Македонија
Чавков бара да се вратат раководителите, Спасовски го обвини за нарушување на безбедноста

По решението на Управниот суд за времена мерка на решенијата на техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, за разрешување и назначување други раководители на сектори, тој и неговиот заменик, Михаил Чавсков со различно гледање на состојбите.
Имено, во петок, со писмено задолжение до директорот на Бирото за јавна безбедност и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање при МВР веднаш да се воспостави претходната состојба во БЈБ и УБК каква што била пред донесувањето на посочените решенија за именување, разрешување и распоредување. „Ова вклучително подразбира и примопредавање на работните простории, материјално-техничките средства и документацијата од страна на припадниците на Министерството за внатрешни работи за чии Решенија за именување или распоредување е воспоставена судска забрана за преземање на дејствија се до правосилноста на одлуката по тужбите поднесени од моја страна“, вели Чавков.Според министерот Спасовски, решението на Управниот суд значи дека се задржува постојната ситуација до носење на одлуката по тужба од Управниот суд. „Тоа значи дека сите решенија за распоредување остануваат во сила се до донесување на правосилна одлука на Управниот Суд.МВР само што ги доби решенијата за времена мерка, уште не е доставена жалбата, а дополнителниот заменик министер Чавков веќе знае што Вишиот управен суд, ќе одлучи. Очигледно ,дополнителниот заменик министер произведува намерно хаос, со тоа што доставува телеграми до директорите на БЈБ и УБК, со свое тумачење на времената мерка, односно дава погрешни и незаконски инструкции до нив во смисла дека, остануваат старите началници. Го предупредувам дополнителниот заменик министер дека отворено повикува на непочитување на безбедносниот ситем во МВР“, рече Спасовски. Тој праша, зошто техничкиот заменик министер одлучил да ја прекрши правната процедура, предвидена во Законот за влада, кога постои спорно прашање меѓу заменикот и министерот, да се обрати до ДИК, кој што во рок од 24 часа треба да донесе одлука. Потоа доколку е незадоволен од одлуката на ДИК, може да покрене тужба до Управниот суд. „Заменикот министерот Чавков свесно се реши да прескокне една инстанца, ДИК, и достави тужба до Управниот Суд. Дали затоа што се работи за суд кој е партиска инсталација, и каде што ке можат да ги прејудицираат одлуките на судот. Морам да прашам, дали дополнителниот заменик министер Чавков, сака да биде и дополнителен судија во Управниот суд“, рече Спасовски.Чавков нагласува дека сите 29 решенија беа судски оспорени заради еклатантно кршење на членот 44 став 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата, во којшто стои дека министерот за внатрешни работи може да изврши разрешување или распоредување на исто, пониско или повисоко место на носител на раководна позиција во министерството во согласност со Закон.„Во сите 29 оспорени решенија за разрешување, именување и распоредување на раководни и други работици во Министерството за внатрешни работи донесени од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, грубо се прекршени повеќе одредби од Законот за внатрешни работи во коишто е детално регулирана постапката и условите за распоредување на работниците во МВР и на повисоко и на пониско работно место“, вели ЧавковТој напоменува дека против Решенијата за времена мерка донесени од Управниот суд е дозволена жалба, но бидејќи Законот за управните спорови предвидува дека жалбата го одлага извршувањето на било кое поединечно Решение за времена мерка, неопходно е да се овозможи непосредно спроведување на Решенијата за времена мерка донесени од Управниот суд./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Бискупот Стојанов упати честитки до папата Лав XIV: Вашата служба да донесе обнова и зацврстување на верата

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх, Киро Стојанов упати писмо со честитки до новиот папа Лав XIV.
„Со голема радост и синовска љубов ја примив веста за Вашиот избор за Петров наследник и Пастир на Универзалната Црква. Од името на верниот Божји народ на Католичката Црква во Македонија, свештенството и монаштвото, како и од мое лично име, Ви го честитам изборот и воедно благодарам што ја прифативте оваа одговорна и света служба, свесни за сите предизвици со кои се соочува Христовата Црква.
Сигурен сум дека со мудроста што Ви е дарувана преку Вашето мисионерско искуство, пасторалната грижа и верноста кон Евангелието, водени од Светиот Дух ќе управувате со коработ Петров – Црквата, низ немирното море, за доброто на целиот Божји народ.
Од Македонија, портата од каде што Свети Павле го пренесе христијанството низ цела Европа, од просторите од каде што потекнуваат светите браќа Кирил и Методиј и од родниот град на света Мајка Тереза, Ви ја ветувам мојата лична молитва, како и молитвите на целиот Божји народ во Македонија, со желби Вашата служба да донесе обнова и зацврстување на верата, единство меѓу христијаните и мир во целиот свет“, напиша бискупот Стојанов.
Македонија
Од Осака до Венеција, Љутков е министер за култура или министер за туризам, прашува СДСМ

Додека над 3.000 културни работници беа во неизвеснот ја чекаа својата мартовска плата, министерот за култура Зоран Љутков не се задржа ниту еден ден во своето министерство. Од Осака па до Венеција, министерот постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место, велат од СДСМ.
Според оваа партија, во моментите кога вработените во културата протестираа пред Министерството, заборавени и игнорирани, Љутков позира на други континенти додека дома културата доживува финансиски колапс.
Ова, како што велат, не е културна политика.
„Ова е културна деградација. Ова е ароганција и расипништво со партите на граѓаните. Културата не е декор за туристичко позирање. Таа е жив систем кој бара посветеност, почит и вистинска грижа.
Додека Љутков патува, народот плаќа. Прашањето е: колку чинат екскурзиите на Љутков.
Зарем вредат патувањата во странство повеќе од тоа да се работи дома за да се решат проблемите во културата“, прашуваат од СДСМ.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела

СВР Скопје известува дека на 11.05.2025 (недела) со почеток во 08.30 до 10.30 часот поради одржување на улична трка на 10 км, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
Трката ќе започне со стартна позиција на бул.„Илинден“–локација Фонтана, а натпреварувачите ќе се движат по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Никола Парапунов“, потоа до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, десно (во десниот коловоз кон н.Ѓорче Петров) до мост Влајко каде што вртат полукружно и назад по истиот коловоз до крстосницата со ул.„Љубљанска“ каде што вртат полукружно и по истиот коловоз се враќаат назад на ул.„Никола Парапунов“ и по бул.„Илинден“ до целта на локација-Фонтана на бул.„Илинден“.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.