Култура
Нов театарски фестивал во Велес

Импакт фест е насловот на новиот фестивал што во мај годинава ќе се одржи во Велес
Фестивалот ќе го поддржи истражувачкиот пристап на актерите, режисерите и авторите на визуелниот дизајн во претставите.Мрежата на влијателни европски театарски фестивали кои презентираат современи трендови, свежи концепти и креативни процеси во театарот покажа голем интерес за Импакт фест.На нивна покана режисерот Александар Ивановски присуствува на тетатарски фестивал, што деновиве се одржува во Минхен и да селектира претстави што таму ќе се одиграат. „Тоа е фит меѓународна театарска мрежа составена од осум исклучително значајни и влијателни фестивали со седиште во ЕУ. Тоа се фестивалите во Лондон, Хелсинки, Берген, Рига, Талин, Краков и Љубљана а од година можност добивме и ние затоа што препознале дека и Македонија може да биде дел од нивната приказна за редефинирање на театарски вредности на ниво на Европа. Очекувам дека со моите колеги, фестивалски програмери од седумте европски градови, ќе ги проследиме сите фестивали, ќе ги селектираме најдобрите престави, дел од нив ќе дојдат во Велес на Импакт фест но, и успешниот македонски театрски произод ќе го прикажеме на европските фестивали“, рече режисерот Александар Ивановски програмски раководител на Импакт фест. Од 6-ти до 14-ти мај, годинава на Импакт фест во Велес ќе се прикажат осум театарски престави за возрасни, кои ќе ги одиграат театри од Холандија, Германија, Англија и САД како и четири престави за деца подготвени од Театарот за деца и млади во Скопје, „Бошко Буха“ во Белград, Народно позориште од Подгорица, како и театар од Бугарија.Обележје на овој фестивал ќе биде работилницата за методи на актерска игра што ќе ја води Мими Таневска, професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје.На Импакт ќе се преведат на македонски јазик три светски важни современи и релевантни театарски текста коишто ќе бидат презентирани преку актерски читања.Главната техничка поддршка на фестивалот ќе ја даде Велешкиот театар, а преставите ќе се играат на повеќе места низ Велес. Фестивалот го поддржа општина Велес а пари се обезбедуваат и преку донатори, фондации и амбасади.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Промоција на „Ќумур смоквин млеч“, дебитантската стихозбирка на Стефан Спасовски

В четврток од 20:00 часот, во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоцијата на „Ќумур смоквин млеч“, збирката првенче на младиот поет Стефан Спасовски. Преку разговор и читање на дел од песните ќе биде претставена стихозбирката.
Промотор ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски, кој во својот текст за стихозбирката пишува: „’Ќумур смоквин млеч’ е стегната и јасна стихозбирка, со избистрен јазик, структурно одлично обмислена, интертекстуална и интердискурзивна книга. Таа е во широк дијалог со современата, пред сѐ, македонска книжевност, рефлектирајќи прашања кои се земени од општото, традиционалното и перенијалното, вметнувајќи ги во личните прашања, современиот контекст на светот во кој живееме и длабоко интимните проблеми и ставови.“
„Ќумур смоквин млеч“ беше наградена со Антев часовник од Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ за необјавена поетска збирка од млад автор и организаторите на манифестацијата за стихозбирката велат дека е интересно патување по сетилните меридијани на поетовата млада душа.
Стефан Спасовски е студент на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје. Дел е од тимот на кафе-книжарницата „Илика“, а во Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ работи врз јазично уредување и редакција на текстовите. Бил дел од уредничкиот одбор на студентското списание „In medias reѕ“. Се занимава со пишување есеи и поезија. Има учествувано на повеќе поетски читања („Поетска епизода“, Скопски поетски фестивал…).
Култура
Гала концерт на отворено „Од #MOБ за Скопје“

Националната опера и балет на 5 јули со почеток во 21 часот на Плоштадот Мајка Тереза (на платото пред МОБ) ќе одржи гала концерт „Од #MOБ за Скопје“,
Концертот ќе се одржи во чест на 200 годишнината од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните композитори на виенската класика. Ќе настапи оркестарот при МОБ составен од 80 музичари, под диригентска палка на маестро Винценц Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски, со репертоар составен од најпознатите валцери, арии и маршеви на Штраус.
Овој уникатен концерт е организиран во соработка со Австриската Амбасада во Скопје, со поддршка од институциите и приватниот сектор и ќе биде сниман и директно пренесуван на каналот на МРТ1.
Култура
Проекција на седум кусометражни играни филма во Кинотеката

На 2 јули (среда) со почеток во 20 ч., во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката на РСМ ќе се одржи проекција на седум кусометражни играни филмови работени според сценарија на македонски писатели.
На програмата се филмовите: „Сонце зад решетки“ од 1957 г., по сценарио и во режија на Славко Јаневски; „Твојот роденден“ од 1961 г., по сценарио на Илхами Емин, во режија на Здравко Велимировиќ; „Невољите на покојникот К. К.“ од 1963 г., по сценарио на Коле Чашуле, во режија на Здравко Велимировиќ; „Давид, Голијат и петел“ од 1960 г., по сценарио и режија на Славко Јаневски; „Лифт горе, лифт долу“ од 1967 г., по сценарио на Ташко Георгиевски, во режија на Душан Наумовски; „Човекот во црно“ од 1970 г., по сценарио на Мето Јовановски, во режија на Бранко Ставрев и „Споменик“ од 1968 г., по сценарио на Бошко Смаќоски, во режија на Вељо Личеноски.
Проекцијата е организирана од Кинотеката на РСМ, во соработка со Друштвото на писателите на Македонија, а селектор на програмата е вонр. проф. д-р Атанас Чупоски, вработен како филмолог советник во Кинотеката и член на ДПМ.