Култура
Поезијата на Маџиров преведена на нови петнаесетина јазици

Поезијата на Никола Маџиров е преведена и објавена на нови петнаесетина светски јазици.
Поезијата на Никола Маџиров е преведена и објавена на нови петнаесетина светски јазици. Во превод на англиски јазик од Греам и Пеги Рид, поезијата се објави во најзначајното и најчитано американско поетско списание „Американ поетри ревју“, како и во едно од најугледните британски поетски списанија „Волф поетри“. Неговата поезија е преведена и објавена и на кинески, арапски, персиски, хинду, хебрејски, узбечки, естонски, унгарски, холандски, шпански, италијански, германски, келтски, француски, шведски и баскиски јазик. Никола Маџиров (поет, есеист, преведувач) е роден 1973 г. во Струмица, Македонија. Неговата поезија е преведена на триесет јазици и објавувана во списанија и антологии во Европа, Азија и Америка. За поезијата од книгата „Преместен камен“ (2007) ја доби европската поетска награда „Хуберт Бурда“ за автори од Централна и Источна Европа, како и најпрестижната македонска поетска награда „Браќа Миладинови“. За книгата „Заклучени во градот“ (1999) му е доделена наградата „Студентски збор“ за најдобра дебитантска книга, а за книгата „Некаде никаде“ (1999) наградата „Ацо Караманов“. Според неговите стихови музика компонирал авангардниот американски џез-композитор и саксофонист Оливер Лејк соработник на Бјорк и Лу Рид . Никола Маџиров настапувал на многубројни книжевни фестивали и добитник е на неколку меѓународни награди и стипендии: „International Writing Program“ (IWP) на Универзитетот во Ајова во САД; „Literarisches Tandem“ во Берлин; „KultuKontakt“ стипендијата во Виена; „Internationales Haus der Autoren“ во Грац; „Literatur Haus NÖ“ во Кремс и „Villa Waldberta“ во Минхен. Координатор е за Македонија на светската поетска мрежа „Lyrikline“. крај/сж
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Почина актерот Теренс Стамп, познат по улогата на негативец во филмот за Супермен

Теренс Стамп, британсски актер кој имаше кариера долга шест децении во филмот, почина на 88-годишна возраст, јавува Би-Би-Си.
Стамп, кој беше номиниран за Оскар, глумеше во бројни филмови, а исто така ја играше и улогата на главниот негативец, генерал Зод, во филмовите за Супермен.
Стамп починал утрово, соопшти неговото семејство.
„Зад себе остави извонреден опус, како актер, така и како писател, кој ќе продолжи да ги допира луѓето во годините што доаѓаат,“ изјавија тие.
Култура
Од Венеција до Торонто: ‘Силјан’ на Тамара Котевска ја освојува светската сцена

Долгометражниот документарен филм на Тамара Котевска почнува да се движи по ѕвездена траекторија: по светската премиера на Венеција, својата Американска премиера ќе ја има во официјална селекција на интернационалниот фестивал во Торонто, соопшти Агенцијата за филм.
По историскиот успех на „Медена земја“ – со три награди на „Санденс“ и две номинации за Оскар – и интернационалниот успех на документарецот „Пaтување пеш“ (The Walk), македонската режисерка се враќа на голема врата.
Нејзиниот нов филм „Силјан“ (The Tale of Silyan) ја доби честа да ја има својата светска премиера на престижниот Филмски фестивал во Венеција 2025, а веднаш од таму патува на американската премиера во Торонто, на А категорија фестивал, во официјална натпреварувачка селекција.
Котевска е и режисерка и продуцентка на филмот, кој е реализиран во копродукција со американската компанија Concordia и британската The Cornershop, како и со продуцентите Жан Дакар и Јорданчо Петковски, со кого Котевска го сними својот прв долгометражен филм „Човек против јато“.
Со ова, како што додава Агенцијата, македонската кинематографија уште еднаш гордо чекори на светската филмска мапа.
Култура
Младите музички таленти блеснаа под сводовите на „Света Софија“

Во рамките на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер во црквата „Света Софија“ одржа завршниот концерт од Интернационалниот семинар за виолина, виола и камерна музика што се одржува под уметничко раководство на македонскиот виолинист Емилио Перцан и азербејџанската пијанистка Тамила Гулиева.
Виртуозното мајсторство над виолината, уметникот и професор Емилио Перцан, во текот на изминатите денови во Охрид несебично го пренесуваше на младите генерации уметници кои допрва треба да ја градат својата музичка кариера.
-Тоа е и целта на семинарот, затоа и го правиме во изминатите 13 години во Охрид и претходно три години во Хрватска. Секогаш е задоволство што крајниот концерт е овде, во црквата „Света Софија“. Годинава имаме учесници од Македонија, Србија, Словенија, првпат од Австралија, од Перу… кои се на возраст од 13 до 25 години, вели Перцан.
Семинарот постои од 2009 година. Првите три години се одржува на Истра, Р. Хрватска, а од 2014 година со поддршка на Министерството за култура на Р. Северна Македонија и на градот Охрид, продолжува да се одржува во Охрид.
Досега на семинарите учествувале повеќе од 150 ученици и студенти од многу земји во светот. На нив, исто така, редовно учествуваат педагози и изведувачи, и професионални музичари кои доаѓаат на усовршување. По завршувањето на ваквата летна музичка школа, традиционално, се организираат и завршни концерти на најуспешните учесници во рамките на фестивалот „Охридско лето“.