Економија
Ставрески: Зголемувањето на минималната плата ќе делува мотивирачки за работниците
Владата во понеделникот и официјално ги усвои измените на Законот за минимална плата со кој се покачи износот и се утврди динамиката на покачување.
Според измените, зголемувањето на минималната плата ќе се одвива со тригодишна динамика, а покачувањето ќе се реализира почнувајќи од март 2014 до март 2016 година.
На крајот на процесот, минималната плата ќе се покачи на 10.080 денари, а ќе се подобри и животниот стандард на работниците.
„Од март 2014 година, минималната плата ќе се покачи од сегашните 8.050 денари месечно, на 8.800 денари. Во март 2015, минималната плата ќе изнесува 9.590 денари, а во март 2016 година ќе биде 10.080 денари. Работодавачите ќе бидат обврзани да ја зголемат минималната плата за што ќе следат соодветни контроли и сите заеднички ќе бидеме цврсто посветени на овој Закон да се применува целосно, истакна Ставрески.
Во текстилната и кожната индустрија, минималната плата во март 2014 година ќе изнесува 7.500 денари. Исплатената минимална плата во март 2015 во овие дејности ќе биде 8.050, додека во март 2016 ќе достигне 9.000 денари. Во март 2017, платата во овие гранки ќе изнесува 9.590, а во март 2018 година ќе биде 10.080 денари“, рече министерот за финансии Зоран Ставрески.
Според него, ова ќе придонесе за поголема мотивираност и подобар живот на граѓаните кои се вработени во дејностите кои ја примаат најниската плата.
Според вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, законското решение претставува значаен чекор напред, како за работниците и заштитата на нивните права, така и за работодавачите.
„Ова е јасен доказ за нашата ориентираност како Влада да бидеме во постојана комуникација со синдикатите и компаниите и да разговараме за сите предизвици и да наоѓаме решенија кои ќе бидат во интерес на граѓаните. Ова решение, како и многу други, се донесени во директна комуникација со синдикатите и работодавачите и ги има поминато сите истанци“, рече Пешевски.
Синдикатите и работодавачите се задоволни од законското решение и се надеваат дека тоа ќе се применува во пракса.
„Иако имаше скептицизам дека социјалните партнери ќе утврдат минимална плата, тоа го направивме со историскиот договор во 2011 година, а денес во услови на криза успеавме да се договориме и да ја зголемиме минималната плата. Во услови кога секаде имаме драстично намалување на платите и на работните места, Македонија е пример за институционален социјален дијалог кој дава конкретни резултати“, рече претседателот на Сојузот на синдикати Живко Митревски. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

