Македонија
Заев излезе со ветувања пред граѓаните, вети дека ќе им ги врати и ‘украдените пари’
Слободни и еднакви граѓани, плати кои ќе обезбедуваат пристоен живот, ефикасно јавно здравство и образование, преиспитување на спорните судски пресуди и враќање на украдените пари на државата и граѓаните.
Ова се дел од ветувањата на коишто се обврза и ги најави лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев, пред граѓаните на граѓанскиот протест пред Владата. Во дел од своето обраќање Заев излезе со конкретни предлози и ветувања до граѓаните коишто се, како што рече, начела по кои се води опозицијата.Вети дека Македонија ќе биде заедничка држава на сите граѓани стабилно, правично и грижливо мултиетничко општество. Тој најави фер распределба на народните добра по сите основи и општество на слободни и еднакви граѓани во коешто платите ќе обезбедуваат пристоен живот, а пензиите достоинствена старост.„Македонија ќе биде пример на социјална држава којашто ќе се грижи за сите категории граѓани. Социјалната заштита ќе овозможи излегување на корисниците од сиромаштијата, даноците ќе бидат прилагодени според примањата на граѓаните“, вети Заев.Друга цел на СДСМ ќе биде ефикасно јавно здравство со лесно достапни услуги за сите, ослободени од дополнителни административни сопки во коишто се заглавени лекарите и медицинскиот персонал.„Ќе воведеме национална здравствена сметка што ќе овозможи во секој момент да се следат трошењата во здравството. Случаи како болната смрт на малата Тамара никогаш повеќе да не се повторат“, рече Заев. Во образованието најави укинување на екстерното тестирање и враќање на приемниот испит на факултетите и квалитетен систем кој ќе се договара со студентите, учениците, професорите и наставниците. „Главен приоритет ќе биде квалитетот, а не начинот на испитување ќе го намалиме бројот на предмети во основно и средно образование. Ќе создадеме успешен европски систем по примерот на Финска и Словенија. Ќе го укинеме екстерното тестирање и казните, ќе го вратиме приемниот испит на факултетите наместо сегашната матура, а математика ќе полага секој кој ќе запишува факултет на природните науки, не може да не се полага математика. Ќе ја вратиме автономијата на универзитетите. Во Скопје ќе изградиме студентски универзитетски центар“, рече Заев .
Тој вети повисоки субвенции за земјоделците од сегашните и најави дека ќе се фокусираат на привлекување странски инвестиции во земјава. „Но домашните компании ќе го имаат приматот во државната помош. Тоа ќе го раздвижи стопанството и ќе создаде услови за отворање на нови работни места со достоинствени плати“, рече Заев.Судиите и обвинителите ќе бидат независни, а сите судски пресуди кои се спорни за јавноста ќе бидат преиспитани, најави Заев. Тој вети дека нема да отпуштаат луѓе од администрацијата, туку дека ќе ја реорганизираат.
Владата и јавните институции нема да трошат буџетски средства, а македонската телевизија ќе биде медиум со целосна финансиска и политичка независност, најави Заев.
„Општествената поддршка на седмата сила, медиумите, ќе биде определена преку политички независен фонд за чијашто распределба ќе одлучуваат новинарите според критериумите на гледаност и читаност со можност за поддршка на помалку гледаните и читани медиуми“, рече Заев.
Тој се осврна на евроатланската иднина на Македонија и рече дека максимално ќе се посветат на стратешката цел на Македонија, ЕУ и НАТО. Името, рече, ќе се решава сепак на референдум.„За решавањето на проблемот со името ќе изградиме политички и државен консензус заедно ќе ги поставиме црвените линии во функција да го решиме проблемот. Ќе го заштитиме нашиот национален и државен идентитет и нашата национална и државна посебност. За сето тоа ќе бидете консултирани вие, граѓаните“, вети, меѓу другото, лидерот на СДСМ.Пред зградата на Владата веќе се поставени шатори каде што ќе кампуваат граѓаните, се додека премиерот Никола Груевски не даде оставка како што побара и Заев. „Остануваме овде пред владата. Оставка мора да има. Додека не замине Груевски не заминуваме и ние“, порача Заев.Побара оставка од Груевски, јавниот обвинител Марко Зврлевски и обвинителот за организирал криминал Јован Илиевски, раководните структури на МРТВ.„Неопходно е да се постигне договор за техничка влада којашто ќе може да организира фер избори, потоа да се прочисти избирачкиот список, да се создадат услови за независно медиумско известување, да се вратат сите механизми на современа македонска државата. Дојдовме и не заминуваме додека не го вратиме мирот и спокојот на граѓаните на Република Македонија. Очекувам оваа најсилна порака којашто денеска ја испраќа Македонија, вака мултиетнички обединета, вака масовно заедно, жедна за слобода и демократија, очекувам од меѓународната заедница којашто е сведок на сето зло што им е нанесено на граѓаните на Македонија да помогне со директно учество а не само со набљудување за мирна разврска на политичката криза, без насилство. Предупредувам дека можното инатење на Никола Груевски со волјата на народот може да има последици што никој не ги посакува. Од тие причини порачувам сите граѓаните кои што се тука, на еден разумен и мирен процес да ја помогнат посакуваната разврска на кризата“, порача Заев.На граѓанскиот протест што го организираше најголемата опозициска партија учествуваше и поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Министерство за правда: Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Со мнозинство гласови пратениците ја изгласаа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет. Законот се проследува на второ читање, информираат од Министерството за правда.
Министерот за правда Игор Филков во своето обраќање рече дека со овој закон во министерството е започната нова ера на работа и функционирање, во којашто секој битен и суштински закон за граѓаните на Република Македонија ќе се изготвува низ отворен, јавен и транспарентен процес.
,, Клучни новини кои се предвидени со Законот се:
Јавност во постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет,
За прв пат прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“.
Воведување јавна расправа при избор на кандидатите за не-судски членови со цел поголема транспарентност и одговорност,
Зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови на Советот од редот на судиите,
Јасно прецизирање на постапката за дисциплинска одговорност на судиите, но и на членовите на судскиот совет,
Воспоставување обврска Судскиот совет да ги прецизира, индивидуализира и образложи одлуките за избор и утврдување одговорност на судиите,
Утврдување на рокови за преземање дејствија за дисциплинска одговорност на судиите, како и прецизирање на основите и постапката за жалба против одлуката на Судскиот совет, како и
бројни други решенија за унапредување на целокупната правна рамка согласно препораките на ЕУ”, рече Филков.
Тој изрази жалење што дел од опозицијата не беше присутна на седницата за носење на, како што оценува, исклучително важен закон кој е дел од Реформската агенда.
Македонија
Утре, во утринските часови наместа со појава на магла, во текот на денот сончево со умерена облачност
Утре во утринските часови наместа ќе има појава на магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност и претежно тивко. Во северозападните делови повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде умерено до значително облачно и претежно тивко.
Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини ќе има појава на магла.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ
Милионските криминали во Државна лотарија кои што ги направија Прпарим Бајрами и Артан Груби, а беа одобрени од СДС денес излегуваат на виделина, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Овие криминали што денес извештајот на Државниот завод за ревизија ги утврди, како што појаснуваат, се случувале токму во времето на СДС и ДУИ.
„Бегалецот Прпарим Бајрами партнерот во криминал на бегалецот Артан Груби ја злоупотребил службената положба во износ од близу 2 милиони евра, пари на граѓаните, се додека СДС и Филипче молчеа и им го овозможуваа овој криминал.
На сите ни е јасно за каков криминален круг станува збор и зошто Бајрами и Груби се во бегство и зошто толку ги заштитуваше судството и обвинителството бирано од Зајас и Муртино“.
Според ВМРО-ДПМНЕ сега кога веќе Коцевски не е државен јавен обвинител и нема кој да ги заштити, СДС во страв и паника, додаваат од партијата на власт, отвораат теми како мигранти, шират лажни вести, хистерија и паника меѓу граѓаните.
„Воедно го повикуваме т.н “антикорупцискиот тим“ на СДС да го истражи и овој коруптивен случај, наместо да молчи пред фактите“.

