Македонија
Канадери гаснат пожар кај Велес, гори и кај Студеничани
Авионите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) за гасење пожари се активирани во вторникот по барање на Општина Велес откако избувна пожар во околината на езерото Младост.
На подрачјето на село Новачани со огнената стихија е зафатена борова шума во пошироки размери поради што е побарано ангажирање на авионите на Дирекцијата. Засега нема процена за размерот на површината зафатена со огнот.
Вработените од подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување се излезени на терен и ја следат состојбата, а доколку има потреба ќе се преземат дополнителни мерки за да се спречи ширењето и локализира пожарот, известуваат од ДЗС.
Причината за избивање на пожарот сé уште не позната, ќе се утврдува дополнително, како и причинетата штета.
Во вторникот, исто така, е пријавен пожар и во Општина Студеничани во атарот на селото Осенчани. Со него на засега неутврдена површина е зафатена мешана шума, и екипи на Дирекција на теренот го следат развојот на ситуацијата./крај/мф/сн.
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Тревникот до „Капитол мол“ се ослободува, им се враќа на граѓаните со ново игралиште, велат од општина Аеродром
Општина Аеродром информира дека тревната површина до ТЦ „Капитол мол“ повторно ќе биде целосно отворена и вратена на користење на сите граѓани.

„Утринава започна отстранувањето на објектот кој со години беше поставен на тревникот покрај булеварот „Јане Сандански“. Овој објект функционираше врз основа на Решение за поставување урбана опрема, издадено пред десетина години од Град Скопје, но чија важност е истечена.
Бидејќи објектот нема важечко одобрение, тој ќе биде целосно демонтиран и просторот конечно ќе се ослободи за користење“, извести општина Аеродром.

По отстранувањето, Општината ќе пристапи кон уредување на локацијата со современа урбана опрема, зелени површини и ново, модерно детско катче.

„Со овој чекор, тревникот повторно ќе стане пријатно, безбедно и заедничко место за рекреација, игра и дружење – токму онака како што заслужуваат жителите на Аеродром“, додаваат од Општината.

Македонија
Изминатите четири дена уапсени 11 лица за безобзирно управување на возило, 1518 сообраќајни прекршоци
Во периодот од 10 до 13 ноември, како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1518 издадени платни налози, 498 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР.
„Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 11 лица, од кои осум за возење под дејство на алкохол, тројца за возење со брзина поголема од дозволената во населено место.
Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатиот викенд евидентирани се 942 прекршоци за неправилно паркирање, 290 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 48 санкции за возење под дејство на алкохол.
Од друга страна пак, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 161 учесник во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 64 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а пет заради техничка неисправност“, соопшти МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период.
Македонија
Утре без вода Гинекологија Чаир и улиците Дижонска и Коста Абрашевиќ
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( сабота ) поради уличен дефект на ул. Дижонска бр. 17, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Дижонска и Коста Абрашевиќ, како и објектот на гинекологија Чаир. ( општина Чаир

