Контакт

Македонија

Во Апелација јавна расправа за случајот „Шпион“

Објавено пред

Во Апелациониот суд во понеделник се очекува да се одржи јавна расправа за случајот „Шпион“ по жалбите за обвинетите во овој случај.

dobivaj vesti na viber

Се очекува адвокатите на обвинетите да ги образложат жалбите, а потоа исказ да дадат и обвинетите.Највисока казна во овој случај доби првообвинетиот, Марјан Ефремов кој беше осуден на 15 години затвор, како организатор на криминалната група. Поранешниот генерал Горан Стојков е осуден на девет години затворска казна, додека поранешниот директор на Управата за спречување перење пари, Ване Цветанов, е осуден на три години затвор и е ослободен од обвинението за шпионажа. Поранешниот шеф на кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, Марјан Маџовски е осуден на 1,5 година, додека поранешниот разузнавач Александар Диневски е осуден на 4,5 години затвор. На новинарот Зоран Божиновски ќе му се суди кога ќе биде екстрадиран во земјава од Србија. Судскиот процес против 19-мината осомничени во „Шпион“ траеше една година.Обвинетите се товарат за повеќе кривични дела меѓу кои шпионажа, оддавање државни тајни, злосторничко здружување, уцена, изнуда, измама и злоупотреба на службената должност.крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Да ја негуваме историјата, да ја практикуваме традицијата и да го пренесуваме културното наследство, порача Лукровски на денот на ослободувањето на Скопје

Објавено пред

Делегација од Општина Карпош предводена од градоначалникот Сотир Лукровски и советниците Христо Саракинов (ВМРО – ДПМНЕ) и Татјана Стојановска (Независни за Карпош) , денеска положија свежо цвеќе пред споменикот на борците од Првиот Скопски партизански одред.

dobivaj vesti na viber

На тој начин, претставниците од локалната самоуправа одадоа почит по повод одбележување на 81 годишнината од ослободувањето на главниот град. Во рамки на свеченоста која ја организираше Сојузот на борци на Македонија, пред споменикот на борците од Првиот Скопски партизански одред се поклонија и бројни делегации и претставници од граѓански здруженија.

Пред присутните се обрати и првиот човек на Општината, Сотир Лукровски, кој во оваа пригода ја истакна важноста од чествување на празниците, кои се темел на македонската национална свест.

„Со жалење ќе констатирам дека бројот на живите сведоци од НОБ е навистина мал. Затоа апелирам, ние помладите да ја негуваме историјата, да ја практикуваме традицијата и да го пренесуваме културното наследство, бидејќи сите тие елементи се дел од нашата колективна историја“ – констатираше Лукровски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре со студено утро, преку денот сончево

Објавено пред

Времето утре, наутро ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Утре и во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, суво и тивко.

Во утринските часови ќе има појава на магла во одредени котлини. Во понеделник облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче ќе го номинира Александар Трајановски за потпретседател на СДСМ, вечерва ќе соопшти и други кадровски промени

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека вечерва ќе се одржи седница на Извршниот одбор на која ќе се разгледуваат повеќе кадровски и политички промени во партијата. Тој посочи дека процесот на внатрешни реформи се одвива постепено и по јасен план.

dobivaj vesti na viber

Филипче откри дека ќе предложи докторот Александар Трајановски да ја преземе функцијата потпретседател на СДСМ.

„Трајановски е човек кој долго време му е посветен на СДСМ, а неговата кампања покажа дека знае да мобилизира поддршка и да привлече внимание. Верувам дека со неговото вклучување ќе добиеме значајно кадровско засилување,“ рече Филипче.

Тој потврди дека на вечерашниот состанок ќе бидат презентирани и други промени, повикувајќи на трпение од членството и симпатизерите додека трае внатрепартискиот процес.

Трајановски беше кандидат на СДСМ за градоначалник на општина Аеродром. Тој е специјализиран ортопед и трауматолог. Дипломирал на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2006 година. Во 2012 година ја завршил специјализацијата по ортопедија, а во 2019 година и субспецијализацијата по трауматологија. Тој е поранешен директор на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).

Трајановски е активен на политичката сцена како член на Извршниот одбор на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Ако правосудството работи по закон, и мојата плата ќе им ја донирам, рече Мицкоски кој засега не поддржува зголемување на примањата на судиите и обвинителите

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека моралот не му дозволува да се согласи со зголемување на платите во правосудниот сектор,...

Регион6 часа

Истрага за странските викенд-снајперисти во Сараево: „Носеа пушки што личеа како за лов, ги таргетираа децата“

Обвинителството во Милано повторно ја активира истрагата за т.н. викенд-снајперисти – странци кои за време на опсадата на Сараево биле...

Македонија7 часа

(Видео) Кузеска: Кумот на Мицкоски се споменува како можен главен задолжен за сите криминални шеми во Министерството за земјоделство

Денес ќе објавиме серија на информации кои отвораат сериозни сомнежи дека мега скандалот со корупцијата во ИПАРД фондовите води директно...

Македонија7 часа

Кривична за ексградоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, и за уште седум лица поради злоупотреби со градежно земјиште

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до скопското Обвинителство против осум лица — поранешни функционери и службеници во Општина...

Свет7 часа

Фон дер Лајен: Путин греши ако мисли дека може да нè исцрпи, ЕУ одвојува 6 милијарди евра за Украина

ЕУ ќе ѝ додели 6 милијарди евра на Украина во рамките на заем од механизмот на Г7 за забрзување на...

Македонија8 часа

Докторот од Македонија, кој прегази куче во Софија, обвинет за сурово однесување кон животно

Окружното обвинителство на Софија го обвини докторот Ненад Цоневски за намерно сурово однесување кон животно, обвинение што спаѓа под кривична...

Македонија10 часа

„130 милиони евра блокирани, загрозени 3.000 бизниси и 10.000 вработувања“, Николовски бара оставка од Трипуновски

Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, реагираше на интервјуто на министерот Цветан Трипуновски кој иако призна...

Свет11 часа

Излегоа пораките меѓу Ендру и Епштајн: „Не можам повеќе да го поднесам ова“

Поранешниот принц Ендру Маунтбатен-Виндзор им рекол на Џефри Епштајн и Гислејн Максвел: „Не можам повеќе да го поднесам ова“ кога...

Свет11 часа

Мајка и ќерка во Австралија се преправале дека се видовити: измамиле луѓе за 46 милиони долари

Мајка и ќерка се уапсени во Австралија под сомнение дека се дел од една од најсофистицираните шеми за измама во...

Европа12 часа

Британија ја гради својата прва мала нуклеарна електрана: ќе биде во северен Велс

Велика Британија денес објави дека го избрала северен Велс како локација за својата прва нуклеарна електрана со мал модуларен реактор...

Свет12 часа

„Боинг“ мора да им исплати 28 милиони долари на семејството на жртва од авионската несреќа

Поротата на федералниот суд во Чикаго во средата наложи Боинг да исплати повеќе од 28 милиони долари на семејството на...

Свет12 часа

(Видео) Трамп потпиша договор: се стави крај на најдолгата блокада на владата на САД во историјата

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша закон со кој се става крај на најдолгото затворање на владата во историјата на САД,...

Свет1 ден

Песков: Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес изјави дека Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија. „Москва...

Македонија1 ден

Стареењето на населението и иселувањето на младите – предизвици со кои се соочува Фондот на ПИОМ

Реформата на пензискиот систем сама по себе придонесе во подобрувањето на состојбите, но предизвици има сѐ уште, изјави директорот на...

Македонија1 ден

„На државата ѝ недостигаат добри хотели“ – Николоски бара поедноставување на процедурите за градба

На државата ѝ недостигаат добри хотели и време е да ја поедноставиме процедурата за нивна изградба, изјави вицепремиерот и министер...

Македонија1 ден

Новите цени на струјата од РКЕ ќе се знаат на почетокот на декември: МЕПСО бара поскапување од 0,67 отсто

До крајот на месецот или на почетокот на декември Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ги знае цените за струјата...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски бара да одговараат и лицата што примале плата, а не оделе на работа, но и оние што им потпишувале плата

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски разговарал со претставниците на финансиската полиција во врска со обвинувањата кои ги изнесе за...

Македонија1 ден

Фондацијата „Роми за Европа“ бара правда и системска акција по случајот со насилство врз 8-годишно дете во Македонија

Фондацијата „Роми за Европа“ со седиште во Брисел изрази длабока загриженост по објавено видео од Македонија на кое се гледаат...

Култура1 ден

Почина поетесата д-р Славица Свидерска

Друштвото на писателите на Македонија со длабока тага информира дека денеска, на 12.11.2025 година, почина поетесата Славица Свидерска (1984, Битола)....

Македонија1 ден

Со емотивно видео семејствата на загинатите во „Пулс“ најавија нов протест в сабота во Скопје, следната недела почнува судењето

Здружението на граѓани „16-ти Март“ – кое го создадоа семејствата на жртвите во трагедијата која се случи во дискотеката „Пулс“...