Македонија
Собранието ќе ги бира новите министри за внатрешни и транспорт и врски

Собранието, во среда, ќе ја одржи 50-та седница на која на дневен ред е Предлогот за избор на нови членови на Владата.
Седницата беше закажана откако синоќа премиерот Никола Груевски до законодавниот дом достави предлог нови министри за внатрешни работи и за транспорт и врски да бидат Митко Чавков и Владо Мисајловски.
Премиерот Груевски, претходно, ги прифати оставките на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков.
Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, седницата ја закажа за 13 часот, на која се очекува Собранието да ги констатира оставките на двајцата министри, по што претседателот на Владата ќе го образложи својот предлог доставен до законодавниот дом.
Новите министри ќе бидат изгласани доколку предлогот биде прифатен од мнозинството од вкупниот број пратеници.
Митко Чавков е предлогот за нов министер за внатрешни работи кој од мај 2013 беше поставен за Директор на бирото за јавна безбедност, а претходно беше шеф на Одделението за борба против организиран криминал при МВР и раководеше со Централните полициски сили. Тој е од Струмица и има долга кариера во полицијата.
Владо Мисајловски доаѓа на местото на досегашниот министер Миле Јанакиевски. Досегашен директор на ЈП за Државни патишта на таа функција стапи во февруари 2015 година, а претходно беше Државен секретар во Министерството за транспорт и врски. Јанкулоска, Јанакиески и Мијалков поднесоа оставки по обвинувањата на опозицијата и објавувањето на наводните прислушувани телефонски разговори и настанатата политичка криза во земјата./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Салиу: Промена во Шуто Оризари мора да има

Кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, Шабан Салиу, во предизборно видео обраќање повикува за промена и за враќање на локалната власт во Шуто Оризари кон реални резултати и отчетност.
„Осум години слушаме едно исто: големи зборови, мали дела“, порачува Салиу.
Осврнувајќи се на политичката недоследност на актуелното раководство, тој додава дека „Курто Дудуш денес не знае ни од која партија е. Те СДСМ, те ЛДП, те ДОМ, те ДУИ и која уште не.“
Во видео пораката, Салиу нагласува дека промена во Шуто Оризари мора да има, промена за подобра инфраструктура и урбан развој.
„Промена за подобро образование, култура и идентитет. Промена за подобро здравје и социјална заштита. Промена за подобра локална економија и нови работни места. Промена за зелено и транспарентно Шуто Оризари“, додава Салиу.
Салиу нагласи дека неговата кампања е заснована на мерливи цели и институционална одговорност.
„Нашата понуда е едноставна — работа што се гледа и отчетност што се чувствува. Општината мора да стане сервис на граѓаните, а не приватна сцена на поединци“, порачува Салиу.
Завршувајќи ја видео пораката со повик за граѓанска мобилизација на изборниот ден, Салиу апелира: „На 19-ти октомври заокружете го бројот 24 – НЕ ВЕТУВАМЕ, ОСТВАРУВАМЕ.“
Македонија
Венецијанската комисија преглага јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието

Венецијанската комисија и Генералниот директорат за човекови права на Советот на Европа препорачуваат јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието, а Уставот да се измени за да се ограничи неговиот реизбор.
Во мислењето се нагласува потребата при изборот да се вреднуваат и менаџерските и организациските способности.
Комисијата препорачува и поголема транспарентност при изборот на членовите на Советот на јавни обвинители, суспендирање на функцијата на обвинителите додека се членови на Советот, како и дополнителни заштитни мерки за автономијата на обвинителството.
Актуелните членови, според предлогот, би ја завршиле својата функција до истекот на мандатот.
Македонија
„Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме еднократната парична помош за пензионери“, најави Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник Горан Герасимовски, информира дека од следната година еднократната парична помош за пензионерите се зголемува од 2.500 на 5.000 денари.
„Двојно ја зголемуваме еднократната парична помош, од 2.500 на 5.000 денари за пензионерите чии пензии се до висина на просечната пензија. Покрај тоа, го реализираме и нивното барање и ќе изградиме дом за стари лица во Центар. Нашите баби и дедовци заслужуваат да живеат посреќно, за Центар што го сакаме“, вели Герасимовски.
Тој, потенцира дека домот за стари лица е предвидено да се изгради на Водно и ќе има капацитет за 50 лица, по европски стандарди, со 24 часовна медицинска помош.
Герасимовски истакнува дека продолжуваат и бесплатните еднодневни екскурзии низ Македонија за да им се овозможи на сениорите дружење и рекреација.