Со мнозинство гласови пратениците ја изгласаа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет. Законот се проследува на второ читање, информираат од Министерството за правда.
Министерот за правда Игор Филков во своето обраќање рече дека со овој закон во министерството е започната нова ера на работа и функционирање, во којашто секој битен и суштински закон за граѓаните на Република Македонија ќе се изготвува низ отворен, јавен и транспарентен процес.
,, Клучни новини кои се предвидени со Законот се:
Јавност во постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет,
За прв пат прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“.
Воведување јавна расправа при избор на кандидатите за не-судски членови со цел поголема транспарентност и одговорност,
Зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови на Советот од редот на судиите,
Јасно прецизирање на постапката за дисциплинска одговорност на судиите, но и на членовите на судскиот совет,
Воспоставување обврска Судскиот совет да ги прецизира, индивидуализира и образложи одлуките за избор и утврдување одговорност на судиите,
Утврдување на рокови за преземање дејствија за дисциплинска одговорност на судиите, како и прецизирање на основите и постапката за жалба против одлуката на Судскиот совет, како и
бројни други решенија за унапредување на целокупната правна рамка согласно препораките на ЕУ”, рече Филков.
Тој изрази жалење што дел од опозицијата не беше присутна на седницата за носење на, како што оценува, исклучително важен закон кој е дел од Реформската агенда.
Македонија
Утре, во утринските часови наместа со појава на магла, во текот на денот сончево со умерена облачност
Утре во утринските часови наместа ќе има појава на магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност и претежно тивко. Во северозападните делови повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде умерено до значително облачно и претежно тивко.
Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини ќе има појава на магла.

