Забава
Најинтересно во 2011-та:Свршувачката на Спирс и листата на најуспешни млади луѓе
На крајот од годината, светските медиуми како настани коишто го привлекле најголемото внимание на јавноста, го одбележаа списокот на најуспешни личности помлади од 30 години и веридбата на пејачката Бритни Спирс.
На крајот од годината, светските медиуми како настани коишто го привлекле најголемото внимание на јавноста, го одбележаа списокот на најуспешни личности помлади од 30 години и веридбата на пејачката Бритни Спирс.Бритни Спирс го предизвика вниманието на јавноста со свршувачката со нејзиниот поранешен агент Џејсон Травик. Четириесетгодишниот Тревик на пејачката и’ подари трикаратен дијамантски прстен. Веридбата тој ја објави во интервју во тв-шоуто Access Hollywood. Среќниот настан кој се совпадна со 40-от роденден на Травик, двојката го прослави во ресторанот „Планет Холивуд“ во Лос Анџелес.Претходно, Спирс беше мажена двапати. Во 2004 година, таа влезе во брак со својот пријател од детството Џејсон Александар, но по 55 часа поднесе барање за развод, велејќи дека таа е свесна за сериозноста на ситуацијата. Шест месеци подоцна се омажи за пејачот и танчер Кевин Федерлајн, ги роди двата сина – Шон Престон и Џајден Џејмс, и се разведе во 2006 година.На листата на најуспешните млади луѓе кои најмногу го окупираа вниманието на светската јавност во текот на годинава што изминува, се Леди Гага, Марк Цукерберг, Џасти Бибер, Кети Пери, Ријана и новата британска пејачка ѕвезда Адел, кои беа рангирани од страна на магазинот Forbes. На оваа листа се вклучени лица помлади од 30 години, кои, според новинарите на магазинот „го променија светот“. Новинарите направија рангирање во 12 категории, а во секоја се вклучени по 30 личности. А во категоријата „политика и право“ се појавуваат името на Ронан Фароу, синот на познатиот американски режисер Вуди Ален и актерката Миа Фароу. Овој млад човек работи како советник во одделот за млади при кабинетот на американската државна секретарка Хилари Клинтон.Најголемата онлајн база на податоци од сферата на филмот IMBD ја прогласи актерката Натали Портман за е најинтересната личност за публиката за изминатата година. Рангирањето е направено врз основа на бројот на посети на датотеките на актерите.Во 2011 година, Портман го доби првото признание Оскар, се појави во три филма и роди син. Со ова актерката успеа да ја надмине холивудската ѕвезда Џони Деп, кој беше на чело од оваа листа шест години по ред. Оваа година, Деп беше на третото место, додека втора беше младата актерка Мила Кунис, којашто настапи со Портман во филмскиот хит „Црниот лебед“. Во првите десет кои најмногу го предизвикале интересот на публиката, се вклучени и ѕвездите Ема Стон, Оливија Вајлд, Џенифер Лоренс, Џорџ Клуни, Кристиан Бејл./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

