Култура
„Сите црвенкапи се исти“ на македонски јазик

Издаваштвото „Македонска реч“ од Скопје неодамна го објави романот „Сите црвенкапи се исти“ на српскиот писател Марко Видојковиќ, кој е еден од најчитаните автори од помладата генерација српски писатели
Овој роман беше издаден појави во 2006 г., кога и ја доби Виталовата награда за најдобро прозно дело и досега доживеа шест изданија.Иако сижето на романот „Сите црвенкапи се исти“ е сместено во белградска урбана, социјална и културна средина, тоа има универзални и општочовечки димензии, пораки и опомени. Тоа е драматична и потресна приказна за една изгубена генерација во која авторот со реален пристап и јазик силно го развива сижето на романот кој се однесува на еден колку реален, толку и имагинарен или нереален свет и начин на живот, каде што се допира дното, а со што се укажува на една вистина која е присутна во современиот начин на живеење, пред се на младите луѓе.Главниот јунак во романот Бобан Шестиќ, кој е главен лик и во другите книги на Марко Видојковиќ и е авторовото алтер-его, го раскажува својот губитнички, безнадежен живот кој го живее меѓу стихијноста, демоните и пороците во својот изобличен град, меѓу изобличени луѓе, во изобличена земја, а приказната постепено од забава се претвора во поука и во опомена од последиците на суровостите што ги носат транзициските, поствоените и урбаните лавиринти, односно бруталната, апсурдна и обесмислена стварност.Неконвенционалниот, контроверзниот и со специфичен сензибилитет за пишаниот збор, Видојковиќ, се смета за еден од најавтентичните и највозбудливите нови писатели во српската книжевност. Го сметаат за автор кој го внесува панкот во литературата, но и за „српски Чарлс Буковски“. Тој е еден од најчитаните српски писатели од помладата генерација, а за своите дела има добиено повеќе награди. Неговиот роман Сите црвенкапи се исти бил и меѓу најчитаните книги во јавните библиотеки во Србија во 2007, а се уште високо котира на топ-листите на најчитани и најпродавани книги во Србија – во периодот 2003–2008 г. Видојковиќ е меѓу десетте најпродавани српски и странски автори во српските книжарници.Марко Видојковиќ (1975 година, Белград) е автор на романите: „Танцот на малите демони“, „Ѓаволот е мојот другар“, „Отпушоци на плажа“, „Канџи“, „Сите црвенкапи се исти“, „Сакам нешто убаво да ми се случи веднаш“, како и збирката раскази „Бог нека ти помогне“, а во 2010 г. ја објави и првата поетска книга. „Канџи“ досега има доживеано девет изданија и е продаден во повеќе од 20 000 примероци, а во 2005 бил најпродавана домашна книга и втора најчитана домашна книга во српските библиотеки, односно петта најчитана во 2006. За оваа книга Марко Видојковиќ ги добил наградите „Златен бестселер“ и „Кочиќево перо“. Според „Танцот на малите демони“ е направена истоимена театарска претстава.Видојковиќ е добитник на престижната стипендија Writers in Residence 2008, на Грац. Негови дела се преведени на англиски, германски, словенечки, бугарски и македонски јазик. По образование е правник. Пејач е на панк составот On the Run. Работи како извршен уредник на српското издание на Playboy.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Инвестиции за заштита на културното наследство и развој на културниот туризам, најавија надлежните

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, заедно со стручниот тим од Заводот и Музеј – Струмица, денеска реализира работна посета на општините Дојран и Гевгелија, со цел увид во тековните и во планираните проекти од областа на културата и културното наследство.
Во Стар Дојран беше извршен увид во црквата „Св. Илија“, значаен објект од 19 век, со висока историска, архитектонска и духовна вредност. Министерството најавува продолжување на активностите за конзервација и реставрација на овој објект, кој претставува симбол на духовното и на културното наследство на регионот.
Особено внимание оваа година е посветено на капиталниот проект за изградба на музеј на вода преку реконструкција на праисториска наколна населба на Дојранското Езеро. Во тек се заштитни археолошки истражувања на локалитетот Мрдаја, а основниот проект за изградба на музејот се очекува да почне во 2026 година. Идејниот проект е изработен од Заводот и Музеј – Струмица.
Музејот, кој ќе биде поставен директно на површината на езерото, ќе функционира како жив музеј на отворено, со висока едукативна и туристичка вредност. Со ваквиот пристап Дојран добива можност да се позиционира како водечка дестинација за културен и археолошки туризам во поширокиот регион, најавија од Министерството.
Во рамките на посетата на Гевгелија беше извршен увид во реализацијата на проектот за целосна реконструкција на Старата чаршија, заштитено културно наследство од XIX век. Вредноста на инвестицијата изнесува над 40 милиони денари, а проектот опфаќа: реставрација на фасадите на старите дуќани, поплочување со гранит, поставување нова урбана опрема и осветление, целосна реконструкција на подземната инфраструктура.
Со завршувањето на проектот Чаршијата ќе ја задржи својата автентичност, а истовремено ќе се трансформира во современо културно-туристичко јадро, привлечно и за жителите и за посетителите.
Вечерва, во рамките на посетата, министерот за култура и туризам Зоран Љутков ќе присуствува на фестивалот „Вкуси го југот“.
Како носител на титулата град на културата, Гевгелија се етаблира како центар на културни настани, фестивали и манифестации, кои значајно придонесуваат за развојот на локалната економија, туризмот и културниот живот во регионот.
Култура
Љутков: Нашата цел е јасна, да го заштитиме и обновиме „Македониумот“

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, заедно со стручните екипи од НУ Завод и Музеј – Прилеп, денес оствари теренска посета на споменикот „Македониум“ во Крушево – еден од најзначајните културни симболи на македонската историја.
Реконструкцијата на споменикот започна уште во 2014 година, кога беа реализирани низа значајни активности – санација на потпорни ѕидови, обнова на фасади, антикорозивна заштита, реконзервација на архитектонски елементи, како и внатрешни конзерваторски зафати и истражувања. Но, во 2017 година, сите активности беа прекинати, скелето беше симнато, а објектот остана незаштитен, со што последиците од таа негрижа се очигледни и денес, истакнуваат од министерството.
Минатата година, како што информираат, Министерството, во координација со Заводот и Музеј – Прилеп, подготви проект за интервентна заштита на објектот во вредност од 2,5 милиони денари, чија реализација ќе започне во текот на оваа година. Паралелно се работи и на подготовка на сеопфатен проект за целосна реконструкција и конзервација на споменичниот комплекс, кој се очекува да биде финализиран до средината на 2026 година. По изработката на документацијата и обезбедувањето на сите потребни дозволи, ќе отпочне реализацијата на овој капитален зафат.
„Нашата цел е јасна – да го заштитиме и обновиме ‘Македониумот’. Тој не е само архитектонски објект, туку симбол на македонскиот идентитет, историја и борба. Како Влада и како Министерство за култура и туризам, остануваме цврсто посветени на заштитата и унапредувањето на културното наследство, кое е наш стратешки приоритет,“ изјави Љутков.
Култура
(Видео) Oмилените филмови на Стивен Кинг

Мајсторот на хоророт, Стивен Кинг, е познат по своите темни романи и адаптации што го обележаа светското кино, но и по фактот дека редовно ги споделува своите омилени серии и филмови со публиката.
Стивен Кинг, познатиот мајстор на трилери и хорор, сподели листа од своите 10 омилени филмови на платформата X. Оваа листа, која ги исклучува филмовите адаптирани од неговите дела, дава увид во кинематографскиот вкус на авторот кој го обликувал хорор жанрот.
Избраните филмови вклучуваат класици од различни жанрови, од трилери и драми до комедија и научна фантастика. Кинг истакна дека листата не е по одреден редослед, нагласувајќи го богатството на квалитетни филмови достапни за публиката.
“Sorcerer”
“Godfather 2”
“The Getaway”
“Groundhog Day”
“Casablanca”
“Treasure of the Sierra Madre”
“Jaws”
“Mean Streets”
“Close Encounters of the 3rd Kind”
“Double Indemnity”