Култура
Франц Лист – првата светска рок ѕвезда

Во средината на XIX век, во европските музички салони концертни сали, главен настан бил унгарскиот пијанистички виртуоз и композитор, Франц Лист, кој со својата појава предизвикувал хистерија каква што денес им се припишува само на вистинските големи рок ѕвезди.
Во средината на XIX век, во европските музички салони концертни сали, главен настан бил унгарскиот пијанистички виртуоз и композитор, Франц Лист, кој со својата појава предизвикувал хистерија каква што денес им се припишува само на вистинските големи рок ѕвезди.„Франц Лист, несомнениот талент и голем виртуоз, но и голем перформер и забавувач, е роден пред 200 години, на 22-ри октомври 1811 година, а во средината на XIX век бил најпознатиот европски изведувач, обожуван како вистинска рок ѕвезда на своето време“, вака американското јавно радио NPR пишува по повод јубилејот од раѓањето на големито унгарски пијанист и композиторВо написот објавен на интернет страницата на радиото посветен на Франц Лист се наведува дека тој „бил извонредно популарен кај жените, кои и буквално се фрлале врз него, му ја кинеле облеката, се тепале околу пукнатите клавирски жици и витканите прамени од неговата коса“. Неговиот современик, германскиот книжевник Хенрих Хајне дури направил и нова кованица за оваа појава – „листоманија“ По повод 200-годишнината од раѓањето на овој сестран музичар, голем пијанистички виртуоз и композитор на клавирската романтика, 2011 година е прогласена за „година на Лист“, којашто во Унгарија, но и насекаде во светот се одбележува со многу концерти. Врвот на ова чествување се одржа во саботата со „Светскиот ден на Лист“, кој беше одбележан со бројни концерти секаде во светот.Фанц Лист, живеел од 1811 до 1886 година, композитор, пијанист, диригент и музички писател, по раѓање Унгарец, образуван во Виена и во Париз, е еден од најконтроверзните уметници во историјата. Роден е во привилегирано семејство, концертирал од својата деветта година. Тој бил извонреден виртуоз со голема харизма, поседувал фасцинантна музикалност и уметнички темперамент, Франц Лист истовремено бил и голем музички иноватор и истражувач на полетот на компонирањето, кого го фалеле и неговите современици како технички најнапреден пијанист на своето време, а според некои можеби и најголемиот на сите времиња.Пред Лист да се појави на европската музичка сцена, било незамисливо дека некој пијанист да може да привлече чие било внимание, а не пак на целата публика. Овој уметник со изразено динамична особеност, кој ги заведувал луѓето на посебен драматичен начин, во освојувањето на Европа тргнал во 1839 година. За него е запаметено дека тој прв ја донел радикалната и дотогаш невидена одлука никогаш со себе на сцената да не носи ноти, што во тоа време се сметало и за недостиг на добар вкусКлавирот го поставувал намерно со профил кон публиката за да може да му го види лицето и за цело време на изведбата силно мавтал со главата така што неговата долга коса се виорела на сите страни. „Всушност, сето она што денес го препознаваме како модерен клавирски рецитал – па дури и самиот збор ’рецитал’ е плод на неговата инвенција““, пишува американското радио NPR.Франц Лист компонирал вкупно околу 1.400 дела, од кои денес најпопуларни се „Унгарската рапсодија“, низа од 19 клавирски композиции кои се базираат врз унгарсктие народни песни, кој го компонирал во два наврата, меѓу 1846 и 1853 година, и подоцна меѓу 1882 и 1885 година, „Валцерот на Мефисто“ компониран во 1882 и 1883 година, „Љубовен сон“ од 1850 година, како и величествениот ораториум „Кристус“ компониран меѓу 1862 и 1866 година.Културното влијание на „листоманијата“ се чувствува и денес. Во 1975 година, контроверзниот Кен Расел го режираше филмот „Листоманиаја“ во кој во насловната ролја се појави исто така легендарниот Роџер Далтри од англискиот бенд The Who, a неколку години претходно француската група Phoenix имаше забележителен хит токму со наслов Листоманија“./крај/нпр/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Инвестиции за заштита на културното наследство и развој на културниот туризам, најавија надлежните

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, заедно со стручниот тим од Заводот и Музеј – Струмица, денеска реализира работна посета на општините Дојран и Гевгелија, со цел увид во тековните и во планираните проекти од областа на културата и културното наследство.
Во Стар Дојран беше извршен увид во црквата „Св. Илија“, значаен објект од 19 век, со висока историска, архитектонска и духовна вредност. Министерството најавува продолжување на активностите за конзервација и реставрација на овој објект, кој претставува симбол на духовното и на културното наследство на регионот.
Особено внимание оваа година е посветено на капиталниот проект за изградба на музеј на вода преку реконструкција на праисториска наколна населба на Дојранското Езеро. Во тек се заштитни археолошки истражувања на локалитетот Мрдаја, а основниот проект за изградба на музејот се очекува да почне во 2026 година. Идејниот проект е изработен од Заводот и Музеј – Струмица.
Музејот, кој ќе биде поставен директно на површината на езерото, ќе функционира како жив музеј на отворено, со висока едукативна и туристичка вредност. Со ваквиот пристап Дојран добива можност да се позиционира како водечка дестинација за културен и археолошки туризам во поширокиот регион, најавија од Министерството.
Во рамките на посетата на Гевгелија беше извршен увид во реализацијата на проектот за целосна реконструкција на Старата чаршија, заштитено културно наследство од XIX век. Вредноста на инвестицијата изнесува над 40 милиони денари, а проектот опфаќа: реставрација на фасадите на старите дуќани, поплочување со гранит, поставување нова урбана опрема и осветление, целосна реконструкција на подземната инфраструктура.
Со завршувањето на проектот Чаршијата ќе ја задржи својата автентичност, а истовремено ќе се трансформира во современо културно-туристичко јадро, привлечно и за жителите и за посетителите.
Вечерва, во рамките на посетата, министерот за култура и туризам Зоран Љутков ќе присуствува на фестивалот „Вкуси го југот“.
Како носител на титулата град на културата, Гевгелија се етаблира како центар на културни настани, фестивали и манифестации, кои значајно придонесуваат за развојот на локалната економија, туризмот и културниот живот во регионот.
Култура
Љутков: Нашата цел е јасна, да го заштитиме и обновиме „Македониумот“

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, заедно со стручните екипи од НУ Завод и Музеј – Прилеп, денес оствари теренска посета на споменикот „Македониум“ во Крушево – еден од најзначајните културни симболи на македонската историја.
Реконструкцијата на споменикот започна уште во 2014 година, кога беа реализирани низа значајни активности – санација на потпорни ѕидови, обнова на фасади, антикорозивна заштита, реконзервација на архитектонски елементи, како и внатрешни конзерваторски зафати и истражувања. Но, во 2017 година, сите активности беа прекинати, скелето беше симнато, а објектот остана незаштитен, со што последиците од таа негрижа се очигледни и денес, истакнуваат од министерството.
Минатата година, како што информираат, Министерството, во координација со Заводот и Музеј – Прилеп, подготви проект за интервентна заштита на објектот во вредност од 2,5 милиони денари, чија реализација ќе започне во текот на оваа година. Паралелно се работи и на подготовка на сеопфатен проект за целосна реконструкција и конзервација на споменичниот комплекс, кој се очекува да биде финализиран до средината на 2026 година. По изработката на документацијата и обезбедувањето на сите потребни дозволи, ќе отпочне реализацијата на овој капитален зафат.
„Нашата цел е јасна – да го заштитиме и обновиме ‘Македониумот’. Тој не е само архитектонски објект, туку симбол на македонскиот идентитет, историја и борба. Како Влада и како Министерство за култура и туризам, остануваме цврсто посветени на заштитата и унапредувањето на културното наследство, кое е наш стратешки приоритет,“ изјави Љутков.
Култура
(Видео) Oмилените филмови на Стивен Кинг

Мајсторот на хоророт, Стивен Кинг, е познат по своите темни романи и адаптации што го обележаа светското кино, но и по фактот дека редовно ги споделува своите омилени серии и филмови со публиката.
Стивен Кинг, познатиот мајстор на трилери и хорор, сподели листа од своите 10 омилени филмови на платформата X. Оваа листа, која ги исклучува филмовите адаптирани од неговите дела, дава увид во кинематографскиот вкус на авторот кој го обликувал хорор жанрот.
Избраните филмови вклучуваат класици од различни жанрови, од трилери и драми до комедија и научна фантастика. Кинг истакна дека листата не е по одреден редослед, нагласувајќи го богатството на квалитетни филмови достапни за публиката.
“Sorcerer”
“Godfather 2”
“The Getaway”
“Groundhog Day”
“Casablanca”
“Treasure of the Sierra Madre”
“Jaws”
“Mean Streets”
“Close Encounters of the 3rd Kind”
“Double Indemnity”