Култура
Почнува фестивалот на античка драма Стоби 2010
Во античкиот театар во Стоби, на 17-ти месецов, стартува деветиот Интернационален фестивал на античка драма „Стоби 2010“, пишува порталот Лисица.
Во античкиот театар во Стоби, на 17-ти месецов, стартува деветиот Интернационален фестивал на античка драма „Стоби 2010“, пишува порталот Лисица.
Фестивалот ќе го отвори кумановскиот театар со претставата Печалбари. Во трката за најдобра театарска претстава ќе учествуваат пет театри од Македонија Црна Гора и Бугарија. На сцената ќе се одиграат антологиските Хамлет, Антигона, Лагата на Тиресиј, Баханалии и Цар Едип. Фестивалот ќе го затвори прилепскиот театар со претставата Крпен Живот.
„Оваа година освен локацијата на античкиот театар претставата Антигона ќе се одигра во бањата. Претставата ќе можат да ја проследат 70-80 луѓе. Тоа е простор на средината на античкиот град, на две нивоа и е погоден за такви мали проекти, рече Зоран Љутков, директор на фестивалот.
Учеството на неантички претстави на фестивалот организаторите го образложуваат со можноста тие да се вклопат во амбиентот на античкиот театар. Изборот според нив бил голем но поради техничката неприлагодливост на сцената, одредени театри одбиле да учествуваат.
„Имаше доста претстави кои се пријавија на фестивалот но поради техничките неможности, односно поради тоа што не можат да се прилагодат на тој простор, одбија да учествуваат на годинешниов фестивал. Тие имаа многу големи технички побарувања, рече Љутков.
Жири комисијата и годинава ќе додели награди за најдобар актер, најдобра актерка, најдобра колективна претстава, најдобра режија и Гран при наградата.
За годинешниов фестивал на античка драма Министерството за култура одвои еден милион и триста илјади денари, додека општина Велес ќе учествува со 700 илјади денари. Љубителите на театарската уметност бесплатно ќе можат да ги проследат сите претстави./крај/лисица/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
„Лена и Владимир“ награден на Julien Dubuque International Film Festival
13. издание на Меѓународниот филмски фестивал Julien Dubuque (JDIFF) ги објави своите победници, a „Лена и Владимир“, во режија на Игор Алексов, ја однесе дома главната награда за најдобар долгометражен игран филм.
На фестивалот, кој се одржа од 24-28 април во Дубјук, Ајова, беа прикажани преку 150 филмови од целиот свет, вклучително и 31 долгометражен филм во конкуренција, а филмот „Лена и Владимир“ на фестивалот го промовираа актерот Тони Наумовски и режисерот Игор Алексов.
„Лена и Владимир“ е приказна за двајца бегалци од општеството кои доживеале огромна трагедија, а чии патишта случајно се вкрстуваат. Тие наоѓаат утеха и поврзаност, формирајќи врска што им носи исцелување. Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Македонија и Филмскиот центар на Србија (Терирем продукција).
Главните улоги ги толкуваат: Сара Климоска и Тони Наумовски, а во филмот се појавуваат и Дениз Абдула, Луран Ахмети, Петар Мирчевски, Петре Арсовски, Благоја Чоревски, Kирил Коруновски. Сценариото е на Александар Русјаков. Продуценти се Дејан Илиев (ДМФ Филм) и Илија Циривири (МИНД Продукција). Кинематографер е Душан Кардалевски, сценографијата е на Влатко Зафирковски, а монтажер е Мартин Иванов, Музиката е на Дарко Спасовски и Горан Керкез, костимограф е Раде Василев, дизајнер на маска е Горан Игњатовски, а кастинг директор е Катерина Грубач.
Култура
Отворање на прославата за 50-годишнината на Францускиот институт и затворање на 20. „Танц-фест“ со танчарската претстава „Мозаик“ на светски познатиот кореограф Мурад Мерзуки
Францускиот институт во Скопје и „Танц-фест“, по повод отворањето на прославата на 50 години постоење на Францускиот институт во Скопје и затворањето на јубилејното 20. издание на „Танц-фест“, го најавуваат ексклузивното гостување на француската театарска група „Кафиг“ со танцовиот перформанс „Мозаик“, в петок, 17 мај 2024, со почеток во 20 часот, во Македонскиот народен театар.
Кореограф на претставата е Мурад Мерзуки, еден од најзначајните кореографи со светско реноме денес, кому француската влада му ја довери кореографијата на официјалната церемонија на отворање на Олимписките игри 2024, со наслов „Танцот на игрите“.
Всушност, по огромниот успех на танцовиот перформанс „Пиксел“ во 2017 година во рамките на „Танц-фест“, Мурад Мерзуки и групата „Кафиг“/Käfig се враќаат во Скопје со најновиот танцов спектакл „Мозаик“.
На настанот збор ќе земат: Иго Бештел, директор на Францускиот институт во Скопје, и Рисима Рисимкин, директорка на „Танц-фест“.
Билетите за претставата се достапни на веб-страницата на Македонскиот народен театар.
Во фоајето на МНТ исто така ќе биде поставена ретроспективната изложба „50 години Француски институт во Скопје“, која го прикажува дејствувањето на Францускиот институт во текот на изминатите педесет години.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.