Забава
Убијците на Че Гевара му ги отсекле рацете и се обиделе да ја отсечат главата

Досега необјавени околности за смртта на култниот латиноамерикански револуционер Ернесто Че Гевара наскоро ќе бидат достапни за пошироката јавност благодарејќи на книгата што набрзо треба да излезе од печат со наслов „Убиството на Че во Боливија: разобличување“, објави кубанскиот весник Juventud Rebelde.
Автори на книгата се Адис Купул и Фројилан Гонзалес коишто со години го истражуваат животот на револуционерот. Споре нив, убијците на Че Гевара не само што му ги отсекле рацете, туку делумно и ја одвоиле главата од трупот.
Според претходно достапните информации, иницијативата за отсекување на главата на една од најважните фигури на левичарските револуции во Латинска Америка, би можела да потекнува од тогашниот боливиски претседател Рене Бариентос, кој наводно сакал да ја испрати на Куба, но американската администрација се спротиставила на тоа. Но и покрај тоа, пред погребувањето на „Ел Команданте“ му ги отсекле рацете и ги ставиле во сад со течност. Подоцна, рацете биле донесени во Хавана од поранешен министер кој пребегнал од Боливија.
Доколку информациите на истражувачите се точни, тогаш, сметаат историчарите, може да се претпостави дека боливиските власти сепак се обиделе да ја извршат својата замисла, меѓутоа не успеале да ја доведат до крај.Авторите на книгата, исто така, информираат и за недостојното однесување на припадниците на специјалните сили на Боливија, коишто го заробиле и стрелале Гевара во селото Ла-Игуера во октомври 1967 година.
„Книгата го разоткрива срамното однесување на убијците: неколку високи офицери си ги присвоиле четирите (скапи -з.р.) часовници Rolex, американски и канадски долари и боливиски пезоси коишто Че ги имал кај себе како лидер“, пишува кубанскиот весник. (Иако во кубанскиот весник се наведува дека одземените скапоцености и пари биле сопственост на востаниците, постојат сведоштва дека авантуристот револуционер кој потекнувал од богато аргентинско семејство имал голема колекција од марки на ретки скапоцени часовници, прстени, како и дека неговата револуционерна униформа била шиена кај тогашните најдобри светски креатори во Париз).
Покрај тоа, еден од офицерите му пришол на се` уште живиот но претепан „Ел команданте“ го зграпчил за брадата и откорнал грст влакна, се додава во написот.
Во 1967 година, Че Гевара и неговата единица престојувале на територијата на Боливија, каде што имале намера да организираат герилско движење. Сепак, на 8-ми октомври тој бил ранет и заробен од страна на специјалните сили на боливиската армија, кои биле обучувани од американски инструктори, а се смета дека во потерата по него важна улога имало американското разузнавање и снимките на областа правени од воздух. Следниот ден по испрашувањето Че бил стрелан.
Дури во јуни 1997 година, беше пронајден неговиот гроб на пистата на локалниот аеродром. Остатоците на Че Гевара беа повторно погребани во мавзолејот во градот Санта Клара, на Куба./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Крај на ретроградниот Меркур: Овие четири знаци во септември ќе блеснат

По неколкунеделна конфузија, недоразбирања и застои, ретроградниот Меркур конечно заврши. Според астролозите, ова ќе донесе олеснување за сите, но за четири хороскопски знаци септември ќе биде вистински процут
Девица – повторно ја враќа својата стабилност и јасност. Време е за ред, здрави рутини и завршување на заостанати проекти.
Близнаци – исчезнуваат недоразбирањата, а се враќа менталната енергија. Одличен период за комуникација, нови контакти и креативни проекти.
Јарец – со директниот Меркур доаѓа јасен фокус и нова одлучност. Идеите лесно ќе се претворат во конкретни чекори, особено во работа и финансии.
Стрелец – повторно добива енергија за планови, патувања и нови искуства. Времето на застој завршува, а пред нив се отвораат нови можности.
Астролозите велат дека ова е совршен момент за носење важни одлуки, обновување на односите и реализација на замисленото. „Маглата се крева и се отвораат врати за напредок и исполнување“, вели експертот за астрологија Џоан Џонс.
Забава
Преполн Паркот на Франкофонија синоќа за концертот „Нешто што ќе остане“

Илјадници граѓани, синоќа го исполнија Паркот на Франкофонија и заедно уживаа во големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане“, кој по трет пат собра врвни македонски изведувачи и создаде незаборавна атмосфера. Пет часовна ноќ за паметење со најпознатите македонски хитови на Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона”, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ.
Градоначалникот Горан Герасимовски, во своето обраќање пред присутните, истакна дека кога пред три години ја добил идејата за концертот „Нешто што ќе остане“, не можел да замисли дека ќе прерасне во толку голема традиција со ваков одѕив и поддршка, и од изведувачите и од граѓаните.
„Но ете, идејата прерасна во прекрасна традиција. Трета година по ред се собираме овде, во срцето на Скопје, под отворено небо, на концертот ‘Нешто што ќе остане’. Секоја година со нови изведувачи и нова енергија, но едно останува исто – македонската музика. Овде Македонија пее и ние со неа, на бината и во публиката! Македонските уметници секогаш ја имале и ќе ја имаат мојата поддршка. Тие ја претставуваат Македонија гласно, гордо и со љубов. Уживајте во музиката на нашата и вашата младост, затоа што овие моменти остануваат трајно врежани во сеќавањата. Се гледаме и следната година на ‘Нешто што ќе остане’, затоа што Македонија има свој глас, своја песна, затоа што македонската песна е силата што нè обединува“, рече Герасимовски.
Музичкиот настан „Нешто што ќе остане“ е во организација на Општина Центар.
Забава
Mузички хепенинг вечерва во Паркот на франкофонијата

Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона“, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ вечерва ќе настапат на големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане” во Паркот на франкофонија со почеток во 19.30 часот.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите граѓани кои денеска ќе бидат во Скопје да дојдат и да уживаат во најголемите македонски хитови.
„Вечерва не очекува вистинска ноќ за паметење, исполнета со најубавите македонски песни. Ги повикувам сите граѓани да ни се придружат и заедно да создадеме незаборавни моменти. Како Општина Центар, ќе продолжиме да вложуваме во македонската музика и во нашите македонски артисти, затоа што тие се гордоста и иднината на нашата културна сцена,“ истакна Герасимовски.
Концертот е бесплатен за сите граѓани и е во организација на Општина Центар.