Забава
Забавен парк ќе се гради во градот во кој беше ликвидиран Осама бин Ладен
Нов забавен парк, со содржини за релаксација, култура и забава е планиран да се гради во пакистанскиот град Аботабад во кој ноќта на 1-ви мај 2011 година беше ликвидиран поранешниот „терорист број еден“ и историски водач на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, Осама бин Ладен, пренесе Associated Press повикувајќи се на локалните власти.
„Забавниот парк ќе биде подигнат на 50 хектари во првата фаза, а потоа ќе се прошири на 500 хектари“, покрај реката во предградието на Аботабад, рекол во понеделникот Саид Акил Шак, министер за спорт и туризам на пакистанската провинција Хајбер-Пахтунхва. Според него, проектот за новата рекреативна област предвидува клуб за параглајдеристи, стадион за спортови на вода, како и зоолошка градина и парк на културното наследство, улица за домашни специјалитети, адреналински парк, вештачки водопади и патеки за џогирање. Вкупните проектни трошоци се проценуваат на 50 милиони американски долари, а изградбата треба да трае околу пет години.
Според агенцијата, провинцискиот пратеник Џавад Абаси изразил надеж дека новиот парк ќе помогне да се подобри угледот на Аботабад, кој стана последното прибежиште на најпознатиот терорист во светот. Сепак, според Акил Шах, проектот не е поврзан со озлогласеноста на градот и е само дел од развојот на културата и рекреацијата во провинцијата Хајбер-Пахтинхва.
Ова мирно гратче во подножјето на Хималаите, 60 километри од пакистанската престолнина Исламабад, со години било популарна дестинација за викендите за побогатите семејства од главниот град.
Во Аботабаб е сместена и елитна воена академија, а светски познат сепак стана по тоа што во него пред самиот нос на војската се криеше најбараниот човек на планетата, што подоцна ги предизвика полемиките дали војската била неспособна или, пак, ги поддржувала исламистичките бунтовници.
Пакистанските власти инаку го урнаа во меѓувреме комплексот во кој се криеше Осама бин Ладен со дел од неговото семејство, сопруги и помалите деца, за да спречи тоа да стане еден вид светилиште на следбениците на терористичката мрежа Ал Каеда./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

